Мене чајот од магаданос ми еубав, го комбинирам со лимон, ама многу лошо ми влијае. Ми го симнува притисокот скрос....и не функционирам добро...
Чај од магдонос пијам 1 до 2 чаши максимум, повеќе не! многу влијае на исфрлање течности и го намалува притисокот. Затоа водата со лимон ѓумбир и цимет ми е сосема ок и доволна.. Ај добро утро!! Денес како ме боли глава нит на јадење ми текнува нит па ми се јаде.. Д овес со јаболка У јајце Р ориз со пилешко (или само пилешко) В ќе видам
П: две палачинки (баш пред мерење ) Р: овошен јогурт В: зелка манџа со малку таратор Немав физичка активност, со вртоглавици сум денес.
1. Се потопува во течност и се остава еден час: млеко, растителни млека или вода. Многу е важно да биде 1:6 со течност, ако нема доволно течност многу го дуе стомакот. Најмалку калории има со растителни млека, повеќето се ниско калорични, а и убав вкус даваат. 2. Пола лажиче какао. Некои ставаат и засладувач, мед или агаве, ама мене ми е поубаво без засладувач. 3. Сецкано овошје - јас буквално со секакво овошје го правам. Некои комбинации: - банана и шумско овошје - тиква, ореви и цимет - јаболко и цимет - какво било овошје: грозје, круша диња, кајсии, праски, малини, боровинки, мандарини… сѐ сум ставала, освен лубеница ради семките. 4. Путер од кикирики или други јатки, ако сакаш. Ова додава доста калории, ама вкусот е…
Од денес почнувам нов, многу озбилен начин на исхрана. Ќе се фокусирам на здрави работи, барем 2л вода и зелен чај и цеден лимон секој ден. Исто така ќе гледам да вежбам секој ден и да правам 10 000 чекори. Денес стигнав со се. Д банана, чок.млеко, 2 бисквити Р варена брокула, варено јајце, лажица кисело млеко, маслинки, ред чоколадо В јаболко У 2 кафиња, многу малку смоки, зелен чај, цеден лимон
Темава не ја дочитав мислев е за забременување.. и читам д р в. Викам зошто ли се прави се ова Се насмеав посабајлечки
Среда, и тоа прва во месецот . Оваа недела: -1.4 кг Вториот месец: - 2 кг Вкупно за два месеци: - 6.8 кг БМИ: 22.7 Месецов не бев многу озбилна, затоа што веќе имав ослабено доволно за да ми се допаѓа одразот во огледало. Благо не јадев, ама тестенини на пример почнав да јадам, што првиот месец ги изнегнував како црн ѓавол, затоа што немам мерка. Задоволна сум, се вратив на килажата што ја имав пред една година, облеката ми е точна, ок изгледам. Се надевам дека нема пак да имам ваква епизода, ради непотребан стрес да се здебелам 7 кг за кратко време. Секое дебелеење ми е ради стрес, морам да најдам друг издувен вентил. Би можела да ослабам уште 2 кг, колку да имам фора затоа што сигурно ќе варирам пак. Ајде жени, одиме озбилно!
Јас не сум ослабена. Се нервирам, сакам да се откажам, не ми оди. После се потсетувам дека некогаш бев 99, а сега сум 89, дека било и полошо, но многу споро ми оди, се нервирам. Од 2021 пролет се мачам, овие 10-11кг мноооогу споро ми се ослабени. Од август вагата не мрднала.
Штета е сега да се откажеш. Само пробај да смениш нешто. Дали ќе намалиш нешто во исхраната, дали ќе почнеш да вежбаш ако не вежбаш… Запиши сѐ што јадеш во текот на еден ден, може ќе забалежиш дека нешто конкретно треба да скратиш.
Имам хормонален дисбаланс, 20+ килограми ставив за година дена, сега барем успеав под контрола да ја ставам тежината од 2021 натака. Хаос сум последниве години, циклуси 5-6 пати годишно добивам, некогаш и тоа е многу, ништо не ми функционира како што треба во организмот затоа и толку тешко ми оди. Затоа и почнав со диета и вежбање, за да се доведам во некој ред по препорака на доктори. И знам дека морам да ослабам за здравјето, барем 75 килограми да стигнам ако ништо друго. Иако идеални би ми биле 65, па и помалку, но немам толку надеж дека ќе успеам... Со ова темпо, за 5 години до таму ќе стигнам.
На добар пат си, пополека пополека но сигурно..вметни вода повеќе, терај се повеќе вода да пиеш и да вежбаш... ќе видиш резултати сигруно ако не за 2 за 4 месеца ќе дојдат...
Не се откажувај, полека полека ќе биде. Плус подобро полека да иде, нема да ги вратиш после брзо назад, организмот ќе се навикне подобро.
Женски браво за вас, каде и немате голема килажа и пак сте упорни. Јас дојдов да ви кажам дека од мене ништо не бидува, 3 дена терам, 4 се прејадувам Тотално сум разочарана од себе! Ми требаат 30 да симнам, а јас се откажувам. Премногу сум опседната со килажата, како што имаше една членка пишанп од 5-то одд сум на диети. Психички ме заморува тоа и потклекнувам. По цел ден не се осеќам добро, намалена енергија промените на времето многу исто ми влијаат. Со болки во глава со 0 енергија. Сабајле толку многу плачев што бебко ми се смееше, па и за смешки сум. Како да се справам со сама себе си? Велам ајде почни да вежбаш, на почеток и повеќе храна внесувај. Ама јас почнувам и јадам помалку и цело време сум гладна и ајде потоа прејади се и се' така во круг. Дури помислувам и на операција за кратење на желудник 2 пати во животот си ја постигнав саканата килажа и за кратко се си вратив. Знам кога ме читате изгледам очајно, ама и таква сум. Борбата со килограмите, борбата со самата себе е толку тешко што мислам никој не ме разбира. Премногу стресови имав и еве до каде дојдов. Ама убаво е кого имам стрес земи и вежбај, а не јадењето. Незнам што да кажам повеќе, само се надевам дека еден ден ќе пишам тука успешна приказна како си го имам најдено балансот со исхраната. Ми е срам веќе и во темава да пишувам искрено... Останете си упорни девојки, не бидете како мене