Јас сум цел живот од кога знам за себе дебела и на диета...и нормално исфрустирана ехе.. Ама со мали промени кои водат кон целокупно менување животен стил се се менува и постигнува. Еве приемр стави си во глава дека сакаш да бидеш здрава за твоето дете и од каде ќе почнеш..почни од најглупата работа, пиј вода повеќе..почни да пешачиш..попомалку ќе видиш ќе летне времето и ќе дојдат резулататите!!! е сега немора и којзнае какви резултати, абе да ти е удобно во своја кожа е најубаво..
Ех, и онака е тешко да се внимава на исхрана, не па со хормонален дисбаланс. Види по интернет што совети има, можеби и со некој да се консултираш, на пример д-р Митов, не знам. Не сум имала искуство, ама сепак доктор е, за хормонален дисбаланс повеќе доверба имам во доктор отколку во нутриционист. Едно е сигурно, многу салати и многу вода сигурно ќе ти помогнат, ама сепак ќе оди поспоро. Ама штета е да се откажеш, особено што имаш супер резултати и до сега, -10кг се голем успех!
Браво за постигнатите резултати и гоолема поддршка за тие кои стагнираат и немаат резултати. Се е до психата а таа најтешко се контролира... Еве јас а ја достигнам оваа тежина и веднаш се опуштам и нормално или стагнирам или одам во плус.. И точно знам каде грешам.Не пијам вода и не вежбам. Значи :да пријавам исто бми (заокружено на поголемата бројка) Т.е.23.9
Д: овес, банана, јогурт Р: месо, печурки, компири и салата У: кафе, чај, јаболко, ореви Уште да извежбам и за денес тоа е.
Бравооооо! Јас 69.2 (-0.5 од минатата среда). БМИ 24.5 Во октомври постигнав 3 битни milestones: 1. 6ката напред 2. 20 кила во минус 3. БМИ во рамките на нормалата (кога почнав бев во категорија обезност ) Презадоволна од досегашните резултати, уште 2-3 кила и се префрлам на одржување. @malerozna тука е или пак забушава?
Браво значи. Ист успех имав пред 5 години ама сега не ми оди така лесно. Важно нема откажување, ќе се стигне и сега до крајната цел.
И јас планирам уште 3, 4 кг минус па здравје одржување што нема да биде лесно околу празниците... @malerozna те чекаме
неке птице никад не полете Тука сум, си леткам Нормално дека забушавам. Зарем мислевте дека одма ќе се ставам на строга диета Завчера се огрешив, вчера јадев ајвар и спиев цел ден. Денес спиев цел ден и јадев ориз и пилешко . Ајде подобро е од нутела и таквимити ствари Повеќе среќа од утре. Ќе излезев да шетам ама истура дожд Изговори, изговори, изговори...
За жал не можев да пишувам периодов но тука сум, ве читам и бев озбилна. Предходната среда стигнав до 65,7кг (скоро 4 кг помалку од почетните), но оваа недела многу патував и беше невозможно да не се прејадам сендвичи. Грешката си ја платив, сабајлево измерив 67,4 кг. Од утре пак станувам озбилна, а од понеделник фаќам построга диета. Целта ми е до крај на ноември да сум 65кг.
Јас со 32.5 почнав во февруари, ептен многу висина ми фалеше Само упорност и трпение и ќе намалиш до идеална тежина.
Д банана, чок.млеко, 2 бисквити Р палента со кечап, кисело млеко, twix пола В јаболко, 2 оризови галети У 3 кафиња, зелен чај, цеден лимон, малку смоки и гранола Испешачено и извежбано
Добро утро девојчици, ајде четврточки ја почнувам диетата ( по стоти пат) Појадок житарици и кафе. Ќе се мерам попладне, немав пристап до вага (читај не смеев да и се качам)
Индекс на телесна маса е БМИ. Можеш да го пресметаш многу лесно, гуглај BMI Calculator. Ќе ти ја даде твојата бројка и ранг вредности па ќе видиш во која категорија припаѓаш. Целта е секако да бидеш во здрава тежина
Веќе 21 ден сум на ун диета, засега си оди супер и не чувствувам дополнителен глад. Јога два пати неделно и трчање 4 пати неделно по 3 км. Бидејќи имам помалку за намалување, потешко и се симнуваат. Во овие 21 ден сум ослабена помалку од 3кг, од 78 на 75,4 при мерење вчера.Ама не се откажувам, мора да се дојде до посакуваната тежина и изглед. BMI ми е 25.39, а нормален за мене според калкулаторов е меѓу 18.5 - 24.9 Си го променив многу животот, не потклекнувам како претходно на газирано, благо, чипсови и останата брза храна. Единствено што се немам лишено па и во диетава е чаша црвено време еднаш до два пати неделно. Тоа ми е guilty pleasure. Само напред за сите, до лето манекенки
Д: овес со јогурт Р: пилешки прсти и помфрит У: кафе, банана, чај Малце покалорично денеска ама ајде. Пешачев денес многу, ќе вежбам после барем 30минути.