Ова ми е омилената храна на менито. Буквално се давам во неа, можам да живеам на школки, лигњи, ракови, риби.. Лосос - Пошто бил као многу здрав, моите се договорија секоја недела по еднаш да јадеме и тоа веќе трае 2 месеци... Фрути ди маре- најубавта пица со морски плодови, иако ретко каде ја прават убава. Па уште коа ќе отидеме на море со моите, ставам маска, зимам кофа и главна преокупација - барање школки! Па мајка ми ќе ги спреми со ориз и МХ МХ ( Алачки ) прекрасно.
Како што си ја сакам рибата, ги сакам и морските специјалитети. Прво место давам на октоподот. Толку вкусно не очекував да биде кога прв пат пробав. Потоа следат лигњите. И тие навистина се вкусни. Имам јадено и школки. Сето тоа е супер, само кај нас нема некаква навика за јадење на оваа храна. Немаме море и сме оттргнати од морската храна, која нели за наши стандарди е и поскапа. Исто така мислам дека е и до навиката, не сме навикнати па затоа на многумина не им се допаѓа. Јас сум си гурман и си јадам специјалитети од други кујни, далеку поразлични од нашата.
Во Скопје не јадам морска храна никогаш.Ни дома, ни надвор.Во 99,9% случаи е замрзната или бајата и без вкус.Хибридна.... А, кога би живеела некаде на море, мислам дека морската храна би била ,,главна,, на моето мени. Секогаш кога одам некаде каде што во близина има море, не пропуштам да јадам нешто такво. Најчесто тоа е Солун.Како што некои му се радуваат на грчкото гиро, јас и се радувам на морската храна како мало детенце Лигни, октопод, школки....што и да е, уживам до бескрај во вкусот!
сакам риба многу- ослиќ, скуша, лосос, туна а исто така сум пробала школки, јастог, лигњите ги сакам посебно
Имам јадено ракчиња,школки,краби,морска риба,октопод и превкусно ми е се.Кај нас како прво нема избор,а како второ и да купиш замрзнати ракчиња за да зготвиш смрдат на рибино масло и се стари прастари. Свежи краби сварени во солена вода и копар е многу вкусно,крши-јади.Ракчињата ги сакам цели и само варени и пржени во лук,копар,путер и неутрална хопла.
Само ракчиња имам јадено од морска храна, како сунгери се многу вкусни ги има во секој маркет чистени само да си ги испржиш. Не им треба ништо зачин а и многу се богати со омега.
Ја обожавам поцебно лигњи, ракчиња и школки во комбинација со шпагети како манџа. Заситува а нема многу калории(или пак има а се лажам дека нема и јадам на раат)
Леле, не ја можам ич со исклучок на ракчиња и октопод ама тој зависи како е приготвен (похован го сакам него). Иначе останато... Летово на одмор нарачав тестенини со морски плодови, абе све ми остана, а па и прилично скапа беше порцијата. Стиснав нос 2-3 пати, ај може ќе биде (за парите ако не за друго ) ... не бе, не бива и не бива. Си ја тргнав настрана чинијата, си погрицкав од лебчето на скара на дечко ми и толку беше. Инаку дома многу често си приготвувам сурими ракчиња замрзнати и они ми се супер. Риба исто сакам доста.
Риба - скуша, туна, ослиќ,пастрмка. Лигњите ги мразам, а јастогот ми е одвратен. Школки имам пробано, но не ми се допаѓаат.
Сум ја отворила темава пред 4-5 години и еве ме пак. Сега со сосема ново мислење во врска со морската храна. Видов - пробав - се заљубив Лигњи, ракчиња, лосос, октопод и други видови на морска храна... Кога пробав сфатив што сум пропуштила до сега. Не заситува, но вкусно е. Барем за луѓе како мене кои се во потрага по нови вкусови.
Kako mozam da znam dali sum alergicna na morski plodovi bez da imam probano? Mnogu luge se alergicni i doma ne mi dozvoluvaat da jadam takva hrana. Dali moze da se doznae ako napravam test za alergii?