1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мост преку вечноста - Ричард Бах

Дискусија во 'Книги' започната од Bitter-Sweet, 27 јануари 2017.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.430
    Пол:
    Женски
    Моментално ја читам оваа книга и ми е премногу инспиративна. Затоа, решив да отворам тема за неа и топло да ви препорачам да ја прочитате па се надевам ќе има критики од ваша страна.
    Ричард во книгата пишува за себе, за потрагата по онаа личност која ја нарекуваме сродна душа. Тој веќе си има во главата слика, план, како таа треба да изгледа, не само однадвор туку и одвнатре. Ричард сретнува толку многу жени кои поседуваат делови од она што тој го бара, но никоја од нив не е таа вистинската. Најпосле, ја сретнува Лесли Периш која не се вклопува во неговата слика за сродна душа туку е подобра и од неговата замисла.
    Од мене толку, па сега вие сте на ред. :)