П: смути, две варени јајца и пола краставица У: бадеми и банана Р: пилешки стек, 2 варени компири и краставица и стрвен газ вечерва каснав помфрит
Ако исфрлиш месо внимавај да надополниш со друг извор на протеини и друг извор на железо. Ако свртиш на растителни протеини и растителни намирници богати со железо тогаш ќе мораш со нив да појачаш внес на витамин Ц за да може не-хеме железото да се трансформира во хеме железо кое ние како луќе можеме да го искористиме. Јас не би правела експерименти со исклучување на цела група на намирници додека се дои, ама за твое тело и за твое бебе ти си знаеш. Ако сепак решиш дека не можеш да живееш со тие 5/6 кила вишок те молам консултирај се со нутриционист пред да се ставиш на диета.
Добор утро!!! Ме нема некој ден ама од оправдани причини, од петокот наваму со зимници фатена, ОЗБИЛНА на најјако..е сега малку ајвар пробав со интегрален леб и без сирење.. ама се преморив и мислам дека вагава ме лаже откако и ставив батерии помалку ми покажува а не дека до толку сум озбилна..може физичкава активност ми допринесе за резултатот..ама се ближам до фамозната 6ка, кај да е ќе биде..за следното мерење мислам ќе биде... БМИ 27.4 Денес Д крушка и јаболка У јаболче Р мусака В кисело млеко
Добар ден, Доручек денес Overnight oats со млеко, кокос, брусница и чиа. Ужинка еден ред црно чоколадо и кафе и малку грозје Ручек ќе биде проблематичен зашто имаме повод за славење па нема да биде во склад со припазување на калории. Вечера ќе видиме.
Моето бебе исто беше само на доење кога се ставив јас на диета. Промени во млекото немаше. Многу вода,многу салата, овошје,житарици и протеини. Мојот совет е да не го исфрлаш месото туку напротив да го зголемиш. Да се ставиш на режим додека се немаш повеќе поправено па уште повеќе да ти смета. Сега се малце кила и биди среќна што си се свестила на време кај мене беа мн повеќе. Башка сега ќе почнете со дохрана или веќе си почнала па е прав момент да направиш некои рестрикции.
П: овес, јогурт, грозје Р: сендвич со сирење и патлиџан В: кускус со зеленчук, ама така поштено голема порција Нема вежбање денес. Утре вагата ќе ми удри воспитна .
Д смути со овес пола банана млеко капини Р парче интегрален леб со хумус и сирење. В нема да има касно ручав
И денов солидно истеран Д: овес и банана Р: интегрални шпагети со домашен кечап и сирење У: кафе, бадеми, житно чоколатце В: салата Денес скокнав вежбање ради обврски.
А зошто не сте пишале мерки?? За денес Д 1кришка леб со лутица У јаболко Р грашак манџа В кисело млеко
Утро! 71.5кг измерив утрово, значи -1.1 кг од минатата среда. БМИ 25.3. Се ближи 6ката напред. Денес на мени чија пудинг за доручек, за ручек интегрален ориз и копани.
Среда! Оваа недела -0.6 кг Влупно за 5 недели -4.8 кг БМИ 23.4 Многу сум задоволна од резултатите . Многу искушенија имав овој месец - важни родендени во фамилија, 18-ти и 50-ти, со прослави еден куп. И уште едно огромно искушение - мојот омилен десерт што тука го нема, спремен од готвач од странство - ама не пробав. Почнав и да вежбам, сѐ уште не толку често колку што сакам, ама голем напредок е. Многу убаво ми делува на кичма, одма ми поминаа сите болки. Стварно не знам зошто до сега не сум вежбала. Супер поддршка сме си жени, продолжуваме понатаму, има да станеме најзгодни .
Синоќа сум заспала со малото, не успеав да напишам домашна тука Д: овесни снегулки со грчки јогурт Р: веге мусака + киндер кантри или кардс, не знам што беше, чоколатце битно беше В: бевме на роденден, малку мезе и мало парче торта Во главно беше ок и вчерашниот ден, бев и премногу физички активна. Ќе ми простите, ама не се мерам и оваа среда, буквално се плашам од вагата, а вака се чувствувам добро и сакам да се држам до тоа како се чувствувам. Ќе причекам барем уште 2 недели Инаку вчера влегов во фармерки 38ца без ластик , што оддамна ми стоеја онака во плакар, ама изгледаа на мене како пред пукање, се чувстував како врзана шунка Биттер - свит филинг
-0.5 БМИ 23.0 Ако продожам вака до нова година 2025 ќе стигнам до целта Од друга страна мило ми е што барем стојам во место, не нагоре. ..и тоа е нешто. Ама морам,МОРАМ поозбилно.
-0,5 или 66,9 кг BMI 25,8 За 5 недели - 2,5кг без гладување и со нула физичка активност. Малку е но задоволна сум. За жал ме фати некој грип па планирам денес и утре да правам пауза со диети. Па цел за наредната среда ми е барем да си ја задржам килажата.
Ајде, денес е среда, се мислам четврток е, јас вчера се мерев.. Супер резултати женски одиме понатаму...
Јас па викам што не скара рано рано по сабајле Андрејко за мерење, цел ден е пред нас... И одма трк, на вага.
БМИ 05.10.2022 27.2 ок, е има напредок од 27.9, не е бомбастично ама е ок Настината сум невидено. Кашлам, се мрсулавам, кивам...ама и апетит имам Одиме напред женски Само озбилно. До утре ова време, се надевам ќе сум ок, ќе направам нова ранг листа
@malerozna Стапот е кај @Ariel овој месец зашто беше НАЈОЗБИЛНА од озбилниве, ова му доаѓа ко штафета..ајде следен месец кај друг, така сите по ред со најубави резултати...