Јас некако гледам како лајфстајл да го прифатам. Џабе ако си дадам временски рок само и да се брзам, кога треба долгорочно да гледам на ова.
Хронични болести, кардиоваскуларни болести вклучувајќи коронарна артериска болест, мозочен удар, дијабетес, рак на дојка, црн дроб, ендометриум, дојка.
Пред малку извежбав, добро е, се истера викендов. Д: мусли со јогурт Р: пире, месо, печурки, салата У: кафе, чај, банана, 1 ред црно чоколадо
Можно е од се да биде реално. Би ти препорачала да вежбаш нешто, физичка активност помага за укоченост, болки во врат, грб.
Добро но и повеќе салата со исхрана нема да е на одмет внимание на линијата на телото како и пешачење,вежбање ...
И мене многу тешко ми оди. Не знам никако диета да држам, затоа сум си дебела. 2 дена ќе почнам, 3 ќе изедам дупло од тоа што сум пазела.
Ајде, ајде нема откажување женски, дури и грешка да се направи, продолжете како ништо да не било. И Рим не бил изграден за 1 ден. Ајде сите озбилно, кај се другите, паднала мотивацијата кај сите.
Јас утнав малку денес Пешачев ама не пазев многу на јадење Д банана, чок.млеко, 2 бисквити, пола ред чоколадо Р туна, пченка, сирење, кришка леб, ред чоколадо В мандарина, парче домашна пита У 2 кафиња, костени, топка сладолед Ќе биде подобро
Мене баш оваа помисла ме паѓа во депресија, а сум склона на дебелеење и морам да го прифатам тоа. Иначе сум голем љубител на храна, особено на нездрава храна. Обожавам да јадам и тоа во големи количини. Никако и никако не го прифатив фактот дека ако сакам да сум “згодна” и со нормална тежина ќе треба буквално цел живот да се пазам и да бројам калории. Хорор.
Ајде ајде не попуштајте, не паѓајте. Каде е во вас женскиот инат? Сега , тука на дело, не пред мажите дома. Првите две три недели се тешки, после веќе се навикнуваш и се осеќаш како грев да правиш ако нешто каснеш што не треба. Еве јас стагнирам долго време ама не се давам бре, ќе успеам. Само цврст став и на секое чувство за глад пијте вода
Јас деновие воопшто не пазам, имам гости од дијаспората, ама големи гурмани се и што е - тука е. Кога почнав со диета, мислев да држам до сега и да прекинам, знаејќи дека со дијаспората нема да е лесно. Ама сега сакам да продолжам за да ослабам уште 2-3 кг. Оваа недела сигурно ќе бидам +1 кг, од толку јадење не може да е поинаку. Овој плус не го рачунам бо горните 2-3 кг, со него ќе бидат 3-4. Добро е што после толку пазење, не ни можам да претерувам со храна, организмот реагира. Вчера цел ден во кафана бев, и вечерта болна легнав. Нема да ми тркне уште еднаш така да се прејадам, ќе се умираше.
Само да ве мотивирам за 2 месеци дојдов дури под саканата тежина... Значи се се може доколку се сака... Сега останува затегнување ама тоа ми е тешката страна...
Денеска за доручек пола банана плус овес со кисело млеко, ручек спањак со ориз и јајца (мое најомилено јадење) вечера незнам.
Д: овес и банана Р: домашна пица У: кафе, јаболко, пуканки, бадеми Не сум уште гладна, евентуално ако сум може после некоја салата да каснам. Извежбав пред малку.
Д банана, чок.млеко, 3 бисквити Р супа, варен компир, малку сирење и пола парче леб У 2 кафиња, парче торта(поголемко ), костени В мандарина Може ќе стигнам вечер да извежбам