И јас, заборавив да пишам, ако не ми стигне известување дека има ново мислење во темава, скроз заборавам. За вежбање, извежбав. Денов го почнувам со мусли за доручек, се надевам до крај ќе го терам вака со здрава исхрана.
Д: Интегрални солени мафини со грчки јогурт У: Некои медитерански печени кришки со лук + какао Р: Гравче и ќофтиња В: Се надевам супа дека ќе биде Допрва ме чека напорен работен ден, како за крај на месец, се надевам нема да го завршам со некое чоколадо, сладолед и сендвич
Доручек мафини од овес, банана, таан, јајца и боровинки. Ужина грозје Ручек грав, салата и леб. Вечера у план чаша млеко.
П: овес, јогурт, грозје Р: супа од печурки, месо, компири, макарони со сирење Да се вежба или не, прашање е сега…
Д : овес со јогурт и овошје Р: малу шпагети и печурки В:цезар салата + пелинковец.(да се почне грешно викендот)
Д: мусли со јогурт У: нескафе, смути од банана, ореви Р: салата, тост, помфрит Се беше добро до ручекот, излегов и зезнав со јадење во лаунџ бар. Само дома да седам и ќе бидам успешна во диетата. Извежбав прееска.
Јас цело време избегнувам излегување, волку асоцијална никогаш не сум била . Еден месец без благо. Добро, неколку лажички мед имам изедено, ама медот не го рачунам за благо .
Треба и ја да станам таква иначе ништо не правам. Дома сум си баш дисциплинирана, се јадам како што треба .
П: супа од печурки, стапче со сусам У: мед со саќе Р: риба, компири, бело вино Почнав да се опуштам, на пример медот и белото вино баш и не ми требаа. Не е добро, треба да издржам уште еден месец. Вежбав, околу 50 минути. Тапа сум со кондиција, пулсот ми се качува 170-180 на кардио, а порано 120 ми бил. Се надевам ќе се среди со време, непријатно е некако.
Денес пешачење со саати, едина добра работа од викендов поврзана со диета. Ручав 1 парче пица, но тоа е. Доручекот и ужинките ми беа океј. Денес не вежбам, нозеве ме болат од шетање.
Д: омлет и парче интегрален леб У: две смокви и една банана Р/В: 2 тортиљи полнети со пилешко + печен помфрит + 2 мали сладоледи и пиво Денов, каша - попара
За бела ноќ бевме да прошетаме со мм и бебка, влеговме по продавници и излегов со празни раце. Ослабев 12 килограми и уште нема ништо да си најдам за носење. Еве ми мотивација за слабеење, немам друго што да кажам. Ако сме дебели, грдо облечени ли треба да одиме. Викендов подобар од претходниот. Завршија свадбите конечно, ќе можам повеќе да припазам.
Д: 2 јајца варени, парче сирење ,1 скариџиски колбас(кај може јајца без колбавче) Р супа и минијатурен тост со интегрален леб В :швепс Синојка ресторан попладнево кафиќ. Уште ако скроз се десоцијализира в лудница ќе завршам периодов.
П: две варени јајца и пола краставица У: лешници Р: пилешко со зеленчук И вечерва ја завршувам со една чаша бело вино. Дека викенд Ама веќе почнав да добивам комплименти дека изгледам ослабнато. Што ми прија
Редовно викенд претерување . П: две палачинки со сѐ што имав дома во нив Р: салата, биено сирење, три ракии, печурки, пола колбавче Физичка активност - редовни неделни домаќински активности. Ништо спектакуларно.
Д: смути со банана Р: пилешко, ориз, супа, салата У: мусли бар, нескафе, бадеми Извежбав, плус и јас по дома чистев и тоа ми е како неделно додатно кардио. Добар беше денов, задоволна сум.
Не можев да му одолеам на ајварот што го правевме денес. Вредеше. Топлоајварче со сирење.Ма нека пукнат душманите