Не сакав да се мерам денес ама ајде, да се испочитува средата. Минатата недела имав 64.00 кг, денес 63.7кг. Не сум ич постојана со исхраната, губам мотивација, нервозна сум и се прејадувам многу често. Гледам да пешачам колку толку, да се движам, ама џабе, помило ми е ждерењето. Се надевам другата недела барем ќе бидам под 63 кила.
Браво девојки.Супер сте. Јас да испоштувам редот се мерив.Не дека очекував да сум намалила Исто сум со мин.недела може и некој грам плус.Ама ем сум не толку дисциплинирана ем сум некако подуена. Гледам и бми ист ќе ми остане овај месец.
Јас оваа недела имам +0.6 кг. Прв пат качувам откако сум на диета, ама деновиве цело време сум со дружби со дијаспората, знаев дека ќе биде така. Уште два дена и се враќам во форма. Се надевам дека нема до тогаш многу големи грешки да направам. Ми годи мала пауза, затоа што ми се здосади од внимавање. Не јадам благо сѐ уште, ама јадев деновиве леб, тестенини, пиев алкохол, што избегнувам кога сум на диета.
Браво,ја виде шестката....еј...немој да те снема ....кило долу ...кило долу....и оп.... Мојата вага вика статус кво. Но...морам да се повикам на @AngelOfArh и да кажам дека килограмите ми се исти, ноооо ме збират многу панталони што не ме збираа...и сум многу собрана во задник и стомак...Тоа се должи на вежбањето ...за кое посакувам да сум многу поредовна, а на жалост не сум. Секако се е подобро од ич. Идено даље Потсетување, следна среда БМИ... Само озбилно
Ааа не, религиозно секоја среда мерење дур се стабилизирам неколку месеци. После тоа само за БМИ извештаи ќе доаѓам. Престанам ли редовно да пишувам овде, 100 посто пак до 9ка ќе дојдам.
21.5 кила за 8.5 месеци. Од тие првите 2-3 месеци само броев калории, а после тоа сменив и начин на исхрана. Исфрлив процесиран шеќер, и намалив до минимум бело брашно и тестенини. Бел ориз заменив со интегрален, компир заменив со батат, тестенини само интегрални и во многу помала количина од обично. И многу битно, 5-6 оброка во месецот си дозволувам "грешни", колку да ми помине меракот. Од вежбање само трчав малку еден период, ама во план сум нешто поконкретно да почнам наскоро.
Д банана, чок.млеко, 2 бисквити Р пола мешавина за руска салата со грчки јогурт, зденка, 2 парчиња чајна, лион чоколатце В остатокот од мешавината, интегрални соленки У 2 кафиња, костени 13 илјади чекори испешачив и 30 мин вежбав
После твоиве резултати ако не дојде сега, незнам кога... @malerozna доаѓај се има од јадење освен нутела и секако многу потење
Видов 87 денес на вагата конечно. Цел месец од 88 не мрдаше. Депримирана сум што волку споро ми оди ама кога ќе се сетам дека 99 некогаш покажуваше вагата, си викам добро е. Сонувам за 7ца напред. За подолго ќе биде од што очекував, но мора да биде. Одиме лека полека.
Уште пола тегла имам, ама во пмс сум, ќе те барам Ај да си дојадам теглата и ве дружам. Од понеделник Браво дечки за издржливоста. Јас сум толку бизи што не ни имам време да ве читам . Реков, од понеделник
Денеска беше катастрофа "мени" Тотално нездраво само појадок и малце овошје. Немав апетит. П :неколку соленки В : едно шолче боровинки и капини.