Престани да се замараш со се што ќе изедеш/испиеш дали смета на доењето. Освен алкохол,дрога цигари и кафе многу ништо друго не смета. А да и некои лекарства Периодот на доење можеби е и најдобар за слабеење бидејќи се трошат многу калории со самото доење. Јас исто дојам уклучив и вежбање и сега за 1месец сум -7килограми. Така да среќно
Денес ужасен ден за физичка активност, до пред малку бев на факс од претпладне. Нема да стигнам да вежбам, но ќе турнам до 7-8 илјади чекори. Д чок.млеко, банана Р кифличка, домат, зденка, кит-кат У бисквити и една рака интегрални грицки В топло чоколадо Некогаш мора и полош ден, одиме појако од утре
Д 2 кафиња Р.овесни со јогурт мед и овошје. В пиперки и леб Од понеделник сум нормална смена па ќе ја подсредам белким исхранава.
П: чиа со путер од кикирики и бадемово млеко У: чај со мед Р: пола сендвич од Ројал Нема вежбање денес.
Вода со лимон, Д: овесни со чиа, путер од кикирики и јогурт, Р: цезар салата, У: оревчиња и чоколадно млеко чаша, Вечера 2 оризови гелети со путер од кикирики и пола банана плус чаша шејк банана јагода.
Здраво диеталки, како сте ? Некои од постарите членови ме знаат и знаат дека имам проблем со килажата од како знам за себе. Наместо да ја намалам јас стигнав до 30 килограми вишок и се повеќе си одат нагоре. Два пати успешно намалив килограми. Првиот пат во Гимназија и си ја одржував килажата 5 години. Слаба без целулит, абе убавини. Ама уште тогаш мозочето мое друго ги гледаше работите, се опседнав и се мислев дека сум дебела Вториот пат пред свадба ослабев со хроно исхрана. Како помина свадбата се јадеше неконтролирано, и нормално се вратив. За време на бременоста пазев и не качив плус килажа, ама после пораѓај страшно. Од Февруари месец пробувам и никако неможам, психички не сум спремна. Лошо е кај мене што почнувам и одам строго, исфрлам доста намирници. Па после се прејадувам страшно. Нонстоп се гледам на огледало и се нервирам, како да очекувам 10кила да ослабам за 10 дена ,а сум свесна дека треба време и време посебно за волкава килажа како мојата. Се пријавував и кај Ана со програмите, една недела и се откажувам се' некако ми е стресно и гладна бев многу некако, плус сама сум со бебето. Сега последно држев хроно еден месец, премија за мене што издржав. Ослабев 8 кила за скоро 3 недели без грешка и навистина не осеќам глад со неа. Ама неможам секој ден месо па месо, ми се згади. И пак ја баталив, еве цела недела се прејадувам. Среќа што само едно кило сум вратила. Од денес решив најпаметно е по мое да терам, од се по малку. Во план сум да јадам почесто и пообилно за почеток додека се привикнам. Па и по 2-3 кила да слабеам месечно, во ред е. Битно да оди минус. Пишувам тука пошто навистина ми треба голема поддршка, тежок е овој пат навистина кој разбира. Извинете на рефератот. Д- пиперки и 2 јајца пржени на малку мас, кришка ипол домашно црно лебче и филџан јогурт, домат. У- јаболко Р- манџа со свинско месо, малку компир и грашок секако без запршки со многу салата. У- некое овошје. В- незнам дали јајце варено или пак таратор ќе видиме.
Ве излажав и вас и сама себе, зезнав работа со десерт ама тоа е. Затоа овие 2 дена сериозно ќе си фатам работата. Како што реков, само дома седење за мене е решението, а излезам одма грешка по грешка. Д: 2 варени јајца и салата Р: ќе биде тоа дома што се готви, нешто со печурки, стек, моркови, компири, сенф, се заедно, никако не научив како се вика јадењево ама убаво е У: кафе, банана, евентуално вечер и уште некое овошје ако сум гладна За вечер планирам вежбање и дома седење, под изговор дека спремам колоквиум, а јас не сакам да прашам пак грешки со диетава
Денес стигнав да извежбам и ќе имам сигурно околу 15 000 чекори испешачено. Д 2 бисквити, банана, чок.млеко Р ориз, сос од печурки, малку салата, ред чоколадо В јаболко, колаче У 2 кафиња Оризот не ми годеше, но успеав количински да се воздржам колку-толку.
Д ајвар и леб едно парче. Ручекот каснеше ,умрев за јадење па каснав соленки Р -В чинија грав со малку леб и сиренце. И виноо.Викенд бе е .
П: солено стапче Р: четврт хамбургер и компири В: пита и ајвар Јадењето катастрофа, ништо здрави, ама барем бев многу активна. 20,000 чекори и еден саат вежбање.
Денес касно станав, доручек скокнав . Р: компири и кременадла У: ореви, кафе, банано В: најверојатно салата некоја ќе биде, а планирам и јаболко и чај до вечер да испијам Пешачев, после и да извежбам. Не е нешто сјаен денов зошто касно станав ама сум имала и полоши денови.
Да препорачате некои вежби од кои сте задоволни, да не се нешто многу претешки како за почетник со слаба кондиција?
Овие ми се омилени, а и на каналов може да најдеш и доста пократки вежби. Ефективни се покажаа кај мене доста.
Денес не беше лошо, било и подобро Сабајле испешачив, кај полноќ ќе извежбам 40тина минути. Д 2 бисквити, банана, чок.млеко Р мусли и овесни снегулки со јогурт, ред чоколадо У 2 кафиња и неколку пати земав со вилушка шпагети со кечап В јаболко, велнес колаче
П: пржени лепчиња со кашкавал и јогурт Р: супа, ориз, таратор За доручек се најадов како да нема утре. Типично за викенд . Немав физичка активност, недела е ден за домаќинство.
Д.2 кафиња и 2 палачинки со сирење Р -пиперки со патлижан сирење и јајце(леле се навлеков на ова незнам како зимава без пиперки)со малу леб Сега ми се јаде ми се плаче.ама ќе трпам.Доволно се калории.
Д палента со сиренце, Јадев покасно и овесни бидејќи палентата беше во 7 сабајле. Р кременадли со пире, В. Опроштално, кришка леб со ајвар. Од утре на МамаФит кај Ана.
Јас сум ај да не кажам што, цела недела ќе гладувам за викендот да си шљокам јегерче и за вечера од Мек Доналс, ем не ми одговара овој тип на храна, ем стрвна гзица, е нека ми е. Од утре одам јако и сакам да ме ругате ако пак забушавам, и ќе вежбам од @andrejko82 вежбите.
Не знам дали печени или пржени ги јадеш, но зошто не си замрзнеш и свежи и печени и ќе си вадиш по потреба. Така ќе си имаш и во зима.
Д: лиснато со маслинки и зденка Р: 2 варени јајца и салата У: кафе, банана, јаболко, после и зелен чај Треба да извежбам уште после.