Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Морска храна

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од maja8, 17 февруари 2010.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Уф, колку само сакам морска храна! Уф, уф, уф! Вчера стенкав за грицките - денес за хранава.

    Нема поубаво и поздраво нешто. Поготово кога веќе сте на море, не треба да го лишите организмот од овие прекраснотии и мислам дека треба да се јаде вакво нешто, затоа што е свежо и превкусно.

    Обожавам лигњи! Каламарите ми се најлесни за готвење и со нив си правам сос со магдонос, исецкан лук, маслинест зејтин и лимон. Оди со нив и цацики сос, и исто уште еден сос со мајонез, лимон и мелен црвен пипер.
    Ама лигњите на скара се - ај да не сум вулгарна, ама знаете што викаат машките :) И точно е дека се тешки за приготвување, бидејќи се како гума доколку се сеуште недоволно или пак премногу испечени.

    Исто така обожавам школки, ракчиња, октопод на скара, краби...абе се сакам! И патем - одличен афродизијак сево ова :P
    Море, плажа, морска храна и некое фино дете до вас, и чудесии ;)
     
    На irenna и girl1985 им се допаѓа ова.
  2. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    ммм па добра е,пред се здрава мада јас јадам само ракчиња ;) др.некако сум скептична
     
  3. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Лосос,ракчиња,школки,октопод,јастог....Толку! :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
  4. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    во наша куќа само медиетеранска кујна преовладува, израсната сум со таа кујна, мислам организмот ми е медитерански, секојдневно ја конзумирам особено маслинов зејтин и риба, секогаш е на маса, всушност и неможам да замислам живот без неа :inlove:


    а ова се моите омилени јадења кои ми ги прави мајка ми:


    црн рижот од сепии, а црн е од црнилото на спеијата, изгледа грозно, но вкусот е незаборавен.
    [​IMG][​IMG]



    шкампи на бузара со шпагети или без шпагети, највкусното нешто на свет, а многу едноставно.
    [​IMG]

    [​IMG]




    Брудет од риба и компири.
    [​IMG]



    Лигни на сите начини
    [​IMG]

    [​IMG]

    има еден куп специјалитети, но :!: јас без овие неможам живот да замислам.

    а секој ден меѓу оброк односно доручек и ручек, независно од тоа што има за ручек, јадам по една Ева Сардина.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Мене многу ми се допаѓа морската храна, а познавам луѓе што буквално ги тера на повраќање. Не ги разбирам. :^)
    Се започна пред 6-7 години кога мајка ми за ручек подготви ориз измешан со морски плодови. Од тогаш сме неразделни другарчиња со плодовиве. :$
     
  6. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Од морска храна само РИБА и ништо друго.
    Летово бев на одмор и ајде почнав да пекам лигњи,лигњи. Ми купија моите една порција, ама некако сумљиви ми беа, ми личеа на октопод.
    Добро, не е битно што беа само не се тегнеа и немаа убав вкус.
    Затоа јас со морска храна се опростив засекогаш!
     
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Воопшто не ми се допаѓа морската храна, не ми е по вкус. Само ракчињата ми се прифатливи, инаку риба, лигњи-никако. :worried:
     
  8. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Од морска храна имам пробано само лигњи, и не ми се допаднаа баш :P Инаку сакам да пробам ракчиња :)
     
  9. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    43
    Уфф, јас со моите 16 години сеуште немам пробано морска храна, а многу ми е некако привлечна :)
    Би сакала да пробам школки..
     
  10. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    дефинитивно не не ја можам :) ;) :D
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.628
    Допаѓања:
    106.619
    Пол:
    Женски
    морските плодови не ми се допаѓаат баш ама затоа во октопод и краби се давам :)
     
  12. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Бљак! Ми се грози од самата помисла. Некои ги обожаваат ама јас кога ќе ги видам, ми се превртува желудникот :puke:
     
  13. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Најубавото нешто ! Морските плодови ги сакам највеке особено ракчињата ...
     
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Ја обожаааааваааааааааам :inlove: Посебно октопод. Пусти октопод многу е скап, 1200 денари порција :o
     
  15. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    :puke:
    Едно смајли ....1000 зборови...
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    леле, ме потсети, во бугарија јадев Mиди! (школки) во Hесебар, поховани беа!
    лелееееее :inlove: :inlove: лиѓи ми течат само кога ќе ги помислам
    прекраснотии! прекраснотииии!!!! :D
    обожавам , само што овде кај нас се навистина скапи!
    исто, обожавам икри, ние стално риби имаме по дома, еден куп икри од нив, кога ќе им седнам :mm: :mm:
    од риби само ајкулата ми е вкусна, а и не е скапа, убаво месо е! вака многу многу риба не сакам!
    ама школки ракчиња лугњи октоподи!
    крај!
     
    На J.Ivanoska му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    Обожавам морска храна. Сега не сум нешто вешта во правење, ама се учам :lol: Сакам лигњи на скара во Боними, октоподче на скара. Сакам шкампи, и најчесто ги вметнувам во рижото, обожавам тестенина со шкампи- како таљатели, шпагети. Shrimp cocktail -салата со шкампи. Краби(оние стапчињата) во салата. Поховани лигњи, полнети лигњи, лосос, ослич, скуша. Пица со морски плодови
    Школки не сакам, до сега имам два пати јадено и ми се :puke:
     
  18. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Не сум пробала, ниту помислувам на тоа.
    Одвратна ми е. -.-
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    пица со морски плодови до сега не сум пробала! има кај нас???
    Jас имам јадено палачинка со лигњи краби октопод школки предходно направени на скара, и плус со некои сосови............ :mm: :mm: :mm: :mm: врв беше јадењето, ама кај нас не верувам да има :D
    A за пицава, лп, ако има кај нас, каде, па во иднина сигурно ќе ја пробам!
    и за лигњиве
    во боними инфо во лп, каде е тоа, цена вкусно ли е итн :D
     
  20. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Лудо скоро секаде има таква пица, фрути ди маре, конкретно Ања, Плаза де торос, Балила...има мислам секаде... и да пробаш, мене не ми беше нешто посебно, не ми иде леб со морски плодови никако, ама важно има кај да пробаш :)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.