-Секој има свои критериуми, морал, мислења итн, односно секој за се и секого си создава свое мислење, свој став. -Темава ја отварам за да ве прашам што според вас е лошо, а многу луѓе го прават тоа или што спрема вас е добро а никој не го прави тоа (или ретко кој го прави тоа). -Јас ќе дадам примери за темава.. *Според мене морално лошо: -Многу луѓе во нашето општество "дуваат" и велат дека тоа не е толку страшно, толку лошо, толку штетно... Многу од нив ме убедувале дека "дувањето" е поздраво од пушењето. Исто така, сум слушала многу пати дека било добро за здравјето да се "дува" 1-2 пати месечно. Но, како и да е, според мене тоа е морално лошо и кој сака и колку сака може да ме убедува, јас нема да си го променам мислењето и ставот за џоинтот. Сега почнуваат со еднаш месечно, потоа ќе се навлечат почесто да го прават тоа или ќе преидат на друга дрога... Мислам дека треба да бидат свесни што прават и дека самите себеси си наштетуваат. *Според мене морално добро: -Многу пати сме гледале во филмовите како некој г-дин е добар и љубезен џентлмен кон секоја, а посебно кон својата љубена. Според мене треба да се практикува ова, но за жал ретко кој е таков на денешно време... -Ваши мислења во врска со моите примери? -Пишете и некој ваш пример. *Доколку има слична тема сместете го ова во корпата.
Морално лошо: Многу момци денеска ги спуштаат девојките на многу ниско ниво и тоа ужасно ме нервира! Или кога некој ми прави лице и ме лаже а јас знам дека тоа е лага!Многу лошо се чуствувам кога ќе помислам дека денес скоро секое пријателство е само корист. Морално добро:Многу сакам кога ќе видам денес некое вистинско пријателство а постојат али се многу ретки. Или кога ќе видам двајца вистински заљубени. Иначе се сложувам со твоите примери. Поздрав
Морално лошо: кога машко лаже-е тоа ми е девалвирање до максимум,исто важи и за женски но за мошките посебно ниско изгледа Морално добро:вистинско пријателство,џенталменско однесување..
Кратко и јасно, морално лошо е секое наштетување на другиот и на себеси, на било кој начин, а морално добро е спротивното на тоа.
Морално добро е секое позитивно однесување кон себе и кон другите, морално лошо е секое негативно однесување.