И јас лошо овој викемд, славевме роденден 2 дена со гости спремање и колку и да не сакаш згрешив неколку пати. До среда малку пострго, барем да не сум во плус, сега не се мерам не сакам да се разочарам.
Се истера и викендов некако. Д: овес со јогурт Р: мусака, црн леб, салата У: банана, кафе, чај, парче куглоф
За доручек мусли со јогурт, корнфлекс исто со јогурт, палента со сирење и јогурт, некогаш полна здела со мешано овошје, макарони, шпагети. За ручек разновидно, месо со компир и салата, ориз со салата, манџи секакви (грав, леќа, боранија, грашок) со свежа салата. Јадев се освен леб и месени работи, пошто тие ми правеа проблем (имав период кога немав никаква физичка активност, јадев многу месени работи и за кратко качив седум кила). Исто и чипсови и газирани сокови (и општо сокови) исфрлив од исхрана.
Ај да чкртнам за денес. Д 2 јаболка и 2 кафиња Р стек компири салата В неколку крекери и урда со пиперка
Цел викенд во поглед на здрава храна е една Огромна катастрофа, фијаско. Оваа среда дефинитивно прескокнувам мерење, а уште подефинитивно е дека почнувам понеделнички мотивирано да слабеам! Плус и тетката ми дојде денес, нема да се вадам повеќе на ПМС-мовско ждерење.
ПМС на најјако со речиси сите можни замислени работи реализирани во кујна. Ем се стегав, да не се опуштам многу. Е ми дојде, се ослободив, подруго е. Инаку можев и лав да изедам . Тесто, благо...ај да молчам -да не богохулам тука. За денес само да не сум преуморна, оти ме чека многу напорен и динамичен ден, со храната би требало да сум ок, а да смогнам сили и за физичка активност... Одиме јако понеделнички, оти у среда, да не треба да ја викаме малерозна со стапот...Она не игнорира, имала уште нутела, ама нека дојде за нас да помава малку @malerozna Имајте убав и умен старт на неделата...
Добро утро!!! Ептен ја чекам средава да дојде!!! ептен за да ја видам таа фамозна 6ка што точно пред 17 години сум ја имала!!! најумна на свет сум и покрај пмс не јадам се што ќе видам а и не ми се ни јаде и си се чудам сама себе .. дај боже да ми потрае периодов Денес Д овес со урма У супа Р турлитава В кисело млеко п.с. @malerozna те чекаме башка и натсваничкава @Espadrila те прозва
Може од попладнево да почнам? Рано насабајле се огрешив Таман и вагата ќе ја најдам да се шлогирам Нема веќе изговори, најозбилно. Тука сум. Две јајца, јогурт и ѓеврек Ви кажав дека рано сабајле се огрешив Вториот дел нема да го покажам, зш благо је
Јас денеска и вчера колку имам грешено, срамот да ме изеде!!!!!!! Ама се враќам и јас, за џабе ли 2 недели си водев сметка на храната
Д: мусли со јогурт Р: пире и риба, салата У: кафе, банана, 1 мусли чоколатце, бадеми Уште да се извежба после.
Леси се враќа дома . Дијаспората отиде, следна тура за две недели, до тогаш малку да се стегнам . П: чиа, путер од кикирики, две мандарини Р: грав, колбаси, печени пиперки Нема вежбање, по дуќани ќе одам после.
Д.Смути и 1 јаболко У:Парче чизкејк Р гулаш со салата В неколку костени Ич периодов течност не пијам а подуена сум ко балон.Едноставно не можам 2 дена стои чајот од ѓумбир.Едвај 1 шоља испив.
Јас пијам чај од магдонос 1-2 л.дневно. Преку ден ако не успеам навечер застанувам во кујна и се претапанувам. 1 месец како почнав , може кг не се многу намалени ама поубаво си се осеќам.Почнав да се гледам во огледало, до скоро се одбегнував. Тенот на лицето почна да ми се менува, стомакот не ми е така виснат и тоа ми дава мотив да терам. Вежботе остануваат 10 мин дневно ама супер се осеќам после тоа. Имам повеќе енергија.