Во моментот јадам диња. Страшно ли е? Не сум лигава озбилно прашувам.. Да не треба строго да се држам до диетата.. онаа УН
И Виното е здраво, не му се секирајте....само полека со количините Абе од еднаш Spoiler педер не се станува
Кхм, кхм кхм. Дојде грешникот. Јас денес изедов пола пакетче Spoiler , другарките ми го донесоа, па уште жолт, тешко беше да се одолее верувајте ми. А сабајле јадев лубеница па по некое време кифла со еурокрем низ неа, трчи трчи сопни се, значи скоро ичм немаше еурокрем. Денес калории скоро 1000ка имам внесено а тек е 2 саат. До вечер само некоја салата ќе јадам. Какви компири какви бакрачи. Ги преместувам за утре. Немојте да ме судите така да си знаете. Сама сум свесна што правам. Тенкју.
теди знам како ти е синоќа мене каков напад за храна ме фатииии....бев кај дечко ми и кујната партали му ја направив. од се што имаше, се пробав...благо, солено кисело. и на крај мојов страв го фати, и ете го ми носи едно тањирче ресани...и тие ги средив...и се смирив. абе како наркоман во криза....појма немам зашто вака ми се случи. прв пат, и се надевам последен. многу чудно чувство
Урбана легенда е тоа како дињата богати била дупло покалорична од лубеницата. Ма немој, на 100 гр. лубеницата брои 30 калории, дињчево 36. Бре бре, разлика. Единствено што лубеницата е полесна за јадење и повеќе е на вода. Дињчево ако го претераш, па и благичко, ќе ти стане тужно. И тоВа. За појадок мавнав две кајсии и едно житно чоколатце. Сега некое манџиче со пилешко, морков и брокула. Бавно оди дечки... ми се плаче и што уште нешто... не издржувам паузи од по 5 часа помеѓу оброк. Не можам, навистина не оди. Kill ne now.
Трендафилке, споро но сигурно, не запаѓај во депресии. Ќе биде, мора да биде. Плус сигурна сум дека не е така споро бидејќи како глувче јадеш. Не ми се демотивирај, и не ти се потребни паузи поголеми од 5 саати меѓу оброци. Немој да забегаш, знаеш на кој начин
Сабајле појадував лубеница, исеков еден куп викам нема да ме најаде а треба да ме држи 4 саати, и на крај ни пола од тоа не изедов, се прејадов од малку. За ручек зелка манџа(и да прашам дали може да ја комбинирам со јогурт?), а за вечера пак како вчера, појма немам што да се јаде. Еве, краставици и јогурт, ама тоа за мене не е јадење бре, навечер ме пукаат најголемите кризи за јадење, иако не сум претерано гладна. Може ли за вечера палента со јогурт? Врска неам под што се смета палентата. Идеи ми требаат, идеи. Инаку јас не правам 5 саати пауза помеѓу оброците, зошто знам дека нема да издржам. Да беа дозволени мали оброци измеѓу, ќе можев, ама вака не, затоа на 4 саати си јадам Мислам дека не прави некоја огромна разлика
здраво феминки дали има некој користено кафето слимфит.дали има ефект денеска си купив па да го почнам од денеска со диетата заедно ај пишете
Девојки, без навреда и лутење, ок може понови сте и се тоа ама не ве сфаќам. Па ве мрзи пет страни макар наназад да се вратите и да прочитате нешто што ве интересира, и само се трупаат темите со безвезни прашања кои претходно сигурно 10 пати биле одговорени. Конкретно за кафето пишуваа пред некој ден, го пијат девојките, вкусно е, ама сигурно дека нема само од тоа да се ослабе, а и кога веќе си го купила мораш да пробаш, друго чаре немаш. Секој организам е различен. нати, можеш јогурт со зелка да комбинираш, ако не внесуваш и леб истовремено. За вечера можеш јогурт, сирење, шопска, млеко со некоја бисквита, таратур, пуканки, кафе со млеко ... итн.
^ Може млеко со бисквити?! ЦВЕТАМ од радост! Без леб јадам секогаш, така да ќе си пивнам и јогуртче малку, еве за 15 минути правам 4 саати од последното јадење. Последниов пола час и вчера, а еве и денес ми е најтежок, почнаа да ми се тресат раце
Јас денес за појадок јадев две мали крушки и парче торта, големко беше, ама оправдено е нели денес. Со гостите нема да јадам, ќе се воздржам до утре сабјле . А колку е убава тортата, ем чоколадна...уф..... За ручек ќе јадам риба, а за вечера салата ќе да е, страв ми да јадам кисело млеко. Риба и млеко во комбинација . Овие јадачки диети како јас што ги викам, УН и на Иренна, се многу добри, ем го намалуваат јо-јо ефектот, ем можеш се да си апнеш и не се измачуваш, а потоа, после една-две недели оп си изгубил неколку кг, и кај овие диети се губи повеќе во обем. Затоа, пак ќе кажам мерете се обем, најреално е и најточно.
На рапорт... Појадов салата од краставица и патлиџан, ама не ме најдаде тоа па си каснав една банана. Сеа ќе јадам супа за ручек. А за вечер не знам, можеби краставица и јогурт или само јогурт. И сакам да прашам да не знаете колку калории има сончогледот?
^ Во 100 грама сончоглед има 605 калории. Затоа пак во 100 грама краставица има цели 12 калории. Имеџин дет.
Браво за девојкава за нејзината истрајност. И еве ни уште една мотивација :up: :up: http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2 ... 0%BA%D0%B0
Јас јадам на сабајле муси SlimLine од Vitalija цеден сок од лимон без шејкер и чај за слабеејне Kirkolina.Седум дена поручеко мие ова ама различно е тоа што првио ден јадам овошје вторио зеленчук четвртиот комбинации од овошје и зеленчук 4етвртиот јогурт и петтиот риба.После секој оброк пијам од чајот и секое сабајле и навечер пијам сок од цеден лимон.Вака за една недела имам ослабено 3 килограми пробајте
лудо, теди, трендафиљ,јуле, мерлин и компанија под итно да се скријат во некое дупче и да не излезат се шалам! јас јадев 2 полнети пиперки во 15 часот и уште 1 сега, и това
Јас не држам диета,ама се чистам од моите беснотилоци. Доручок (добро ова у голем размак на време беше,ама нема везе),чаша глина,варено јајце и малку мешано сирење,кафе она слим енд фит (да ви кажам многу вкусно ми се виде,повкусно од оние обичнине и плус,ко што ми крчеа цревата,инстант ме засити),ручок салата (пазете микс сеа) краставица,зелка и магданос! , плус варен грашок (оваа мајка ми утна работа,тро брашенце турила,да стане кремаст,ама вика на врв лажиче,ај ќе и верувам) и на тој магданос плус и варен пилешки стек околу 150 грама (а може и малце поише,ама не шкоди) и толку,завршив за денес. Арно е?!Или?! И другар ми ми рече,најлош појадок е воопшто да немаш појадок или па да имаш сиромашен појадок...и шта ќеш,си велам со малце ќе почнам од денес.
Ќути аман, не ми иде зумба или фитнес да вежбам, туку карактер-тренинг. Со тоа имам тотал бјути фор а лајфтајм.