Јас ја држев порано ун, најмногу што успеав е дс симнам 5кг,и несакам пак со истата, еве од денес пробувам сама дс си смислам диета
Ќе ве дружам и јас. Значи ќе се мериме во среда. Малку човек да се опушти и оп. Веќе се откажав од леб и тестенини, полека го отфрлам и благото. Нозете и газот се намалија , стомакот не. Виснат после 2 царски породувања. И многу се нервирам вака. Почнав од викендот некои вежбички 10-20минути дневно, доволно ќе е? И ако има некој совет + за намалување на стомакот ?
Да е лесно, не е лесно, ама повеќе се сакам здрава, фит, отколку сега таква што сум, плус да не кажувам колку ми е полесно на желудникот. Денеска повеќе кафиња имам испиено,отколку што јадев, и сега сум гладна Сега ќе им печам пица, ама ветувам шанси нема да јадам, и така
Деновиве хаос ми е исхранава ама не претерувам. Денеска поздрава варијанта Д палачинки од леќа со ајвар(ги најдов смрзнати верувам почесто ќе ги правам) Р зелка манџа со малку леб.
Секогаш кога губам мотивација, се прашувам зошто сум почнала со внимавање на исхраната и вежбање. Одговорот кај мене е - за тоа како се чувствувам на крајот од денот, кога сум јадела здраво и сум била физички активна, наспроти она како се осеќам кога ќе се натаманам како да нема утре и цел ден само сум лежела. И реално, ова многу често ми помага да се мотивирам повторно, посебно за вежбањето. Некогаш отворено игнорирам Кога сум веќе тука, вчерашно мени: Д: брецел, јогурт и малку грозје Р: печени компири со сос + шопска В: јатки со суво грозје и 3-4 мали бисквити од малото Денес немам никаков план, ама мислам ќе биде хаотичен ден. Утре мерење
Последниве три дена, ужас Од денес да почнам пак да пазам. Килограмите вртоглаво одат нагоре, ми е страв на вага да се качат, ама штом коментарите од луѓево околу мене се wow колку си поправена, можам да замислам. Ја поминав 70ката , страв ми е да видам со колку. Се мислам да почнам ун и јас, таа на времето ми беше најуспешна Со кетото симнав, ама ми фалат тестенини, мноооогу. Вака ќе има по нешто секој ден. Се пријавив за вежбање од 1ви. Пилатес. Па ќе видиме. Денес појадок: две круши Ручек: полнети пиперки со месо, без ориз и салата Вечера: една пиперка и салата Држете среќа да потрае овојпат. Не иде више вака, стварно не иде
За намалување на стомакот и општо килажата, многу вода, пешачење (минимум саат време дневно) и возење велосипед (околу 10 км у ден) ми помогна. И јас сум со две царски и имав многу вишок кг (посебно после првиот пораѓај, плус 37 кг бев), ги симнав со исфрлање целосно од исхрана лебот, месените работи, благото и не вечерав, а јадев многу свежи салати. Ако затераш така некое време, после станува навика и иде многу лесно. Диета никогаш не сум држела зашто нема ефект, може во моментот ќе изгубиш некој кг, ама после може дупло да се вратат.
Женски добри сте сите до една!!! се зголеми друшвото.. Јас деновиве пополека пополека но на сигурно сум, и да сакам да јадам неможам..викендов истеран со повеќе протеини и малку бело тесто ама затоа вежбање по две видеа на ден и од тие тешките.. Денес Д банана У јаболка Р грашак манџа В кисело млеко
Дојдов само @ivi1987 да ја гушнам. Овде овде битно ја читнав Друго што да кажам доручек ми беше трилече.А откога немав благо каснато...
Д: мусли Р: риба, пире, салата У: кафе, чај, банана, јаболко, 1 мусли бар чоколатце Извежбав прееска, уште еден успешно заврешн ден. Утре среда, колку брзо доаѓа секоја среда некако. Се измерив викендот и бев во минус, така да очекувам некако сега дека би требало да сум повеќе во минус оваа недела. Сабајле баш кога се видов во огледало, некако си забележав промена. Сериозно посветена бев деновиве, едвај чекам баш утре да се измерам.
И јас мислам ваков режим да терам, си бев навикната на тој начин имам ослабнато многу и си се одржував, но не знам што се сличи и како качив толку кг. А сега некако потешко ми оди слабеењето, дали често се мерам па се демотивирам. Признавам физички сум неактивна. А си купив велосипед онака оптимистички и ене го си стои. Ќе мора да се смени нешто и на тој план. Денес ни вежбите не ги направив некако сум down. Ајде утре се мериме па со нови сили.
Д банана, 2 бисквити, чок.млеко Р кроасан, чаша млеко, ред чоколадо В мандарина, костени У 3 кафиња, 2 парчиња домашен ролат од бисквити, интегрални соленки Пак немав време ни за вежбање ни за многу пешачење, од утре се враќам во нормала. Овие неколку дена не се придружувам како што треба, а ќе се мерам за неколку дена. Утнав
Јас го јадам со путер од кикирики, какао и овошје. Семето се става во течност со сооднос 1:6, на 1 лажица семе, 6 лажици течност и се остава околу 1 саат да набабри. Јас ставам две лажици семе, таман ми е. Ако нема доволно течност, тешко е за стомак, се дуе стомакот, многу непријатно. Обично го потопувам во вода, порано ставав млеко, ама веќе не ми поднесува млеко желудникот. Многу е убаво со вегански млека - бадем, кокос и слично, кога имам такви ставам. Кога ќе набабри му ставам какао, една голема лажица путер од кикирики и овошје. Неки ставаат и засладувач, агаве или мед, ама мене ми е поубаво без засладувач. Секој ден да го јадам ова, нема да ми здосади.