Јас денеска пешачив речиси 1ипол саат, за доручек незнам што ќе јадам, за ручек зелка манџа без месо, за вечера некоја салатка. И вечер сакам да вежбам, почетник сум утре ќе има леле мори мајко
таман за две недели ќе си 68.5 Денес Д овес со јаболка У нема Р компир со морков и кромид во крчко спреман В кисело млеко
Почнав на калориски дефицит, а вежбав 6-7 месеци и од 85кг. дојдов на 79. После ова калориски дефицит е најсоодветниот режим за мене за слабеење, ништо друго од диети неможам да поднесувам освен калориски дефицит и фастинг, да јадам до 19 часот. Тоа фастинг го практикувам веќе подолго време и ми стана навика да избегнувам да јадам покасно. И не застанувам на 79, идемо даље. Идеална тежина треба да ми биде 55, па сега ќе се потрудам да стасам до 65-70, па понатаму ќе продолжам до 55-60. И поретко забележувам што јадам во денот ама гледам отприлика да е балансирано и дека ми е непредвидливо што ќе изберам, така да можам и во последен момент да одлучам за нешто. 8 часовна диета. Денес за мени: П: тост со кашкавал, кока кола зеро па кафе Р: спанаќ В: туна
Вметни повеќе вода, не си згрешила ништо, само организмот му треба време да се приспособи ќе почнеш нагло да слабееш..терај си не се обесхрабрувај..
Тука сум и јас, само што продолжив со хроно. Кога сакам да се хранам по мое, некако нонстоп се чувствувам гладно и нефункционално. Нервозна, гладна ама баш никаква. Незнам зошто одма намалувам толку на храна и лошо ми е, гладна сум. Во хроно доручекот ептен ми одговара, па 5 часа без проблем издржувам и не осеќам глад. Кога ќе ми зосади ќе правам некои измени. Психата е страшна работа. Се пријавив и кај Ана, се зафркнав повторно. Исто како да поминувам покрај неа и да и речам еве ти 1600 денари Пошто се пријавуваѓ неколку пати и ништо. Навистина сакав, ама премногу готвење, премногу ситници од се по нешто а јас навистима немам време. Сама со бебето едвај постигнувам и за него и за мене за јадење, а кај се сите други обврски. Само ми е криво што за еден месец имаме прв роденде, а јас ќе бидам како мечка А толку бев сигурна дека ќе ослабам... Бегам и од огледалата, кажете како да го надминам тоа да не се гледам по 100 пати на ден. Решив и за еден месец на вага да застанам, па ќе видиме дали ќе додржам.
Денес измерени 64кг, едно кило помалце од пред една недела. Вчера за вечера изедов четвртина бурек со месо, осмина со спанаќ, пола литро јогурт и благо еден тон. Не ве лажам, чесен збор!!! После тоа си заспав како бебче. Не знам дал да се смеам дал да плачам. И женски, каде правите по 20000 чекори во денот? Два пати го свртив градот и апликацијата кажува едвај 8000 чекорчиња.
Јас пешачам до факс и кај и да одам освен ако не каснам ужасно или ако не е премногу доцна навечер. Помага ако имаш друштво што сака да пешачи
Јас како што и очекував сум некој грам во плус.Чекор напред чекор назад.Ама секогаш откако ќе ја постигнам оваа тежина надолу никако не оди дали се опуштам јас или телово ја запомнило оваа тежина незнам Д протеински пудинг У.изварка со пиперка Р. Грашак манџа со пола крицче леб. В од печениот карфиол имам тоа ќе каснам. @Ariel браво
Добро ми оди @mareane, ама и после 7 недели уште не сум ја постигнала килажата што ја имав лани ова време. Уште кило и нешто, од прилика за две недели може да очекувам и тоа ептен ме јаде, како можев за неколку месеци толку да се упропастам. Од друга страна, почнав да си се свиѓам и да се опуштам. Вечерва и репете си земав, дупла доза. Денес со мерак се скоцкав за на работа, конечно, после цело лето во патики и широки панталони. П: банана, овес, јогурт Р: костени В: супа, месо, пире, салата. И после пак пире, со прелив од месото . Јас еднаш само направив 20000 чекори, ама пола ден во мол бев, другата половина шетав на кеј. Следниот ден не можев да станам .
Се вратив во колосек денес Д банана, 2 бисквити, чок.млеко Р варен ѓеврек, јогурт, ред чоколадо В еден поголем домат и зденка У 2 кафиња, малку гранола 12 000 чекори и 30 минути вежбање
Многу е тоа, не е ич лесно да се направат толку. Треба да си да речеме 7-8 саати во шетање. Ако имаш вишок време можеш.
Јас со некаде 4 саати шетање кога иам слободно време поминувам по 20000+ Саботата последно направив толку и ич не се осеќав изморено
74кг Уште тапкам во место. Веќе три недели. Скоро и да немам грешки , вежбам кај Бубало. Убаво се осеќам. Ај може ќе дојде тоа нагло слабеење и кај мене
Од вчерашниот ден сум задоволна. .. Каснав благо!!! (шербетно!!), но последниот оброк, воопшто јадење, ми беше у 5 и пол, така што имам и фастинг (заради денешниов појадок у 10 ч), а вечерта имав одличен work out со потрошени скоро 400 калории од скоро 1 час ( и нешто) вежбање. Денес ќе биде малку недисциплинирано на тема јадење а и вежбање заради мала собиранка...Секако може да биде умерено, на што ќе се потрудам. Одиме озбилно
Денеска на мени. Лимон и топла вода. Д: Хроно пица Р: Окостен батак и салата В: Белка од јајце и салата Само мора да се натерам и да вежбам имам орбитрејк и плус вежбите од Ана. Ама ептен ме мрзи кондиција немам воопшто, ама без вежбање убаво тело нема.
Јас денеска за доручек овес со кисело млеко, ручек имав после 2 саати зелка манџа, и вечера накај 18ч некоја салата или пченка во лименка. Плус колку можам повеќе вода пијам, пешачење 1ипол саат.