Obozavam morski plodovi !! Isto taka,vo kombinacija so rizoto, testenini, pizza ili salati, prevkusni se.
Девојки, ајде и овде да пишам, некаков рецепт за сос или нешто што ќе оди со ракчиња и школки? Инаку, преубава храна, ја обожавам! Барав низ рецептите, не најдов никаде.
Не јадам често морска храна ама ако некој сака за проба миксот на замрзнати морски плодови е превкусен во комбинација рижото или тестенини со доматен сос, специфичен мирис и вкус, малку тешко сварлива храна ама сепак ми се слатки
Обожавам морски плодови.Имам пробано лигњи, сипа, октопод и ракчиња.Се ми се допаѓа.Дури и мајка ми научи да ги спрема по дома и обавезно еднаш неделно ми прави нешто од ова, купува од смрзнатите на Метро. Наредно да пробам ми се школките. И воопшто не ми смета миризбата за разлика од миризбата на рибата од која бегам на километри. @blonde_supergirl касно читам моја препорака ти се лигњи на Бела Бузара, превкусни се. Повели рецепт https://www.kulinarika.net/recepti/16964/morska-hrana/lignji-na-buzaro/
Не ги можам ич. Не можам да ги гледам не да ги јадам, имам таков сенс на превртување црева поготово ако се со очи а се многу здрави...
Свежо тешко, нема Македонија море. Јас 2 год. По ред користам смрзнати од Метро најчесто.Имам пробувано и од други фирми и се е океј превкусни се.Тешко свежи.
Во лето морската храна ми е на прво место особено на одмор покрај море. Омилено ми е рижото со морски плодови. Едно лето претерав со школки па завршив на заразно. Врска немав дека школките се внесувале во одредена граница бидејќи спаѓаат во потешка храна. Исто каламари со лимонче е врв.
Најмногу октопод со чаша ладно бело вино....после долг и жежок ден во лето не би смислила подобар начин да го поминам попладнето.*
За времето на велигденските пости ми дојде мерак по еден специјалитет од Мексико што многу ми недостигаше со ракчиња. Се трудев да го готвам со нај автентичен вкус и беше хит па го додадов во мојот блог. Ви го споделам, се надевам дека за жежките денови во лето ке ви освеши малку! https://meksikanskakujna.blogspot.com/2019/05/coctel-de-camarones.html
Луѓе дали некој има јадено јастог/lobster и со каков сос? Како се готви? Толку сакам да пробам да си направам дома..пишете девојки плиззз
Морски плодови обожавам многу. Сега барам јас рецепти за шпагети, тестенини да содржат и морски плодови , ммм..