Стресот многу влијае, затоа што при изложеност на стрес се лачи кортизол, кој предизвикува, меѓу другото, вакви напади на глад. Хормоните се многу важни кај жените во процесот на слабеење, затоа е важен не само бројот на калориите, туку и како се комбинирани оброците. Нередовното јадење, преголеми паузи меѓу оброците, стресот и неквалитетниот сон си го земаат данокот, затоа е тешко да се урамнотежат хормоните и да се стабилизира метаболизмот. Проблем е што стресот не може да се избегне во денешно време, колку и да се трудиш. И јас минувам низ истото, затоа почнав повеќе да читам за хормоните. Не сум знаела доволно иако имам основни познавања, ама уште сум на почеток со тоа што и како треба и не треба, во процес на учење сум како да ја комбинирам исхраната за да си го средам метаболизмот. Не внесуваш премалку калории, ама можеби не се пропорционални со она што го трошиш. Реално, за слабеењето треба калориски дефицит, ама битен е балансот на макронутриентите во храната, т.е јаглехидрати, протеини, здрави масти, како и изворот од кој ги добиваш тие макронутриенти, особено јаглехидратите.
И јас вчера имав таков напад на глад како што го опиша @Maylin. Многу ретко ми се случува, мислам дека вчера проблемот беше што не се држев до редовното време за оброци. А може и затоа што имав обилен циклус.
ме памтите? Идам од утре со вас тука Идам најдебела до сега и да не ослабам ништо барем ред ке имам на оброците Не планирам да се објаснувам на секој еден зошто не симнувам или симнувам ептен малце си имам низа болести ме знаат постарите борци убаво Утре од сабајле ке мерам килажа и см во обем и почнувам со листовите со исхрана пишани од нутриоцинист за мене ПОНЕДЕЛНИК ке биде ден за мерење или веке имате ден за мерење Ќе ме примите???
Ајде добредојде назад во темава и што побрзо да ја напуштиш (дека си ја постигнала целта нели, не дека те бркам ).
@ALISA0000 добре дојде назад.Ќе се бодриме сите... Д: супа па по некое време овесни мафини У костени Р тавче гравче со 2 кифлички В кафе и белким ќе додржам без ништо
Д банана, чок.млеко, 3 бисквити Р кускус со пченка и туна, ред чоколадо В јаболко У 2 кафиња, смоки, интегрални соленки, шака лешници, гранола
Ај сеа добро ве најдов Ден бр1 Појадок -лимон цеден кафе 1 банана Ручек-пилешко и салата Вечера-салата Значи среда се мерите а ја треба понеделник
Викендов помина роденденски со многу малку храна бев под стрес па свесно не јадев а и не се чуствував непшто гладна. Денес Д овошна салата (банана, јаболк и мандарина) У бадеми Р пипер со јајца В кисело млеко
Д: овес со јогурт Р: ќе биде дома направена пица, тоа се готви У: кафе, чај, јаболко, банана, црно чоколадо 1 ред И вечер вежбање
Изедов хамбургер со другарка и сега се чувствувам како цела диета да ми пропаднала. Не сакам да продолжам веќе, не знам како се справувате вие после една грешка?
Ништо посебно, терам како да не сум направила ништо. Па нема цел живот сигурно да си само на салати, некогаш ќе одиш на прослава, ќе се почастиш, ќе излезеш, ќе јадеш и нешто друго. 80-20% нека биде исхраната. Ништо не е од едно јадење. Нема откажување толку лесно.
Имам guilt trip, многу грдо се чувствувам. Си викам во глава ете зошто си дебела, како можеше да го изедеш, мирисот на храната те привлече, не можеше да му одолееш
Не се врти назад, терај понатаму и гледај да не ти се случи пак. Можеш само до крај на денот помалку калории да внесеш, па да бидеш на нула, ако не во калориски дефицит. Јас првиот месец избегнував јадење со друштво, па и излегување на пијачка, само за пешачење се договарав за да не паѓам во искушение. После навика ти станува, не ни можеш да изедеш цел хамбургер или и да го изедеш, стомак ќе те боли и нема да ти текне пак да јадеш.