Доручек овесни со јогурт, Ужина ореви 5 6 јатки со малку круша, ручек зелка салата со пченка и урнебес, Ужина нес, Вечера се мислам или пак салата со урда или јајца.
Д: мусли и јогурт + банана Р: двопек (тост) со кашкавал, салата У: кафе, бадеми, јаболко Добро го истерав денов.
Деновив турбо со обврски, не стигнав да пишам, мада не беа нешто сјајни во поглед на исхраната Денес малку подобро Следна среда се мерам, па што сака нека биде Д: овес со грчки јогурт Р: полнети пиперки В: мандарини и малку грозје
Да пријавам 0.7 кг помалку од минатата среда, вкупно 4 кг за 5 недели, и официјално вкупно 20 кг од февруари.
Ништо тапкам во место 74/75 кг зависи колку сум јадена и дали сум била во вц. Мислам дека сега стагнирам зошто понапорно вежбам и веројатно правам мускулна маса. Ако не сум во право некој да ме поправи
Еве сум да се пријавам 66,9кг баш како што планирав. Предходната недела бев болна па цел ми беше да ја задржам килажата, не да слабеам. Успеав ! Од утре пак со диета, не сум веќе болна.
секоја чест девојче, браво...ќе стасаш до 6ката пред следно мерење бми... Само што извежбав и седнав...да си вежбав порано немаше да треба да гладувам толку за да стигнам до нормална килажа, ама тоа е, никогаш не е доцна...
Пола година вежбам со женава, има се приклучи се бесплатни и се месечните тренинзи и има 1.0 и 2.0 за 3 месеци вежбање. Претходно одев на пилатес во сала, многу ми беше убаво ама не стигнував баш секогаш кога требаше а плаќав месечна членарина. После он лине со Јасна пилатес па ова од овде на фемина го открив....
Се мерив дури при жквечерва и сум близу пола кг минус ...Е сега знам дека е резултат на диуретициве чаеви што ги пијам ама сепак добро е . Денес д: јаболки Р :тост (купечки од типот на каде е кашкавалот) В малку од вчера останати шпагети.
Дај ми еден тост со хартија....така некако имаше еден виц скоро Вчера јеловникот го сменив,вечера немаше. Каснав само една банана да не е без ич, не бев гладна .Ручекот беше тоа, парче месо на скара со 1 парче леб и малку салата. Како за промена, вчера пиев вода....па може и литро и пол . Знам дека е малку ама има денови нити толку кога не пијам. И најважното имав одлична физичка активност. И се чувствував одлично. Одиме ОЗБИЛНО п.с. кажете ми совети за вакви нозе ?
Решив да не се мерам до следно сметање на БМИ, зашто очекувам да ја видам фамозната 6ка..ама сега почна да ме копка тоа (познавајќи се себеси) дека ќе се опуштам со јадење од среќа и пак ќе биде 3напред 2назад..затоа си потавувам нова цел до Нова Година да стигнам до 65кг.. Денешно мени Д овес со јаболка У малку грозје Р спанаќ со кисело млеко В кисело млеко со сусам
Јас од зимоска сум -20 кг. Ме кутна короната тој период. Кафето ми беше прегорчливо, отров вукус ми имаше, пелин чист, храна што беше тоа? Само вода и млака супа и многу течности внесував, а премногу течно се празнев и за кратко време одма -7 кг. Другиве од пролетва наваму редовно сум физички активна, по работа, ручек, малку одмор и саат и пол до два сум во движење, а богами и избегнувањето на обилната вечера си го направија своето. Знам бавно намалувам можев и повеќе ама обилен ручек, немање доволно слободно време од многу обврски, постојано растрчана со нивно обавување, а и не сакам да се форсирам премногу, постепено намалувам. Сега сум на одмор и не ме правите нетокму ако ви пишам џогирам на патека за трчање тука секоја приквечерина, си спакував опрема и трчај Пакс сум си. Ама јадам обилно тоа ме јаде и мачи, така што штом заврши јадењево до бескрај тука од следната недела и јас паркирам во темава. Треба и исхраната да ја редуцирам штом се вратам бидејќи не знам како ќе ми бидат временските услови за движење во природа, а и турбо сум на работа ми зададоа тежок проект со краток рок до крај на 22ра. Ми велат да не се опуштам и да се вратат, затоа што склона сум кон брзо слабеење и брзо враќање на истите килограми дури и плус по некој, ама не се давам така лесно овој пат. Идеално уште 10 или 15 преку сила треба да намалам за да си ја вратам килажата од средно, а јас потајно најмногу сакам и целам кон -20 кг. Знам ќе бидам преслаба ама наскоро ќе се смени таа ситуација и ај пак јово наново, цел живот сум горе доле со оваа килажава. Наместо живот со стил, живот полн со предизвици и искушенија, ама и таков живот знае да е стилски. Вербална поддршка за сите во темава, само не се откажувајте од оваа трајна борба со себеси, апетитите и стрвовите за калорична храна.
Вчера вечерав варени јајца, зачинети само. Ме фати криза кон 12, испив чаша јогурт. За доручек излапав еден тост и мало благце , поради обврски доручекот беше во 2. Ручек ќе јадам цезар салата, вечера пак некоја салата. Најлесно ми беше со Ун коа вечерата и ручекот ми беа исти.
Ајде полека полека ќе биде..кризни се првите две недели после се ставаш во шема и тераш..пиј лимон со вода и ѓумбир ако можеш..
Како се прави лимон со ѓумбир, јас сум пиела чај од ѓумбир со лимон ама сакам и свеж да пијам , да исечкам ѓумбир и ставам во лимонада да отстои па на крај да испијам со се ѓумбир или да рендам најдобро ?
Во бокал со 2литри вода се додаваат ким (4-5 зрна ким) 2cm рендан ѓумбир и 2 лимона(јас како кришки го сечам а некогаш едниот исцеден другиот исечен на парчиња) и ако имаш циметно стапче или цимет малку ..