1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Морско Прасе - Домашно милениче

Дискусија во 'Дом' започната од TheGirlNextDoor, 26 јануари 2012.

  1. TheGirlNextDoor

    TheGirlNextDoor Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    81
    Барав низ форумов ваква некоја тема за љубителите на овие животинчиња, минијатурни и слатки :D
    Јас лично многу сакам да си купам едно и да си чувам ама уште сум во фаза на кандисвање на мојте дома бидејќи мајка ми има страв и бега од се налик на глушец |( :lol: а татко ми по дифолт не поднесва животни ама ќе ги кандисам некако преубави ми се прасенцата.
    Да се навратам на мотивацијата за отварање на темава значи сите оние кои имале искуство со чување на овие животинки или сеуште ги имаат да им помогнат да дознаат нешто повеќе на оние кои се заинтересирани за такво домашно милениче или да препорачаат како идеа за некој шо незнае што да чува зошто баш морско прасе, начин на одржување, предности и слабости :rofl:
     
  2. Lali-Esposito

    Lali-Esposito Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Јас како помала чував и е многу слатко и е многу мирно како да го немаш е. И мајка ми не сака многу животни ама се околу него можеш да правиш сама. Живеат во аквариум и ти треба секој ден да му ја менуваш водата за пење. И на неколку дена да му менуваш пиљевиња. Јаде марули,моркови,јаболка и мислам дека имаат и специјална храна која се купува. Не живеат многу, моето живееше 3 години :( .
    Се надевам ти помогнав и со среќа во убедувањето :)
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC00036.JPG
      DSC00036.JPG
      Големина на фајлот:
      190,4 KB
      Прегледи:
      1.012
    • DSC00023.JPG
      DSC00023.JPG
      Големина на фајлот:
      249,6 KB
      Прегледи:
      1.011
    На Veki4kaa и Bubachka им се допаѓа ова.
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Јас чував прасенце многу одамна. Искрено не се сеќавам ни како дознав за животниве (имав околу 9 години и не користев нет, сигурно сум прочитала во некој весник), ама ми беа слатки ептен. Побарав и добив, но дома органски не го вареа. Само јас го сакав.
    Го чувавме во аквариум, го храневме со една посебна храна на чие точно име не се сеќавам, но беше составена од семки, сончогледи и такви слични работи, му менувавме секојдневно вода и на два-три дена пелевина. Е тоа со пелевината ми беше смрт. Смрдеше корнеше, аквариумот го миевме надвор со црево.
    Додуше го миеше мама, а јас го држев прасето.
    Покрај неговата храна добиваше јаболка, краставици, моркови...
    Бидејки го чувавме во ходник и тоа на доста „фрекфентно“ место каде постојано некој минуваше, овој почна да се тегне до врвот на аквариумот и да цивка за да му се даде храна. Еднаш дури и скокна надвор. Среќа баба ми го прибра, којзнае каде ќе се пикнеше.
    Смртта не му ја дочекав бидејки ми помина меракот што се вели, па уште истото лето кога го зедов, истото и го дадов. Т.е. дедо му најде нов газда и го даде.
    Јас повторно не би зела, можеби не шетаат низ куќа и не прават којзнае какви бељи, ама тоа менување на пелевина ми беше ужасно. Плус ако не ја смениш на време, цел ходник смрдеше, а летно време беше: отворени врати и прозорци. Не сакам да замислам како ќе ми беше на зима, кога се би било затворено.
    Сепак, ако ти толку сакаш земи си, освен пелевината други поголеми обврски нема да имаш. :)
     
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.813
    Допаѓања:
    38.290
    Пол:
    Женски
    Jaс чував и ми живееше околу 10тина години.Колку го сакав само и да бидам искрена уште ми недостига понекогаш.Многу мирни и мили животинки се и многу се приврзуваат.
    За нив треба повеќе грижа отколку за хрчак, пелевината му ја менувавме на 2 дена и го бањавме на 4 отприлика.Тие сакаат вода и моето обожаваше да го бањаат.Мој совет храни го со домашна храна, значи марула, салати, зелка, овошје и зеленчук, понекогаш може житарици, кога се храни со ваква храна многу е повитален подолго живее и поздрав е нормално, е сега резултат е понечиста пелевина и почесто менување на истата ама вреди.Нашето беше 9 год и слободно можев да кажам дека има само две.
    Ем не се досадни, квичкаат, се галат ако ги запоствуваш се тегнат на аквариум и бараат внимание...му треба грижа ама стварно се мили.Јас и Гиле(така се викаше :D ) си е сакавме многу за мене особено беше приврзано кога јас бев отсутна штрајкуваше со глад и секогаш го наоѓав слабо и изнемоштено, најмногу ми се радуваше кога се враќав дома...
    Ах се потсетив и стварно ми недостига, чував многу животинки и сега чувам ама морското прасе е посебно.
     
    На cresa-jagoda и TheGirlNextDoor им се допаѓа ова.
  5. TheGirlNextDoor

    TheGirlNextDoor Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    81
    Лали преслатко ти е (т.е. било :D ) прасенцето.
    Ејнџел имам читано по интернетов дека ако е во кафез (овие што имаат како пластичен долен дел) помалку смрди колку е вистинито незнам :lol:
    1209 баш дека се поприврзувачки од хрчаците ги сакам нив наместо хрчаци :rofl: брачед ми зеде хрчак пред неколку недели црно-бел му е и му има земено една пластична топка со која ровари то низ куќа и многу штосно е ко го видоф се тркала со таја топката ми идеше дома да си го земам хуху :wasntme: :wasntme:
     
  6. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    И јас си чував, првото ми беше поклон од дечко ми и ми умре после една недела :( Па си земав друго и секогаш кога ќе ми го слушнеше гласот си потпевнуваше :) Душаааааааааа :inlove: И така едно сабајле после 6/7 месеци станувам и глеам си легнало малото во куќичка и неможеше да мрдна со задните ноџиња и дур го однесам на ветеринар ми умрееее :(
    Исто вакво беше
    [​IMG]
    Негде читав дека има и повеќе раси.
    Еден ден ако се решам пак да чувам вакво ќе барам :$
    [​IMG]
     
  7. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    јас чував морско прасе околу три години во аквариум. Искрено мислам дека повеќе смрди пилевината доколку го храните прасето со овоШје и зеленчук затоа што така повеќе моча. Инаку моето понекогас го пуштав да шета затоа што кога ке му ги дадев рацете самото ми доагаше бидејки некако не сакаше да излегува надвор од аквариумот. Мили животни се ама искрено мене многу ми здосаде, пилевината е голема обврска плус тоа ептен смрди. Инаку многу цивкаат моето на секое отварање на фрижидерот цивкаше кога ќе го слушне звукот исто на секое шушкање со кеса цивкаше и тоа многу гласно. Не го препрачувам за домашно милениче, затоа што колку и д аја менувате пилевината таа пак смрди прасето сере на секоја минута и мочка цело време така да ако се затворени вратите во собата, собата не мириса убаво. А знам дека морските прасиња не се чуваат на сонце и не смее многу да се проветрува затоа што тоа му штети му треба собна температура.
     
  8. TheGirlNextDoor

    TheGirlNextDoor Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    81
    awwwww алана колку ти било слатко прасулето ... а тие кославите какво што велиш дека ќе бараш не ми се убави мене :lol:
     
  9. Bubachka

    Bubachka Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    41
    еве го моето прасуле, го чувам три месеци, и баш ни е супер.. :) редовно менувам пиљевина и немам проблем околу миризбата. :inlove: :)
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC00282.JPG
      DSC00282.JPG
      Големина на фајлот:
      182,5 KB
      Прегледи:
      908
    На cresa-jagoda, TheGirlNextDoor и 1209 им се допаѓа ова.
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    И јас имам чувано морско прасе, само не би кажала дека е едноставно за чување.
    Јас секое животно што го имам донесено дома секогаш е пуштено слободно да се шета, па затоа и не ми беше баш едноставно. Не правеше големи бељи, имаше место каде да кака и мочка, па скоро секогаш таму си вршеше физиолошките потреби :lol:
    А еве ви и слика од Гвидо мој (Бог да го прости :?: )
     

    Прикачени фајлови:

    • gvido.jpg
      gvido.jpg
      Големина на фајлот:
      7,9 KB
      Прегледи:
      901
  11. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Тие што планират да си земат подобро да не земат ја ко мала имав и коа роди си ги изеде бебињата. ;(
    земете си хрчак или зајаче :) .
     
  12. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Хрчакот си ги јаде младите(со сигурност), а за морските прасиња не сум слушнала...
     
  13. TheGirlNextDoor

    TheGirlNextDoor Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    81
    Сара, доколку се одлучи некој да чува повеќе морски прасиња се препорачува да се од ист пол (и тоа женки бидејќи кај мажјаците се јавува инстинктот за доминантност) за да го нема твојот проблем :rofl: а МеУ и јас имам читано дека хрчаците ги јадат малите за прсенцава не сум сигурна :lol:
     
  14. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Хрчакот 100% си ги јаде малите, со мои очи имам видено :doh: А секаде пишува дека не треба да се тргаат од мајката пошто ќе умрат. Откако ќе се породи треба да се додава многу протеинска храна за мајката, за да не осети потреба да ги јаде. Ама некогаш ни тоа не помага, со што сакаш храни ја ако решила ќе ги изеде.
     
  15. papagal4e

    papagal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    135
    Јас не сум слуснала дека си ги јадат младите но едни луге што ги познаваме чуваат тие имаат 5 но не ги јадат малите ако имате видено тоа сигурно било машкото треба да бидат одвоени.
     
  16. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    И јас чував порано, баш ме потсетивте на неа. Не се препорачува да се чуваат во аквариум, туку во некој поотворен простор, поради протокот на воздух. Јас ја чував во долната површина од кафез за птици, а таа пак, за да не ми расфрла пилевина низ соба кога се движеше, ми беше ставена во поголема кутија. Ауууу, баш ми фали моето морско прасенце. Не се многу комплицирани за чување, многу се слатки. Јас мојата баш ја малтретирав, ја гушкав, ја бацував :D :D Кога ќе и го подадев прстот, нежно ме грицкаше со запчињата и јазичето :inlove: Кога беше гладна знаеше да ме потсети со тоа што ќе почнеше да ми тропка (грицка) по пластиката, па и да спиев станував да и дадам јадење. Не ја сакаше купечката храна. Најмногу јадеше краставици, морков и трева. Вода и стававме на почетокот ама кога видовме дека не ја пие, престанавме (течности си добиваше од зеленчукот). Живееше околу 7 години. ;(
    Се расприкажав..
     
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    A демек хрчаџите и Зајците не си ги јадат бебињата.
    имаше дечко ми морско прасе, му умре пред неколку дена.
    Hежни животни се,чувствителни, не се дружељубиви, само се слатки,така да јас многу многу не ги препорачувам за милениче, не дај боже карање по дома вриштење, отиде прасето од инфаркт.
    Xрчаците се смешни, ама навистина се многу смешни, се додека не те каснат :D и зајчињата се слатки, ама луѓе, не се ни тие дружељубиви, некогаш може да те бакнат неколку пати со јазичето,и тоа е се, барем со мене се такви, со дечко ми се доста поопуштени :D .
    Jас сум за маче и куче, поготово за куче, ама кучето си е одговорност :) Kако мало бебе да имаш.
    Tака да можете и маче да си земете, тие се многу посамостални, и немате многу замарање околу нив :)
     
    На TheGirlNextDoor му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Јас имав и машко и женско морско прасе пред неколку години. Женката роди седум бебиња и НЕ ги изеде, значи ги исчував, пораснаа и потоа ги подарив. А другарка моја имаше хрчаци (исто машко и женско) и кога роди женката мали хрчачиња, ги изеде :(
     
  19. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    За хрчаците не знам да кажам зошто не сум чувала, но зајаците си ги јадат малите само ако немаат доволно витамини :!: Татко ми чува зајаци и никогаш му се нема случено мајката да изеде зајаче :!: Има некои луге навистина кажуваат дека ги јадат, но кај нас никогаш се нема случено.
     
  20. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    17.214
    Пол:
    Женски
    ја имав женско морско прасе се опраси и нема врска не ги изеде малите напротив многу се грижеше за нив, кај одеше она тие позади неа еве вака беа како на сликава само моето имаше две и беа многу мили, само многу нежни животинчиња се,треба многу да се пази на нив, ако се одлучите за нив треба да се грижите за нив многу добро, многу се мили,слатки и питоми. Јас сега имам машко стеве и е срце, секогаш е пуштен и кога ќе му викнеме Ајде стеве дојди, одма иде, и кај и да одам ја или мама по дома иде по нас како кученце е. многу е мило еве ви слика да го видите
     

    Прикачени фајлови:

    На 1209 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.