^ Пица со морски плодови- или пак фрути ди маре имам јадено од Пица Фамилија( ќе ти пуштам линк по лп). А има сакаде како што ти кажа Енца. Во Ања, Балила.. Во Боними ти се вика пицата морски свет и мислам дека е околу - 230/250 денари. Порано во Боними кое беше кај соборна се спремаа лигњи и остали ствари на скара, сега во новото на почетокот беше само за стални гости и со преходна најава. Вака дали го имаат на редовно мени незнам( мм е многу добар другар со Курто). Сега се наоѓа во Хипериум зградата позади МИДА Форд на Илинденска.
Сакам и ја обожавам морската храна. Кај нас по Мк си сакам се што е поховано и убаво спржено, евентуално на скара некоја риба или печена. Не експериментирам многу зашто знам дека се замрзнати и бог знае од кај патуваат и колку пати се одмрзнувани и замрзнувани (морските плодови ) али пак затоа на одмор буквално се давам во такви салати. Најубава ми е онаа со инчуи (жива риба и многу солена) и разновиден зеленчук.
Јаа обожавамм морска храна и често си јаадам во некојј Морски ресторан!! Сите што не пробале да пробате !! Нема да се каете !! хДхД
Мене ми е многу убава морската храна, мајка ми дома ги приготвува. Најчесто прави лигњи, микс од морски плодови и Спојлер http://inastya.files.wordpress.com/2007/07/bakso-sea-food.jpg не ми текнува како се викаат тие црвените со бело па затоа слика и ги јадеме во комбинација со варен зеленчук . Кога бев пред неколлку години во Бугарија пробав ајкула, школки едни раколца ги викаа и ќе кажам дека е многу вкусно посебно ајкулата.
Ммм, ја обожавам! Сега на одмор во Грција, не пропуштив да јадам каламари - лигњи на жар со лимон и магдонос... Превкусна ми е, иако од неа не можам да заспијам Си приготвувам доста често, салата од шкампи со сенф сос, стапчиња од краби во комбинација со маслиново масло и оригано... Октопод имам еднаш пробано, не ме бендиса нешто посебно. Мирисот, е тоа е зависноста, како да го вкусуваш цело море!
Моето искуство беше одвратно. На сето противење ,ми сервираа лигњи со лимон и октопод ! Еднаш пробав и едвај го голтнав ,свеста ми се зеде од гадотии ! Хорор ! После тоа не сакав ни лимон да каснам ,ме потсеќаше на лигњите
Едноставно обожавам , мојата омилена храна . Искрено да ви кажам овде кај нас не е исто подготвена и не е толку свежа како во другите држави како на пример Грција . Јас сега се враќам од таму и јадев : школки, ракови, лиѓни, разни видови на мрски риби и што ли уште не. Исто така е многу убава пицата со морски плодови. Здраво си е здраво , знам што да јадам
Има една поговорка, нешто како Јади морски плодови, само таму каде што го гледаш морето. Овие морски плодови што ги има по нашиве маркети, длабоко замрзнати, мене ми се со сомнителен квалитет. Сум слушнала дека овие организми имаат својство да ги апсорбираат токсичните и радиоактивните материи од морето. Затоа е важно од каде се донесени. Не дека ние јадеме морски плодови секој ден, но не е лошо да се знае. Посебно по последниве настани во Јапонија. Исто би требало да важи и за рибите.
Јас сум заљубена во грнето со морски плодови во кинескиот ресторан кај Соборна. Ау, прсти да излижеш! Голем љубител сум на морска храна, од ракчиња до октопод, во секакви сосови, мх, мх, мх!
Ух морската храна ми станува една од омилените. Школки со најразлични сосови, црн ориз со мастило од октопод, сендвич од шкампи со секакви преливи, најубвата супа што нкогаш сум ја јадела е од рак. Салата од октопод обожавам. Лигњи поховани. Немам коментар! Само хедноистички уживам кога ја конзумирам!
Немам пробано многу видови на морска храна, но самата помисла на јадење на лигња, октопод или школка ми е гадна...и немам мерак за неа ни да ја пробам како што имам пример за мексиканската... Нормално риба јадам и ја обожавам, особено пржена, ама сум пробала и ракчиња и не ми се ништо посебно , онака... ААА да и после живата школка што ја пробав нема да ми текне пак школка да ставам во уста
хаха душо викаш имаат грозен вкус а не си ги пробала е баш е спротивно (според мене) прекрасни се и ем се здрави... Тие црвените се викаат сурими стапчиња
Мх, мх кај ја видов темава ми се пријаде сега Воопшто не ми е гад дали е лигаво, не ги јадам живи , ма да знам и луѓе што јадеа живи школки Имам пробано октопод, лигњи и школки, на скара и пржени. Октопод ми е најубаво нешто и на скара и варен преубав ми е. Лигњите на второ место, *пред недела си испржив на наједноставен начин (ги ставив само во измешано јајце со презла, ги испржив, им ставив сол и исцедив лимон над нив) и пак ми беа преубави. Школки, не ми прават нешто мерак, на последно место ги ставам. Како и да е мене морскава храна ми е преубава, да можам секој ден би јадела.
Имам некоја одбивност кон оваа храна... Неможам ниту да ја гледам, ниту да ја јадам. А да не зборам па за мирисот од истата
Имам пробано само јастог и не ми се допадна,ама не до толку да повратам,инаку друго ништо,тоа лиѓњите кога ќе ги видам такви уфф како мрсул ми се,па колку сака нека се вкусни не ги пробувам.Само сакам ракчиња на скара да пробам,многу ми ги фалат.
мразам риби!! неможам да го поднесам и нивниот мирис ама за чудо шкампи обожавам(само тоа од морската храна сакам)
Мислам дека никогаш нема да се премислам во врска со морската храна...Тие лигави суштества не би сакала да ги вкусам некогаш.
Јас сум ти тип кој сака да експериментира со многу работи ама со храната НЕ. Значи ниту на изглед ме привлекува морската храна, ми изгледа премногу и немам храброст да пробам и мислам дека никогаш нема да пробам. Може морската храна е превкусна и неколку луѓе ми имаат потврдено дека е така мене ми е дури језива и помислата да пробам морска храна.