Јас до сега од морска храна сум прибала само риба, различни видови на риба, ама сакам да пробам баш се! Ракчиња,школки,лигњи... шта било!
јадам пастрмка, само опаши тоа, оние мали рипчиња, сардини, во конзерва, потоа лигњи, сум пробала месо од ајкула ама не ми се допаѓаше, потоа полжави, не ми текнува на укусот,знам само дека треба многу да се жвакаат.А би сакала да пробам рак,школки. Само да ви кажам за лигњите.. не се гадни или нешто. Сцушност се како пилешко месо во облик на круг. Пробајте!
Обожавам се од морска храна, а најмногу остриги и шкампи. Похованите лигњи ми се обични во секое време можеш да купиш од амркет и да ги запржиш дома, но сосема нешто друго е свежата лигња малку запечена на жар, одозгора со лимонче, прсти да излижеш. Исто и сипичките ми се допаѓаат многу . Јадев една салата со морски плодови ми се чини дека вкусот ми е сеуште во уста, имаше школки извадени од оклопите, октопод, ракчиња, лигња и уште нешто, неможев баш да забележам се, рукола имаше и некој прелив од павлака, деликатес!
Сакам морска храна,а особно риба .Еднаш јадев на скара ракчиња и беа феноменални .Имам јадено и други морски плодови и таква пица. Шкампи,ракчиња, октопод,школки ... И секако многу сакам риба,ама најмногу ја сакам кога е пржена,онаква изгорена,како наполитанка е.
Аууууууууууууу...обожавам морска храна, дури и повеќе ја засакав од месото Најомиелни ми се похованите лигњи со сос. Ги јадев во едно ресторанче, покар езеро во Словенија за прв пат и можеби и затоа толку се вљубив во нив Инаку сакам и сурими стапчиња, некои луѓе краби ги викаат, месо од ајклула ммммм... ама многу е тешко тоа нејзино месо ни пола парче не се јаде, ама вкусно е ....И рибиии, посебно оние татко ми што ги готвии прекрасно нешто
Да можам би живеела на таква храна се имам пробано особено лигњи(поховни,директ од море Па напраени, на скара ,у салата,не пица,у шпагети)сите видови риба(највкусна е скуша а најбезвкус е панга нз зашто)школките се убави,тие едни стапчиња нз како се викаа,октопод и др.
Освен различни видови морска риба, од морските плодови немам пробано ама баш ништо. Таман ќе се решам да нарачам или да купам нешто за сама да приготвам и ќе ми светне дека можеби нема да ми се допадне ништо од тоа и џабе фрлени пари и време. Сепак сакам да пробам школки, ракчиња, па и лигњи, зошто да не. Октоподот ми е малце језив, а татко ми нон-стоп труби дека тоа било највкусното нешто што го пробал. Морам да пробам, па мајка Јана да е!