1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Морско Прасе - Домашно милениче

Дискусија во 'Дом' започната од TheGirlNextDoor, 26 јануари 2012.

  1. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    ^ Е, како 10 години? :o Јас прогуглав и на сите страни пишува ова:
    Guinea pig
    Rodent
    The guinea pig, also called the cavy, is a species of rodent belonging to the family Caviidae and the genus Cavia. Despite their common name, these animals are not in the pig family, nor are they from Guinea. Wikipedia
    Scientific name: Cavia porcellus
    Lifespan: 4 – 5 y
    Gestation period: 59 – 72 d (Adult)
    Mass: 0.7 – 1.2 kg (Adult)
    Rank: Species
    Length: 20 – 25 cm (Adult)
    Breeds: Skinny pig, Silkie guinea pig, Guinea pig breed, More
    Или некои имаат спомнато најмногу 7 години... :?:
     
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.802
    Допаѓања:
    38.201
    Пол:
    Женски
    Не бре, ти велам моето го чувавме околу 10тина години, на крај не умре од старост туку од запек.Може има врска со вид, раса, што знам, битно толку го чувавме.Многу беше мило уште го сонувам често како ми трчка по дома.Зависи многу од храната која му ја даваш, ние никако не го храневме со таа готовата храна што е за глодари, јадеше природни житарки кои му ги мешавме, различно семе и свежо овошје и зеленчук.А јас имам читано во енциклопедија дека живеат 12 години максимално, што знам и мене некако многу ми се виде ама вајда поточна е информацијата отколку на нет.
    Битно многу се мили да си земеш и да си го чуваш.
     
  3. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Добро... изгледа се зависи од начинит на одгледување. :)
     
  4. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    17.203
    Девојки можеби ми е глупо прашањево, ама не ми замерувајте :D
    Си најдов морско прасенце, проблемот е што од соседен град морам да го донесам дома со автобус :^)
    Дали би имало некој проблем поради нискиве температура? Нејќам да го носам на душа :sweat:
     
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно морам да го има овој сладок миленик. Моментално чувам хрчак, но планирам потоа да земам морско прасе.
     
  6. irina91

    irina91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Апсолутно љубов се морските прасиња,ама ветеринари кои се разбират за морски прасиња и кои знаат што прават без ти да ги потсетуваш на што лекови можат што не можат се многу малку.Имам чувано 6 морски прасиња до сега од кои 3 моментално чувам :),па и ми се погодија две со долга косичка и едно со цела виткана коса.
    До тие што чувале сте биле на ветеринар, кој ветеринар би го препорачале како добар ? Поздрав :)
     
  7. irina91

    irina91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Хело ,извини вака гледам дека чуваш морско прасенце,па ме интересира на кој ветеринар го носиш?На моево не му е добро а и не ми се носи на секој ретко кој има пракас со нив.Поздрав :)
     
  8. irina91

    irina91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Препорака за добар ветеринар за нив ?Искусен?:)
     
  9. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    17.213
    Пол:
    Женски
    А што му е? Ја првото што го чував го удри ножето и кривеше, и го однесовме на ветеринар, и кога не виде цела фамилија 5-тина ни се изнасмеа, лелее рече цела фамилија сте дошле за едно прасе, рече ништо не му е ќе му помине, и стварно така беше, после тоа живееше многу време, тоа ми умре на 5 години, А Стеве што го имав веќе имаше 7 години и се разболе и си умре од старост. кај него беше нормално. Сега имам друго цело е белко, никогаш доста од нив. а твоето бушавко од каде го купи. многу е убаво, мислев нема такви во МК.
     
  10. Puppy lover

    Puppy lover Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво!
    Би сакала да прашам, на колкава собна температура треба да се чуваат?
     
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.504
    Допаѓања:
    144.206
    Како вас, така и тие. Немаат некоја посебна температура.

    Моето живееше 6 год.
    Минатата недела ни почина. Веројатно од старост. Други знаци немаше, не беше болно.
    Само беше мрзливо. Секогаш си беше во аквариумот. Само таму си трчкаше.
    Не ја сакаше готовата храна за глодари. Јадеше само свеж зеленчук.
     
    На Puppy lover му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Puppy lover

    Puppy lover Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Благодарам на одговорот :)
     
  13. Puppy lover

    Puppy lover Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Исто така, ме интересира, дали полот прави голема разлика? Односно според вас што е подобро, машко или женско?
     
  14. MonikaM113

    MonikaM113 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2018
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    Гледам темава не е активна но навистина ми треба совет околу чувањето на морско прасе. Моето е мало и сега не знам колку храна да му давам а прочитав дека нема контрола колку јаде па акп можете да ми кажете колку да му давам да јаде што да јадее ии слично многу ќе ви бидам благодарна и исто така далу да го бањам и на колку време
     
  15. tropix4e

    tropix4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    140
    Кај ја најдов темава, кај се запустив. Одма се потсетив на моите прасенца. Првите животни што ги натерав моите(односно мајка ми) да ги земеме беа две преслатки морски прасици. Уште ко вчера памтам како ги носевме од пет шопот до дома во кутија за кондури. Едната беше со мазно крзно, а другата ни беше бушавка.
    Кој што сака нека збори ама тоа се невидено дружељубиви животинчиња. Ние намерно ги земавме две женки тогаш. Прво, затоа што кога се повеќе некако подружељубиви се, а второ, затоа што како што кажаа погоре, ако се машки се тепаат за територија и тоа до крај се тепаат, така да не сакавме баш да си правиме боксерски ринг по дома.
    Бушавата ни живееше 3 години мислам. За жал се разболе од нешто што не ни успеавме да дознаеме што беше, пошо се разболе викендски(кога нели секако нашиот ветеринар не работеше) и до понеделник не преживеа. Таа со мазно крзно ни проживеа уште 2-3 години повеќе од бушавкото.
    Ги чувавме во огромен кафез. Значи сериозно кафезот беше со димензии 1м*0,5м*0,5м. Одбравме кафез заради нели поголема циркулација на воздухот, за да не смрдат до тој степен. Плус, јас си имав навика да ги пуштам од кафезот по дома да се шетаат од време на време. Посебно кога ја менувавме пилевината и го миевме нели и самиот кафез. Пилевината им ја менувавме 2 пати неделно(летно време знаевме и на 2-3 дена да ја менуваме, а зимно време и по 4-5дена издржуваа пред да почнат да мирисаат). Ги бањавме по потреба искрено. Не му ја мислевме многу за тоа, пошо они и така си беа чисти и не мирисаа. Најчесто ги бањавме летно време, пошо така нели можевме да ги оставиме природно да си се исушат без да се разболат. Луѓе не знаете колку беа слатки кога ги бањавме. Се сушеа на тој начин што застануваа на задните шепи и се протресуваа цели. Додека ги бањате иначе, важно е да бидат покриени со вода не поќе ода грлото. Ушите, носот и муцето не им ги поливајте, пошо може да им влезе вода во било кое од овие места и да направи проблем. Може со мокра рака само да поминете по главчето, ама внимателно. И да, точно е тоа дека не смее да се сушат со фен, затоа што далеку поосетлив им е звукот од нашиот.
    Јадеа апсолутно се. Значи не знаете. Од овошје до зеленчук до сено до таа сувата храна. Морам да ви нагласам на едно нешто. Мора да им давате и сува храна покрај нели свежа. Нека не е некоја веќе готова, можете и вие да си ја измешате од некои семки, ама не ја испуштајте во никој случај. Зошто? Нашите прекрасни пријателчиња, освен што си ги имаат тие нивни предни забчиња, позади обравчињата си ги кријат и задните заби. Важно е да се хранат и со сува храна, затоа што за разлика од нашите заби(што еднаш ќе пораснат до одредена должина и или ќе останат или ќе паднат) нивните постојано растат и со сувата храна на нив всушност им се стругаат по малку тие забчиња. Кога ќе им израснат до одредена должина почнуваат да им сметаат и после веќе и да им се набиваат во непцата и да им прават рани.
    Ние и двете ги однесовме еднаш на ветеринар на кратење на задните заби. Тогаш испадна дека сувата храна не им одговараше и не ја јадеа. Како што има растеа запчињата, стигнаа до еден момент кога нејќеа ништо да јадат. Ги однесовме тогаш на ветеринар од што не знаевме што да им правиме и им ги скратија задните заби. После тоа им ја сменивме неколку пати сувата храна(земавме повеќе видови купечки) се додека конечно не почнаа да ја јадат колку што требаше. Сеното исто знае да помага за ова ама не до толку добро како сувата храна. Свежа храна им дававме два-три пати во денот и сега зависеше од тоа каков тип на свежа храна им дававме. Нормално не може цел морков да им се даде или патлиџан или што и да е. Давајте им со мера. А и заборавив да кажам за водата. Ние ја менувавме секој ден. И тоа мене знаеа да ме мавнат будалите летно време и да им ја сменам 2-3 пати, пошо им се загреваше многу и жал ми беше да ги оставам со топла вода во топло време. Одев по тој принцип да ако јас не би ја пиела водата во таква состојба, зошто тогаш они да ја пијат таква.
    И така. Си се изнаправив јас муабет ама ако нека. Може ќе му помогне на некој моево непрекинато зборење.
     
    На MonikaM113 му/ѝ се допаѓа ова.