Денов, бетер од вчерашниот Д: 2 брецели со 2 варени јајца и грчки јогурт У: сладолед Р/В гравче со 2 лепчиња (така машала големи ) и салата + не баш мало парче колач
Денес ужасна желба за благо а воглавном не сум по благо. Кафе јаболко, алва Пола чинија шпагети болоњезе. Слатко од смокви Цимет ролна.
Луѓе помагајте очајна сум Се трудам да ослабам ама никако не ми оди. Бидејќи сум доилка, таман ќе почнам да намаливам со јадење, почнувам да снемувам млеко па по цела вечер сме бидни со бебето. Ми преостанува уште да пробам да исфрлам месо и да видам што ќе се деси. Читав дека се ослабувало доколку се исфрли месото од исхрана. Има ли некој искуство во вегетаријанството? Се слабее ли навистина побрзо?
Не, напротив. Повеќето диети вклучуваат повеќе месо и други проетини. Не е сега момент да правиш промени во исхраната, особено ако бебето е многу мало. Само намали благо, и ако јадеш многу тесто, намали и тоа. Ама сепак во моментов најважно е доењето. Колку месеци има бебето?
Бебето ми е 5 месеци и до сега супер напредува има веќе околу 8кг. Немам мн за симнивање ама никако да ги симнам тие некои си 5-6 кг. Инаку не јадам мн благо а и леб избегавам. Уствари избегавам се што поправа ама тешко одат надолу ова гилограмиве.
Подобро повеќе на физичка активност да се фокусираш отколку сега некои промени да правиш во исхраната (освен ете благо, грицки, сокови да намалиш), друго не. Месо и според мене е битно во исхраната, плус доилка си..
Пеглање алишта се смета ли за физичка активност? Или шетање по продавници? П: овес со јагоди У: пола ѓеврече Р: леќа со краставица У: банана
Мама веројатно пиеш малку течности штом снемуваш млеко. Ако намалиш месо, не значи дека ќе ослабиш. Што и да тргниш од храна не е важно за слабеење, колку тоа да имаш калориски дефицит. Можеш да јадеш и здрава храна само и пак да немаш резултат ако нема дефицит. Не се стресирај, во порциите внесувај повеќе зеленчук кој нема висока калориска вредност, а ќе те наполни. Земи вака едноставно, една голема чинија, половината наполни ја со зеленчуци, а другата половина ја делиш уште на половина каде ќе имаш 50/50 некакво месо со некакви сложени хидртати (компир, ориз, мешунки итн). Ова е прост пример, можи според твоите параметри да е малку или многу, вака од прилика не можам да ти кажам, но само еден прост пример како да не се прејадуваш со непотребни работи.
@Ana-lib не придавај сега за сега многу значење на тие вишок килограми. Припазивај колку можеш ама имај на ум дека после породување и хормоните не се баш исти какпо претходно. Се додека тие не се средат не се оптеретувај себе си дека ти правиш нешто поради кое што не можеш да ослабеш. исто така и уморот си го прави своето. Така што гледај да бидеш физички поактивна и да пазиш на исхрана, а телото полека ќе се врати во нормала (ако претходно си немала проблеми со хормони). Јас викендов имам баш физиќка активност. Се искачувавме по планина и тоа подолга рута. Нормлано при качување нема пазење на храна. Ама според некои мои пресметки ОК бев со калории (е имаше енергетски барчиња, нешто благо и слично ама тоа е тоа). Денес доручек overnight oats: млеко, овес, чиа, сува брусница и малку путер од кикирики. Ужина: грозје (ми скисна веќе ама многу имаме по дома и мора да се изеде) Ручек потпечени јуфки и салата Вечера се надевам млеко.
И јас дојам (давам и дохрана) и држам диета што не е ептен строга. Ја држам медицинската диета , со тоа што не се ограничувам баш количински, таму ако пишува еден двопек, јас јадам два. И покрај тоа ми секна млекото скроз. Викендов јадев повеќе и еве повторно надоаѓа. Не знам дали е од диетата, иако диетата не ми е ни тешка ни ригорозна. Месото нема врска туку калориите. Помалку пржено, газирано, благо и леб. Види неколку страни поназад имаат пишувано феминки што дојат и држат диета.
П: овес, јогурт, грозје У: путер од кикирики (од стрв, не дека ми се јадеше ) В: макарони со сирење, салама и салата. Најверојатно ќе вежам вечер, иако ич не ги сакам понеделниците во теретана, најголемата гужва е тогаш.
Колку калории има четврт бурек со месо? За другарка прашувам Спремајте се за среда, мерење и БМИ. Проверете вагите, купете батерии ако треба, и идеме ОЗБИЛНО.
Прстените што ги носев до пред некој месец, големи ми се сега . Сабајле се уверив дека стварно има напредок од последниве 2 месеци колку толку пазење. Да бев посериозно посветена којзнае колку појше ќе ослабев. Денес доручек ѓеврек и јогурт. Ручек/вечера тек сега си правам. Од ужини кафе, банана, житно чоколатце. Вечер да се извежба уште и денов генерално океј помина.
За една недела качив кило и пол и алармот светна. Почнав од денес пак, доста гнетев све и свашта. Ако не се запрам на почеток пред да качам повеќе кила, потешко ќе ми биди. Епа ајде дневна исповед. Доручек- смути од малини, банана и млеко помешано со вода, горко турско кафе. Ручек- парче црн леб, шолја јогурт, маслинки, испржени перца од кромидче,урда и јајца. Вечера- парче црн леб со млечен намаз и пилешки гради, варено јајце и кисело млеко. Почнав сосила да пијам вода, некако ја забаталив таа навика ама мора да се враќаме на старо.
Д: 3 кришки банана леб + пола банана Р: јуфки со сирење В: туна со краставица и маслинки Ок беше денов
Пијам многу течности, но храната врши голема улога. Ова ми е втор пат што пробувам да сум на диета и одма снемува млеко, ваљда ми е таков организмот. Од денеска решив да не си задавам големи главоболки со диети, едноставно ќе пазам што внесувам, пред се да е здраво и не калорично. И ќе го исфрлам месото сепак на месец два баш да видам дали нешто ќе се случи. Јас и онака не јадам мн месо а и сега на последниот богородичен пост кога го постев две недели, приметив како да ми исчезна дел од целулитов што го имам на нозете.
Д ореви млади Р купечки ладен интегрален сендвич.Лебчето беше виолетово.Јас незнам со што ги прават.А внатре беше ептен диетален.Ќе почнев да викам и јас каде е кашкавалот бре?Пола го фрлив В :малу болоњезе шпагети од вчера останати.
Не верувам да е до храната. Како и да е, прави она што те прави тебе да се чувствуваш најдобро. Што се однесува до постите, таму сепак се внесува чиста храна, така да кога помалку јадиш шеќери и масти, нормално е да се намали целулитот, масното ткиво не задржува толку вода што е уште една причина да се храниме здраво