Јај пак ќе ве дружам иако не слабеам Д Овесни со јогурт и овошје Р 3 варени јајца и печен карфиол В неколку костени круша и остатокот од карфиолот. Aa направив и од таа водата од Андрејко ама досега наместо 2 литри јас едвај 2 чаши испивПролетта ја пиев по 1 литар и многу ми помогна за подуеност и тој период најмногу намалив.Ама сега не сум умна ич. @Espadrila да ажурира списокот.Еве јас ја поштедив од промени.
П: чиа оброк Р: супа од тиква, сарма, малку месо и компир В: мед со саќе. ПМС… Нема движење, деновиве не сум добра со здравјето…
Д банана, чок.млеко, 2 бисквити Р пола краставица, еден домат, мало парче сирење, ред чоколадо В мини кифличка и мини кроасан од силбо У 2 кафиња, зелен чај, цеден лимон, малку смоки, гранола, интегрални соленки, јаболко Многу испешачив денес
Д банана, чок.млеко, 3 бисквити Р кроасан, twix В пола краставица, пола домат, малку сирење, чаша јогурт У зелен чај, цеден лимон, смоки, гранола Пешачење за денес
Идеи за доручек некои да споделите? Не знам што да јадам, порано јадев од пекара стално купено нешто и ми е проблем. Не ме најадува баш овес и такви работи, гладна сум за брзо.
Дома направен тост без сувомеснати производи - го правам со црн леб и кашкавал само + салата, може варени јајца, кајгана... Од пекара ако морам да јадам геврек претежно купувам и јогурт, таман ми е. Овес и мусли комбинирај ги со семиња, овошје, колку толку повеќе држат ситост така.
Може, идејата за тост ми се допаѓа. Јас за доручек сум гладна многу секогаш и сакам да јадам така пообилно. Не знам луѓе како со мала чинија овес проаѓаат цело сабајле, јас ќе умрам од глад.
Така си навикната. Па јади си како ти одговара, битно да не си гладна ти и некоја поздрава варијанта модифицирај. Јогурт, салата, црн леб, комбинирај млечни производи, јајца, мислам дека така ќе ти е океј.
Д: мусли и јогурт Р: ќе биде мусака В: планирам салата зошто ќе седам до покасно будна, па сигурно ќе сум гладна У: кафе, чај, банана Вечер и ќе се вежба.
Ми требаат мислења како се справувате со екстремен глад додека сте на режим? Значи океј е да си малце гладен, ама мене ми е проблем што се стресувам цела и прегладнувам буквално и инстинктивно ми доаѓа се што можам да изедам за да си го задоволам гладот. А јадам навистина како што треба, само исфрлив нездраво и бројам калории. Еве на пример денес за доручек имав 200 грама грчки јогурт со 40 грама овес, протеин и јаболко, за ручек имав 3 варени јајца, 2 интегрални лепчиња и динстан зеленчук (тиквица, кромид, пиперка и домат). 2-3 часа после ручекот јас ПРЕГЛАДНЕВ, почнав да се тресам цела, па си реков ајде додека да дојде време за вечера ќе земам уште малце јогурт со јаболко.. Не ме задоволи ни малце и секако дека изедов се што ми се најде пред мене да си го задоволам гладот. Исто и вчера, за доручек имав 2 јајца, интегрално лепче и протеински шејк (2 лажици грчки јогурт, пола банана, вишни и протеин), пак прегладнев па купив ѓеврек пошто не бев дома, за ручек имав пилешки стек со салата и за вечера толку многу прегладнев што не ни сакав да земам нешто нискокалорично. Цела се тресев и умот ми беше само во леб. Не знам во што е проблемот луѓе, не јадам малце, барем според мене јадам сосема океј, а ни претходно никогаш не сум јадела нешто премногу количински, па сега да ми е толкав проблем што намалив... Се нервирам, се од себе давам психички да се контролирам и на крај вака ќе прегладнам и немам друг избор...
Јас искрено го имам истиов проблем ама решение ни приближно немам. Кога ќе осетам дека стварно сум многу гладна грицкам бисквита-две, или смоки или гранола. Буквално чувствувам колку лошо ми влијае и некако се инаетам и издржувам, ама секако подобро би било да си најдам решение за проблемов, така да и јас сум отворена за совети.
Гликемија да провериш, ако немаш проверено. Ако треба понатаму и огтт. Или пак внесуваш премалку калории во однос на тоа што си внесувала претходно и ти било нормално.
Ужинки треба да имаш. Колку ти е максималниот дневен внес на калории? И дали имаш физичка активност, дали си изложена на стрес?
Можеби не јадеш доволно или не си навикната уште. Јас пример сега ич не осеќам глад ова слабеење, навикната сум со години пример да не вечерам и никаква промена сега не осеќам освен што скратив на некоја покалорична храна... Ама пред 5 години кога првпат во живот слабеев и драстично направив промени во исхраната, скратив вечера зошто таа ми беше проблем, тогаш навечер голем глад осеќав и 6+ месеци ми требаше да се навикнам на тој режим, без да сум гладна. На самиот организам му требаше време да се прилагоди, а калориски јадев доволно за време на доручек, ручек + сите ужини... Веројатно порано си имала пообилни јадења, па организмот не ти е уште навикнат и очекува повеќе храна.
Д овесни со јогурт мед и овошје У: 2 овесни мафини(оти и ја вака ко што пишавте претходно приумрев за јадење а ручекот не ми беше готов) Р свинско со праз и 1 кривче леб В костени.
Д банана, 3 бисквити, чок.млеко Р пола краставица, домат, кисело млеко, пропржени печурки, 2 парчиња чајна, ред црно чоколадо В топло чоколадо У 2 кафиња, смоки, чаша јогурт, интегрални соленки
Имам и ужинки, зависи како ќе стигнам. Гледам да внесувам 1400 - 1700 калории, пешачам и одам во теретана 3-4 пати неделно, не се оптеретувам таму многу. Стрес ненормален. Не знам дали ова е клучното ама под голем стрес сум. @Dream-Girl @Angie1432 да, намалив количински, ама воопшто не внесувам многу малце калории, барем јас сметам дека се таман, а и јадењата не се премалце количински, баш она колку што треба. Досега бинџав многу и јадев дури и да не бев гладна, ама сепак не мислам дека е толку драстична промена за да се тресам цела од глад..