Ах незнам дали смееш кога доиш..ова го пијам одкако почнав да се хранам здраво и непиев вопшто вода претходно па вака можев да ја пијам..сега лимон со вода не штети зошто да би штетело евентуално ѓумбирот и циметот не ги додавај, а ким чајче и на бебиња се дава..
Ми нема логика, се надевам дека ќе се најде и некоја доилка.. Кога пијам чај од ѓумбир зашто да не пијам и ова .. Нека се јави која е доилка да се бодриме
Д: ѓеврек Р: салата, црн леб и мусака У: кафе, 2 Виталиа зелени чоколатца + планирам и овошје некое до вечер Цел ден сум во движење и сум преморена, пешачев многу ама планирам вечер да извежбам барем 20тина минути.
Д банана, чок.млеко Р домат, парче сирење, тенки оризови галети, мала кифличка, ред чоколадо В јаболко, wellness колаче У 2-3 бисквити, 2 кафиња Извежбав 30 минути, ќе испешачам попладне до 10 000 чекори.
Зошто сакаш да слабееш уште? Здрава тежина почнува од БМИ 18.5, ти си на граница. Јас на твое место би уживала во животот . Вежбањето е важно, супер е тоа што го правиш.
Имам некој страв дека ако се опуштам и уживам во јадење ќе ја вратам килажата, па решавам да слабеам. Знам дека е проблем кој морам да го средам и сум свесна за се. А не е дека не си се допаѓам во огледало, но ете нешто од внатре ме тера да пазам.
Сега прочитав погоре, честитки за постигнатото. За другиов дел потполно те разбирам, така и јас по секоја драстична промена со килажата си терав со слабеењето, ама после ќе удрев на благо и заборавав редовно да вежбам и почнуваа пополека нагоре да одат килограмите. Внимавај на тоа да не се опушташ премногу како мене ако си љубител на благо, а за поздрав е тоа што продолжуваш да вежбаш, само напред.
Сите што сме се мачеле да ослабеме и сме успеале, го имаме тој страв. Мислам дека само да си тераш поздрава храна ќе бидеш супер. И мери се еднаш месечно, ако забалежиш дека си качила некое кило, стави се веднаш на диета, додека не се собрале повеќе. Јас вака се зезнав минатата зима, откако ослабев 20 кг некаде 2015-та пазев, знаев да качам 3-4 кг и ги симнував - затоа и редовна бев на темата, ама не сум претерала. Е, од минатата зима до август качив 8 кг, со работата имав нервози и јадев многу благо како утеха, и затоа сега се мачам. А да се 2-3 кг вишок, се слабеат одма без проблем. Треба да не дозволиме да се наталожат.
П: чиа, путер од кикирики, малини У: јогурт Р: шпагети Ја претерав со шпагети, како и обично. Ама барем вежбав еден саат.
Те сфаќам скроз. Јас шо убаво си пазев 2 години откако ослабев, после со обврски, немав време да вежбам, малку се опуштив и за брзо време, буквално неколку месеци, се си вратив. Еве уште се мачам да се вратам на тоа што си бев. Ептен ми е криво, но тоа е, ако не пазам за брзо се ќе си вратам. И сега 12кг сум ослабена од лани навака и некој ден да не вежбам, да не пазам, за недела дена 2кг можам да си вратам и се така во круг. Овој пат гледам поспоро да слабеам, не се форсирам многу и сакам повеќе како лајфстајл да го направам. Се помирив дека ќе морам цел живот да внимавам, не смеам после ова слабеење иста грешка пак да направам ко пред некоја година. Толку труд ми пропадна за кратко време. Само ти имаш супер бми, немој да претераш премногу. Јас и ослабена дури на времето околу 20-22 бми имав и супер изгледав со таа килажа. Верувам дека ти со тој бми си со прекрасно тело и дека одлично изгледаш, немој толку да си правиш стрес, само вежбај си редовно и што поздрава исхрана.
Да пријавам за денес Д: овес со грчки јогурт Р: компир манџа со кришка 'ржан леб У: мало парче колач без шеќер и кифличка В: две мандарини и една банана
Д јаболко Р овес со јогурт мед и овошје В од се по малку (бев на гости па затоа преку ден малку јадев) Морам вака оти почнува период на слави и прослави а гурманот во мене не може да одолее на полна софра.
Денес оде воз у кукуруз. Утре нова среќа. Немав време да готвам со синко, пројдов цел ден со едни јуфки. А ќе правев цезар. Ај утре истото мени. Надежта последна умира, што е добро, освен ако не ти е свекрва.
Ќе бидам невеста во јуни па здравје до тогаш планирам минимум -10 кг. Ми успеа летово да намалам доста со ун диетата, па повторно од денес ја почнувам. Летото не ја додржав цели 90 дена поради тоа што околу вториот месец фатив корона и се ми се испомеша. Намалив 10 кг, од кои што сега вратив само 2. Моментално 78, целта е минимум 68.
Вчера: Појадок: Омлет Ручек: Пециво со цимет Вечера: Салата со тофу и домашен проја мафин со спанаќ и фета Ужинка: Јаболко Денес: Појадок: Пециво со цимет Ручек: Салата со тофу Вечера: Бурито со домашна лута салса Ужинка: Јаболко Имам опсесија со јаболка деновиве. Најслатки ми се периодов. Да спомнам дека немам вага и не планирам да се мерам, некако ептен ме демотивира, плус приоритет ми е да сум повеќе свесна за тоа што јадам без да се исклучам и грицкам. Лоша навика ми е, наместо да седнам и да јадам оброк.
Д: овес, банана, јогурт Р: ќе биде стек и пире, салата У: кафе, бадеми, јаболко Ќе вежбам за некој саат, обично ноќе ми е најдобро кога вежбам ама денес тоа време ми е само слободно, па битно вежбање да не се пропушти. Вечер имам договорено излегување ама ќе гледам да внесам што помалку калории. Последниве 3 дена ги терам добро, се уозбилив пак, задоволна сум. Вака само да продолжам.
Не ми оди најдобро деновиве. Под стрес многу благо изедов. Храна не јадам премногу, благо ми е проблем.
Дали смета на доење ако од сабајле се напијам сода растворена во вода да се исчисти малку ? Некоја да не пиела такво нешто ? или во лимон да ставам сода ?