Мостот за Терабитија (Кетрин Питерсон)

Discussion in 'Книги' started by ocila, Oct 23, 2012.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Joined:
    Apr 20, 2012
    Messages:
    5,513
    Likes Received:
    1,901
    Ова е приказна за две деца кои со помош на својата имагинација создаваат маѓична шумска земја.
    Во маалото на петтоодделенецот Џес Аронс, се преселува ново девојче Лесли Бурк кое е голем авантурист.
    Тие за краток период стануваат најдобри пријатели и наоѓаат место кое ќе биде само за нив двајца, место каде што ќе можат да побегнат од стварноста и тешкотиите. Тие секој ден по училиштето одат во шумата блиску до нивните куќи.
    Тоа е древна шума со маѓични суштества, место каде што имаат и пријатели, но секако и непријатели. Здружувајќи ги своите сили тие стануваат кралеви на новата земја наречена „Терабитија“. Со помош на терабитијанските војници, тие се борат против џиновскиот трол, месојадците и сите други непријатели кои сакаат да им наштетат. За нивната земја да може да се види, потребен е отворен ум поради што не секој може секој да ја види. Исто така, тие мора да преминат река со помош на јаже за да стигнат на териториите на Терабитија.
    Но еден ден Џес во утрината ќе отиде со својата наставничка во музејот. Во меѓувреме се случува трагедија... Неговата најдобра пријателка Лесли умира давејќи се во реката која води до Терабитија. Џес не може да се помири со тоа. Тој истрчува во шумата барајќи утеха. Тој сè уште има надеж дека во шумата ќе ја најде Лесли, но тоа не се случува. Бидејќи Терабитија останува без кралицата, на нејзино место доаѓа помалата сестра на Џес, Меј Бел. Меј Бел заедно со Џес оди во Терабитија каде што отпрвин не може да види ништо, но потоа ги гледа сите оние маѓични суштества, а на нејзината и на главата на Џес стојат круните направени од Терабитијанците.
     
  2. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Joined:
    Jun 14, 2012
    Messages:
    796
    Likes Received:
    575
    Многу, многу тажна книга, од кога ја прочитав после две недели не можев да престанам да мислам на неа. И филмот е прекрасен.
     
  3. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Joined:
    Jan 29, 2011
    Messages:
    618
    Likes Received:
    2,033
    Луѓе кај да ја најдам книгата ?
     
  4. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Joined:
    Jun 17, 2012
    Messages:
    281
    Likes Received:
    146
    Книгата ја немам читано, ама филмот го гледав и ме остави без зборови, преубав е, ама многу е тажен, мислам дека можел да биде малце поубав направен.. Ама така би се загубило она што приказната навистина е, нели? :^) Ама и вака е доста поучен.. :clap:
     
  5. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Joined:
    May 28, 2011
    Messages:
    1,314
    Likes Received:
    737
    Gender:
    Female
    Јас филмот го гледав доста интересен ми беше и на крај си плачев :( не знаев дека има книга ама ќе ја побарам на нет.
     
  6. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Joined:
    Apr 30, 2012
    Messages:
    1,427
    Likes Received:
    1,935
    Еден од омилените филмови ми е , ама ете , не сум знаела дека има книга..Ај ако некој ја купи нека каже колку пари е , или вака или во лп, да почнам да си штедам :D (најозбилно нека ми пише ... )
    Вака нешто би изгледала, а ? :geek:
    [​IMG]