Јас веќе еден месец појадувам кисело млеко и краставица, без леб, и само еднаш вечерам, некое манџиче или тестенини, ама не многу како порано. Мислам дека со тоа што веќе не јадам во 12 ноќе, не јадам ич чоколадо(може некогаш сладолед ама овошен) и не појадувам кифли, да сум симнала некое килце, ама немам вага. Знам дека пред некој месец бев 70, и сакав да ослабам, ама сеа не знам колку сум. Само се гледа на мене дека малце сум ослабенка. И деновиве јадам лубеница мноооогу. Превкусна ми е и не ми се јаде толку многу, а има најмалку калории од сите овошја.
Еее добра работа е ова, јас барав ваква комплетна табела, имав најдено некој делчиња само, ама целосно не. Супер е! И да ве прашам, дали некаде пишуваше отприлика колку калории треба дневно да се внесуваат?
Вчера возев на кеј и како за беља ми се дупна гумата,лелееееееее збеснав еј,па кога фатив пешки од Палас до Ѓорче,абе психава ме утепа, "леле колку има,леле колку има".. Кога стигнав дома се ставив под туш и се плеснав во кревет директно. Ај едно килце сум ослабела можеби Денес ќе јадам протеини,сабајлево мерев пропорции,па ај да видиме за 1 месец што ќе се деси.
Кај сте жени денес?! Денес сум на банана со чоколаден прелив за појадок, грашок и краставица за ручек(после 3 ипол саати, не можев да издржам цели 4), и вечера накај 8, само не знам што, уште се мислам. Океј ли е варен компир со јогурт?! Едит- не е океј, сега видов во еден од постовите на Ирена. И сега појма неам што да вечерам
Можеби сум грешка ама мислам дека компирот подобро иде со јаглехидратите отколку со протеините. Полн е со скроб.
Јас денес цел ден гњавам еден геврек и замислете не можам да го изедам. Болна сум, болна во сред лето. Го изџвакав геврекот, и лубеница јадев пред малку. После можеби ќе јадам таратур или нешто слично само да има млечно нешто во комбинацијата. По можност сирење. Утре имам план да јадам компир салата за ручек, а задутре се мислам да надробам една пилешка салата. Шта че бити видечемо.
^ Хихихихи, и јас како Теди си планирам денови однапред што кога ќе јадам. Гревчиња бе. Јас денес си терам овошен ден. Убаво помина, можеби затоа што имам лубеница, кајсии, банани и компотче од вишни. Се трпи така, со повеќе видови овошје.
Утре ме чека овошен, се надевам дека и мене лесно ќе ми помине Него да ве прашам , да не знаете колку калории има едно нес кафе .. го правам со малце млеко и 1 ипол лажичка шеќер ?
Лажиче нескафе има 25 калории, и јас го правам на ист начин како тебе ама со црн шекер и ептен ниско маслено млеко. Си го рачунам како 100 калории па ваљда не сум во голема утка. Пошто зашто ме мрзеше татратур да дробам, јадев една кришка леб со сирење и 3 маслинки. И пак ми кркорат цревава, јас не знам што сакаат, печена свиња ли ... ееее дрскост ! Трендафилке, маки наши, кој пробал знае ...
Јас си го открив 3 во 1 на Гранд кафе, тоа е 18 грама, а во нив има 76 калории... со вода ако го раствараш, а не со додатно млеко, нели. Да додадам за вкусот Некако како поубаво од Нес 3 во 1 ми стои.
Појадок: Диња (2 парчиња) и кафе без шеќер Ручек: Тост (интегрален леб) со тенко парче кашкавал,печеница и една зденка; кафе без шеќер; подоцна пиев и јогурт (мал) Вечера: Мусли со млеко. Физичка активност: пешачење и скокање јаже; Моментално пијам шолја зелен чај (и тешко ми оди,ама морам) и до после знам дека ќе лапнам уште нешто (пример салата или пуканки)-ова знам дека треба да го одбегнам ама стварно не можам до 2 саат вечер да седам со празен желудник!
А, интернетов друго нешто вели http://recipes.sparkpeople.com/recipe-c ... cipe=53973 вели, ако го правиш без шеќер, без млеко има 0 калории, чисто нес. Со бел шеќер и млеко (прерачунато 2 отсто масленост) има само 31 калорија веројатно не лажат голема шоља, ваљда 250 мл. со млеко има 55 http://www.myfitnesspal.com/nutrition-f ... es/nescafe Теди имаш 45 калории фазла да си искористиш на друго нешто
И од мене голема подршка до сите што сакаат да ослабат,а денес мислам дека секој повеќе или помалку се труди да изгледа подобро,поздраво а се разбира тоа е за пофалба .Мислам дека само упорноста е најбитна за да се достигне идеалната тежина која што сме ја замислиле.Наједноставен режим на исхрана кој дава видни резултати и доста луѓе кои ги познавам ослабеле е тоа што го практикуваат старото правило:" Да не се јаде после 18.00 h" значи апсолутно ништо а дотогаш можете да јадите буквално се.Доколку се применува ова правило верувам дека кај секој ќе има резултати.Со среќа уште еднаш на сите
Не успеав за вечера да се придржувам до правилата на диетата, јадев истото од ручек, грашок и краставица, плус јогурт. Ја оплескав работава, од утре од поново
Сепак не се согласувам со тоа да не се јаде после 18.00h. Навечер може да се внесува храна богата со протеини,таа не се претвара во масти туку се врзува за мускулите,а воедно и додека спиеме,метаболизмот е активен и согорува калории. Со други зборови кажано,ем спиеш,ем слабееш
Што сте запнале сите со тоа нескафето? Мислите дека ако пиете дека од него нема да ослабеете? Уживајте и ич не се замарајте, големо чудо и ако шеќер ставете. Јас секој ден пијам или нес или капучино . Туку денес супер ми помина денот. Јадев овошје, една четвртина фулџан со житарици, за ручек стек, а за вечера салата од домати и кромид со сирење. Инаку да се пофалам правев торта и ниту еднаш не човнав од филовите. За пофалба е оваа, јас тортата во процедура ја јадев , а сега ниту малку не пробав. Штом на неа и одолеав значи има шанси за сите девојки. Јас сум ти како наркоман за благо, од тоа ми се и килограмите . И денес пешачев еден час, а вечерва бев повторно на шетање. Упорна сум неделава, но ПМС се ближе, а тоа нападите за благо ќе се зголемат. Требаче ми сила да продолжам . Ама не се давам јас .
Ослабев 2 килаа денот ми се разубави кога се мерев сабајле. Сега уште 2-3 највише за по стегната да бидам and i am ready for the summer Инаку за доручек јадам нешто полесно, како корнфлекс, кремсир и сл. за ручек се што направила мама само во помала количина од претходно и со една до две кришки леб највеќе, а некогаш и без леб, зависи колку сум гладна во моментот. За вечера секогаш јадам салати, разни комбинации. Да не заборавам секојдневно правам вежби за нозе и стомак и трчам. Мене само на овој начин ми успеа, без некакви строги диети.
ехх драги мои,јас и мојов стомак дефинитивно си имаме проблем.Веке еден месец внимавам на исхраната ,вежбам,правам стомачни,трчам и све то али тој не е намален ни см.Нон стоп го мерам обемот околу стомакот али тој си е ист како на почетокот.Се чуствувам ослабено,имам некаква линија али тој стомак мој никако да се намали Друго чаре не знам што да правам Иначе мојот денешен ден беше исполнет со јадње лубеница само тоа јадам денеска и цела ден сум во wc Вежбав скоро сат и 15 мин,а сега се спремам за вртење хулахоп и ако можам да направам уште едни стомачни
Мене денес ми рекоа дека дваесет кила сум се сторила(т. е 40 со тоа што едната ми тежела десет и другата десет ) Затоа испив едно пет шест пива од пола литро и ве молам не ми кажувајте колку калории се тоа Утре терам овошен ден