ауу јас вакво нешто неможам да чувам ...но многу се слатки посебно што велите за пеливината дека многу смрди но како ги одржавате прасињата дали има давате некакви апчиња или и они се вакцинираат а дали ѓи бајнате?
извинете од телефон сум па не видов во претходните одг.Ке може некоу да ми каже коуа е цената на морското прасе?фала ви однапред.
Секој што сака да си купи нека не се двоуми нека си земе ) Од искуство кажувам дека се преслатки животинчиња (чувам машко прасенце) значи многу се лесни за одржување. Пилевина му менувам на 4-5 дена во зависност колку му е извалкано. Јаде буквално секаков зеленчук , а најомилени им се зеленчуците со зелена боја (посебно обожаваат марула) , јадат и овошје меѓутоа не треба да им се дава многу бидејќи имаат шеќер. Му купувам и плус специјална сува храна, а исто така обожава и сено(кое се продава во продавница за миленици) Водата му ја менувам секој ден од причина што сакам да пие чиста и свежа водичка. Најинтересно од се е тоа што испуштаат различни звуци за нештата што им се случуваат во моментот така на пример кога е нервозно испушта еден звук а кога е среќно буквално скока од радост.Не е пожелно да се чуваат во пар бидејќи мажјакот ќе сака да ја пари женката цело време (а женките смеат да се парат само до 1 година бидејќи ако се спарат над 1 година можат и да умрат бидејќи карлицата им се шири и неможат да ги родат малечките ), и ако се две машки нормално ќе се тепаат за територија. Најважно од се е дека животниот век им се проценува од 6 до 8 години а можат да доживеат и до десета година (моето има веќе 4 ). Бидејќи ми е жал цело време да биде затворен во кафез (препорачано е да живеат во кафез бидејќи мора да им струи воздухот, а во аквариум нема како, кафезот што јас го купив чини 1400 денари) го вадам надвор да си трчка или на тераса со мој надзор нормално (ако имате двор за нив е одлично). Исто така е препорачливо да се бањаат еднаш во месецот (или во леген со млака вода, наполнет малку за да може да стои внатре или во када наполнето со малку вода) и никако сушење со фен бидејќи слухот на морските прасиња им е премногу остелив значи не смее во нивна близина гласна музика,викање или дерење. Толку од мене ако има некој нешто да праша слободно. Поздрав
и мине така ми умреа претходните две! им откажа задните ножиња и умреа! А инаку се премногу питоми, јас моето сега што го имам стеве се вика имам пишано поназад, многу е паметен и срцкаст, многу си го сакам, значи си го знае името, пуштен е во соба скоро секогаш и кога ќе му викнеме - стеве дојди и иде по нас, или ако му зашуштиш со кесе мисли храна дека е трча и цивка по нас многу сака да се гали! многу слатки животни се
Мислам дека беше околу 300-400 ден или повеќе... Ги гледав во пет шопите. Едит: Не купувајте од пет шоп видете на реклама5 или пазар3 еве линкови: http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Classif ... pe=ForSale http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=814591 http://reklama5.mk/Sale.aspx?category=1 ... egory=1061
души најубај и јас сакав да си земам ама ми рекоја мн нежни биле ќе ми пцојсале а кај нас едно е 800-900 денари и се премислив..ама сеуште ми е неостварена желба...
^ Ако можеш некогаш посети го Скопје-Центар. Тука има сега малечки бебенца. Сакав да земам едно, но доволно ми се 2 папагали и една мачка, а сега и куче уште ќе земам и ќе немам за што попрво да се грижам.
јас имам 4 кучиња 2 мачки еден папагал и аквариум со риби имав и водна желка ми пцојса и сега ако му донесам морско прасе ќе ме исфрла од дома сосе него
Глодарите не ги јадат бебињата ако им текне. Ако почувствуваат тие како мајки дека бебињата се на премногу светло или не се доволно здрави, ги јадат и тоа е подобро за сите. Како би му било на малото цел живот да го помине со тешкотии? Затоа мајките се задолжени да го прават тоа. Спојлер Ова го пишувам чисто за информација.
Сакам да прашам дали е нормално на морското прасе да му солзат очите ? Ве молам побрзо доколку некој знае да ми одговори, да знам дали да го носам на ветеринар фала однапред
Пред неколку год чував едно. Просто го обожавав. Помило и послатко животинче мислам дека не постои, во пакет со џуџестите зајчиња . Не е ни тешко за чување. Треба триците редовно да му се менуваат и најбитно не смее да се мокри. Многу се вржав за него, сега размислувам пак да си купам едно па ке видиме
Ете малку да ја живнам темава Сакам да си земам морско прасе од бушавите. Ако може некој да ми каже точно кај можам да најдам и одприлика колкава им е цената.
Во дуќаните за животни, околу 450ден се мислам. Ова ми се пресни информации од вчера, дечко ми прашувал. Ама не се работи за Ск, туку за друг помал град, како и да е претпоставувам тука некаде се со цените. Инаку и јас дома имам морско прасе. Воопшто не е тешко за одржување, пилевината му ја менувам на недела дена, може и повеќе зависи колку му е чиста. Обично кога јаде сува храна, подолго време му останува чиста, а кога е на зеленчук, брзо му се гнаси. Не е захтевно животно, си цика само кога му се јаде, или кога му е гнасно па треба да се менува пилевина. Гледам овде некој го бањат, јас 3 години го чувам го немам ниеднаш ставено под вода, сам си се чисти како мачките. Јас ептен сум приврзена со него, се надевам ќе ми поживее уште.
Од пет шоп никако! Земи некое од оглас, тоа ќе ти биде попитомо и подолго ќе ти живее. (просечно морско прасе живее 5 години)
Моето морско прасе живееше 10 год, а максимално живеат 12 толку им е векот, 5 е малку.Инаку моето беше од пет шоп нема веза дека не е питомо, баш беше срцка. И ние го бањавме нашето, многу сакаше вода и многу уживаше.