Сум заборавила кај сум го оставила Ахааа, еве кај ми е стапот Ајде стапарке да ме подбереш сега со стапот да ме ставиш на ред Ќе се вратам деца. Само да дојадам чоколадото низ дома
Измерени 63.7кг утрово, намалени 1.3 кг. Пред 4/5 дена бев 65кг на рамно. Изгледа ова е вода изгубена, ама сепак чим одам во минус супер е. БМИ 24.9. На мени денес искрено неам појма шо ќе биди. За доручек само знам банана, малини и јаболко со една лажица путер од кикири. Ручек и вечера непознати.
Цел ден ми е со обврски и хаотичен. Тек сега стигнав дома и се измерив, 1кг помалку од минатата недела. Сабајле може било и повеќе али нема веза, некој грам не менува ништо. Бми лично не бројам, повеќе се базирам на огледалото моментално. Доручек овес. Ужина кафе и мало сириус чоколатце.. Ручек и вечера ќе видиме.
П: овес, јогурт, грозје Р: месо, палента со павлака и сирење, ајвар. За десерт некоја кикирика. Се најадов како да нема утре . Како ќе се вежба со овој полн стомак, не знам… Ми го дадовте свечено стапот и одма почнав да го провоцирсм да заигра . ПМС е страшна работа .
88.4, БМИ 32.5 Вкупно до сега во минус сум била 10.7кг. Бми намалено за 3.9. Сонувам за денот кога ќе видам 7 напред на вагата. Дури 73 ми е посакувана тежина во моментов. Порано убаво ми стоеше таа тежина, фини облини си имав едно време.
Бми 23,9 Задоволна ќе сум зимава да не оди преку 24. Со оглед што не бев многу озбилна арно е. Од 15 ќе се заозбилам ветувам .
Денешното мени: Д: 2-3 лепчиња со путер и мармалад, омлет, малку шунка, кашкавал и грозје (бев на доручек надвор, затоа вака обемен) У: ред чоколадо со ориз и какао Р/В: туна салата со краставица, маслинки и нешто како крекери со лук + салеп пред спиење за грлово
Добро продолжив до крај на денов. У: ореви и банана Р: салата, стек, ориз, црн леб 1 кришка Извежбав 20 минути, не сум задоволна деновиве од вежбањето, некако од обврски не стигам да вежбам ко шо сакам. Се надевам ќе се средам од утре со рутината.
Вакви денови како денешниов, без нормални оброци, а измеѓу се нешто се поткаснува, ич не сакам Д: банана леб + малку грозје Р/В: тестенини со тиква и пилешко + радлер пиво измеѓу: 2-3 мафина со тиквица и банана, уште малку банана леб, грозје, какао, банана и на крај колач од јаболки Се надевам утрешниот ден ќе биде подобар. Барем вежбав и пешачев доста денес, саатов вика 696 калории до сега.
Некогаш се казнувам смаа себе со ова вежбањево, два дена во еден вежбав и денес претепана се ме боли а башка и добив, ама денес ќе си извежбам како што ми е редот.. Д овес со урма У банана Р туна салата В салата
Добар ден женски Состојба на БМИ на диеталки и максималки со ден 05.10.2022 (од тие што пријавија) @Snowflake99 32.5 @andrejko82 27.4 @Espadrila 27.2 @kikikikirika 25.8 @christinnn 24.9 @mareane 23.9 @Ariel 23.4 @Kasiopaja221 23.0 По она што е пријавено, најмногу напредок имаа @Snowflake99 и @Ariel . Стварно браво женски. Но, не можам да не забележам дека најпостојана, со континуиран успех...и ако забележам најдобар скос во скор , во сите овие периоди наназад...има @andrejko82 . Значи секоја чест на истрајноста и постојаноста. Е тоа е карактер. Кој сака нек честита . Они ќе си станат . А ние останатите , не бевме лоши, нели НОООО, треба уште да намалиме со , да си направиме , да практикуваме повеќе и воопшто активност. ..секако да не забораваме и ииииииииииии само ОЗБИЛНО Одиме понатаму женски, ајмо ајмо!!!! ЕДИТ @andrejko82 да не има некоја грешка во твојот БМИ? Какво резиме горе ти дадов, сеа бројките ми збунија....Ти цело време си надолу, или статус кво, а види какви бројки на БМИ си пријавила. Или овој месец грешка си пишала или прошлиот??? Или јас некоја тотал утка (26.8 август, а 27.4 сега .....)no way!!!
ХАХАХХАХА е читам , читам...26.4 ми е сега БМИ ...ама пе испофали..тука сум, тука озбилна , понекогаш и не толку озбилна..незнам кој згрешил..можно е јас грешн абројка да сум пишала..
Каков кикс...се занесов многу во улогата, затоа кикснав . Шала на страна на ливчето те имам, ама на ПЦ не сум те ставила, за што се извинувам ...еве нова листа @andrejko82 шо е вистината? Кој е БМИto? Така беше пишала, така пишав. Сега со точното ќе пишам... Состојба на БМИ на диеталки и максималки со ден 05.10.2022 (од тие што пријавија) @Snowflake99 32.5 @Espadrila 27.2 @andrejko82 26.4 @kikikikirika 25.8 @Estranged 25.3 @christinnn 24.9 @mareane 23.9 @Ariel 23.4 @Kasiopaja221 23.0 Сметам дека сега е ок