Денес стварно сериозно го почнав денов. Дури утрински вежбав, а вечер сакам пак да вежбам зошто вчера пропуштив вежбање. Деновиве се осеќам како да се опуштив и неделава ќе скокнам мерење да не се демотивирам ама мора сериозно стварно сега. Д: овес и јогурт Р: ќе биде ориз и кокошка, салата У: кафе, бадеми, банана Ќе видам дали ќе имам нешто за вечера, ептен ако сум гладна најверојатно ќе биде некоја салата или нешто така. Тука кога си пишувам и се карам дека не сум била сериозна одма ми доаѓа мотивација.
Појадок: Oмлет Ручек: Две парчиња тост со путер од кикиритки и банана Ужина: Мандарина Вечера: Ориз со зеленчук и јајце Пешачам секој ден по од прилика 6-7 километри, тоа е моменталната физичка активност.
Што да се зема за доручек за на факултет, здраво и нискокалорично? Овес со јогурт/млеко и овошје веќе ми е на листата, ама не можам да јадам секој ден само тоа за доручек. Некои други идеи освен овес?
Денеска ред тесто ред пцовки.. Д една мекица домашна и јогурт Р шпагети болоњезе мало тањирче Пола баунти,круша,ореви... Ќе плачам на мерењето утре си знам.
Да се исповедам или да си ќутам? П: американска палачинка со мед и ореви Р: салата, две ракии, месо, јуфки, лепчиња со кајмак. Ајде жени, не е страшно што се опуштивме малку празнично. Страшно е само што утре е среда .
Денес до сам крај истерав успешно. И убаво извежбав. Кога ќе решам некогаш, стварно стојам на зборот. Ама пицата од вчера не можам да ја прежалам што ја изедов, па и толку касно. А, неделава пак сум на прослава за некој ден, ме саботираат значи. Да не беа искачањава и прославиве, до сега ќе завршев со диетава.
Ајде жени, среда е. Што е - тука е . - 0.2 кг од минатата недела. - 5 кг вкупно за 6 недели. Можев и подобро последнава недела, ама се опуштив со кафани. Да се стегнам една недела, па после ќе дојде дијаспората, нема бегање од кафани .
Ај добар ден..ме нема деновиве, не бев озбилна воопшто , викендов прасе дома маж ми донесе па топев чварки па пржев џигер со праз и суви пиерки..па пушевме месо...доста беше рапортот за викендот. А вчера кафана од 13 до 19 и денес не се осудив да стапнав на вага..и вчера вечерта вежбав зашто ме изеде грижа на совест од тоа дека не си бев по списокот за јадење!! Добрата страна е што сега количински неможам да јадам многу, не мешам јадења, салата и месо, леб не ама вчера каква салата имаше со павлака Следна недела се мерам а оваа недела пазење на калории на најјако Денес Д јаболка У нема Р гравче чорба В салата
Мојата вага денес е 1кг во плус.. очекувано..., Продолжувам со физичка активност празници, викенди....еден куп поминаа и ќе дојдат...исто како и оправдувањата... Затоа ОЗБИЛНО
Мерење денес, и на толку подкаснување леб со ајварчето (морам да признаам кога го правев каснав леб), добра сум...стигнав до 70.300, од 73.... Само напред, и сега можеби поодговорно, додека не видам 6ка напред.
Реков нема да се мерам ама се измерив. Ни плус, ни минус, иста сум. Па на толку грешки во последно време очекував дури и во плус да сум. Посериозно сега мора само.
Шо сериозно ? Не мрдна вагата, иста до грамче ко и минатата недела Ама пмс на велико, баш се чудам како не сум 2+ ..... Ама мора да продолжиме иако ми се губи мотивација некако
Морам да ви кажам дека се искачив пак на 65 кила. Преку глава ми е веќе, два дена опуштање со храната, плус две кила. Не е фер ова.
Мојата вика вика, што си ме скирла во кутија, се срамиш ли од мене И во право е. Браво девојки, јас планирам од понеделник со диета Или вторник, ќе видиме. Во гужва сум сега, ќе пишам накнадно
Епа и јас ќе ви се придружам официјално во тимот. Нема да бидам во можност да се мерам секоја среда, но ќе пишам секогаш кога ќе успеам да најдам вага и ќе гледам да запишувам што јадев секој ден. Инаку претходно ослабев околу 17 килограми и сега паузирав некое време и одржував килажа, но сега сакам уште некое кило да намалам. Свесна сум дека имам здрава тежина, но ќе гледам да пазам што јадам и да вежбам и пешачам колку можам. БМИ во моментов ми е 18.9, тежина 50.7. За појадок секој ден јадам банана и чаша чоколадно млеко и обавезно 2л. вода Денес на мени: Д Банана, чок.млеко Р јајце, домат, сирење, оризови галети, маслинки У 2-3 бисквити В јаболко и wellness колачи
И јас треба да се вратам во темава. Се од понеделник понеделник, нека биде од среда. Раскинав врска и сега знаете време за glow up и мотивација. Да го искористам моментот. Моментално 89 килограми сум, со желба за барем 10-15 помалку, а би сакала и повеќе. Почнувам официјално, со среќа нека ми е .
Сабајлечки јаболко и круша, турско кафе, но и кроасан.. за ручек парче месо на скара и салата домат и краставица. Ќе се потрудам да биде со 1-2 парче леб. За вечера планирам печен модар патлиџан со сирење. Мора да реферирам, за да се срамам од глупостите
П: овес, јогурт, банана, макијато Р: супа, рижото. Ако не се успијам, вечер ќе вежбам, ама многу ми се спие, не знам дали ќе издржам