Москва на солзите не им верува... прекрасно дело... искрена, чиста, едноставна, топла и генијално мудра приказна проследена од борбата за животот и иднината, а воедно и опстанокот на три млади девојки од провинција што доаѓаат во Москва да ја испробаат својата среќа. Меѓутоа како да се успее во Москва? Како да се најде вистинскиот рецепт за правиот пат... како да се успее во животот.. на фамилијарен и љубовен план, каде желбите не се сразмерни со можностите? Во понатамошниот тек на приказната, секоја од девојките си ја наоѓа својата љубов.. секоја си го наоѓа своето место во Москва. Но, која е цената? И дали таа е вредна за сите пролеани солзи, понижувања и караници? Људмила, Антонина и Катерина... сонувачите за поубавото... но, сепак само сведоци на тешкиот работнички живот. Девојки кои можеби ќе го разбудат тажното чувство во вас... девојките со кои ќе сочувствувате, кои ќе ги сожалувате, но и ќе ги почитувате. Ова е приказна за сплетките и интригите кои животот нѝ ги полага... ја препорачувам на сите љубители на добрата книга.
Москва на солзите не им верува-(Валентн Черних) Многу убава книга. Има еден дел кога една од девојките Спојлер после добра партија секс вели, среќните луѓе не гледаат на часовник И вистина било
Москва на солзите не им верува-(Валентн Черних) Книгата ја читав пред една година, искрено ми се допадна, но, имаше моменти кои се повторуваат и малку го тупеа
Москва на солзите не им верува-(Валентн Черних) Некои настани се повторуваја и ми беше досадно да читам за работата во комбинатот и сл.Но во глобала ми се допадна. Откако ја прочитав целата книга ме трогна последната реченица “Ќе зборуваме за тоа како добро сме живееле‘‘,дури се навраќав на некои страни по неколку пати, одново и одново ги читав. Навистина Москва не им верува на солзите и оваа борба на девојките за да се издигнат на еден повисок пиедестал во својот живот ми се допадна. И давам
Ja procitav ova leto. Uste dolgo, dolgo ke ja pametam. Knigata ja preporacuvam na citaci vo pozreli godini. Prekrasno delo koe na mnogu navrata ke vi gi otvori ocite. Mnogu me trogna bedotijata na SSSR (vremeto na komunizmot). Ja preporacuvam na site onie koj koj postojano se nezadovolni od materjalnoto, ke naucat deka ima i drugi aspekti zivotot. Vredi da se procita.