Реков јас, златна папуча сум била во март. А и во февруари ќе сум била, само после мерењето ви се придружив, кон средина на месец. Шала на страна, мене мерењево и извештаите во темава многу ми помогнаа, ем за мотивација, ем за одговорност кон сама себе. Инаку ќе се откажев сигурно после месец-два. Вака со вас САМО ОЗБИЛНО и понекогаш полуозбилно отидоа 20 кила без проблем.
Значи тука има стварно женски за златни медали. Секоја чест. Браво!!! Континуитет, исхрана, истрајност, вежби... Резултати!!! Ма каква Ана Стојанова, каков нутриционист, какви.... Како и да се викаа бубали.... .... Значи тука е фората да се биде. И битно, да се реферира. Јас коа реферирам почесто, имам подобри ефекти...
Петочки, не баш сјајно, ама срам, не срам, ќе си пишам. Па да си ја чукнам главата малку Д: мафин со тиквица и банана Р: тестенини + парче колач од јаболко У: пола протеински пудинг В: пица и 2 чаши вино Ништо здраво денес во исхранава и не постои никакво оправдување. Ни пешачење, ни вежбање
@Estranged браво за истрајноста и за резултатите! Не е лесно толку долго да држиш ритам, јас не би издржала. Јас февруари-март не нев озбилна, некако не ми беше моментот. Чекав прво да се здебелам уште малку, да не ме собира ништо, па после да ослабам . Сега задоволна сум, сакам уште 4-5 кг да ама во лицето сум некако пропадната. А може и да е од замор, вечно ненаспана сум.
Петокот супер го поминав, туку викендиве ми се крш. Доручекот и ручекот ми се океј денеска, со "ужините" згрешив малку. Вечер мора да извежбам повеќе. Да си пишам тука за да се уозбилам.
Јас сум на продолжен викенд. П/Р/В: 3 ракии, салата, месо и кајмак. У: Уште две пијачки, ќe видиме што. Активност: шетање.
Д: вафли со малку мармалад и кашкавал У: кашкавал и една вафла Р/В: печено пилешко со печен помфрит + сладолед Денес малку поозбилно си ја фатив работава, освен сладоледов на крај. Од активности, пешачење околу 2 часа.
Д: мусли со јогурт Р: мусака У: чоколатче, пијачка, кафе, бадеми, банана (премногу непотребни работи ) Пешачев доста, вежбав 30 минути...
Д: малку пообемен, бев излезена, ама ништо екстрамно. Лепче, путер, малку мармалад, малку сувомеснато, малку грозје и мала чашка мусли + капучино Р/В: мусака + парче колач со јаболко
Поздрав мои соборки. Не сум пишала нек.дена. Обврски,стрес и немам некој ред на јадење. Се трудам да не претерувам. Уште нареднава недела ќе ми биде хаосна па ќе влезам во колосек. Барем да не одам нагоре.
Викендов со некои грешки ама битно помина. Од утре посериозно. Пред малку извежбав, попладне пешачев. Задоволна сум од физичката активност викендов.
Вчера не стигнав да пишам. П: овесни, овошен јогурт, банана, сончоглед Р: Сендвич со 5 ќебапи и кајмак, пола чаша пиво. Доста пешачев вчера, 10 км се собраа. Се опуштив викендов ептен, од кафана не излегов, ама ќе воспоставам ред од денес.
Пресметуваш БМИ индекс? Да ме ставиш на список. Почнувам со вежби од 16, официјално по програма, ама до тогаш сакам да пазам. Голем дијастаз имам.
Добредојде и ти посакувам многу успех! За дијастаз на темава имаше споделено дека ако е поголем, вообичаено со хируршка интервенција се решава. Во секој случај, сигурно програмата ќе даде резултати. Тука сме за поддршка, ќотек и сѐ што треба. Сите сами си пресметуваме БМИ секоја прва среда во месецот, а @Espadrila е многу фина и ни прави список со споредба од претходниот месец. Има калкулатори на интернет, ако имаш бројка, пиши ја тука, секако пред неколку дена пишувавме БМИ. Секоја среда се мериме и пријавуваме колку имаме изгубено од претходната недела и вкупно откако се трудиме да ослабеме.
35.4 ми е Бми индекс . @Espadrila стајме во список другарке по книга. Доручек: рафаело овесни Spoiler: Рецепт од нет Ручек ќе биде печена риба ако дозволи бебе ќе има и прилог. Вечера не знам уште. Од сабајлево одлучив да бидам на диета тотално неспремна. Секогаш е обично од понеденик или од утре велам.
Д: овесни снегулки со парчиња банана и јогурт Р: риба, пире, салата У: кафе, ореви Е вечер сум на една прослава, па иако ми пројде до сега добро денов, ќе се зезне малце вечер. Нема врска ајде, утре за баланс ќе пробам да терам ден без грешки, планирам да го отседам дома денот. Колку повеќе искачам од дома, толку повеќе грешам со калорична храна. Сабајле пешачев, за вежбање не знам денес колку ќе стигнам зошто вечерта нема да сум дома. Најверојатно нема вежбање денес.
Д: овесни, јогурт, банана Р: македонска салата (кафана је моја судбина ) У: цеден сок, чај со мед В: супа од кокошка, два пати. Ќе вежбам денес.