Воопшто не ги сакам мотивациониве писма, се најдобро мора да напишеш внатре, да си се испофалиш буквално и уште повеќе да им ја испофалиш нивната фирма (без разлика дали го мислиш тоа навистина или не) за да ја добиеш работата, а веќе сите писма се работат по шаблон. Според мене најдобро способноста на тој што ќе се вработи се гледа после извесно време поминато на работа во фирмата, а не според однапред напишано мотивационо писмо.
Јас пишувам вакво моментално , само ми треба некој да ми го провери. Ако има некој доброволец нека ми пише ЛП. Фала многу .
И јас мразам да пишувам мотивациски писма ама од него може многу повеќе да дознаат за тебе и да ги истакнеш своите позитивни особини и предности.
А што е со случаите кога сакате да пратите цв и мотивационо писмо во компании каде што во моментот нема објавено оглас? Сигурно нема да го почнете со- Почитувани, го видов вашиот оглас во ххх, нели? Сега сум во дилема како да го почнам во овој случај, другото ми е јасно надолу, ама почетокот...
Најверојатно и ќе ти биде изигнорирано. Тие на оглас не се одзиваат...да не делувам ДЕмотивирачки,ама нашава реалност е таква. Ама у суштина многу погрешно е да се почне мотивационо писмо со делот го видов вашиот оглас дури и да го има. Започни со полетна реченица и зборови,не мора е типичен увод. Нешто ко Мотивирана од идејата бла бла бла бла или со нешто инспиративно.
Значи вака, аплицирав за постдипломски студии за во странство, и требаше да се напише мотивациско писмо, кое всушност беше клучно од целата апликација, и за среќа беше успешно бидејќи ме примија Е сега пак треба да напишам, ама на македонски. И не знам како да го напишам, ако го преведам ова што го пишував за универзитетот смешно звучи .. А и не знам како би требало да изгледа и што да содржи. Поточно се работи за мотивациско писмо кое треба да го доставам со другите документи до Министерството за образование, за конкурсот што е за стипендирање за студии во странство од втор циклус. Тоа што го пишував за универзитетот накратко пишував за желбата да студирам на нивниот универзитет и придобивките што би ги имала по завршување на студиите. А за ова искрено појма немам ни како да го започнам ... Ениуан ?
Сакам да пратам документи за работа како практикант во банка ( во сите, може ке ми излезе среќа за некоја ) но незнам што да напишам во мотивационо писмо, може ли да ми помогне некој
Во Прокредит банка сигурно ќе ти излезе среќа , мислам дека сеуште им трае програмата за млади банкари и практиканти а другите мислам дека не примаат. Во МП ќе си се испофалиш самата себе си и нивната банка, дека си заинтересирана амбициозно за практицирање кај нив, одговорна, точна, завршено образование.....али немаш гаранција дека и ќе те примат утре за работа. Можеби и ќе те примат ако си им добар потрчко (ај да не ти гасам надеж). не сум баш сигурна дали ги читаат или онака ради реда на две на три прочитаат некоја реченица.
фала за советот, знам дека не е сигурно, ама мора од некаде да почнам, барем како практикант неколку месеци да одам да имам што да напишам утре во цв како искуство, вака ептен празно неоди
Уф што не ќе измислат веќе...мене лично молба за прием не ми звучи исто како мотивациско писмо. Молба според мене е она што отприлика изгледа вака некако: До тој и тој (пр. директор на фирмата), Mолба - од..., па во продолжение краток текст: почитуван "господине" тој и тој" молам да бидам примен/а на работа...итн. Мотивациското писмо е поинакво од оваа форма, а доколку знае некој поточно дали грешам нека пише и мене ме интересира ако се работи за иста работа со различно име или ако треба поинаку да биде напишано.
Сакам да споделам ЦВ според европски формат , го имам од другарка ми она студира за европеистика и слични работи, па се надевам ке ви помогне . патем на Инглиш е ... ке го стаам у spoiler за секој случај .. Спојлер Personal information Name Address Telephone Fax E-mail Nationality Date of birth Work experience • Dates (from – to) / • Name and address of employer • Type of business or sector • Occupation or position held • Main activities and responsibilities Education and training • Dates (from – to) • Name and type of organization providing education and training • Principal subjects/occupational skills covered • Title of qualification awarded • Level in national classification (if appropriate) Personal skills and competencies Acquired in the course of life and career but not necessarily covered by formal certificates and diplomas. Mother tongue Other languages • Reading skills • Writing skills • Verbal skills Social skills and competencies Living and working with other people, in multicultural environments, in positions where communication is important and situations where teamwork is essential (for example culture and sports), etc. Organizational skills and competencies Coordination and administration of people, projects and budgets; at work, in voluntary work (for example culture and sports) and at home, etc. Technical skills and competencies With computers, specific kinds of equipment, machinery, etc. Artistic skills and competencies Music, writing, design, etc. Other skills and competencies Competences not mentioned above. Driving licence(s) / Additional information Annexes Ова е Цв-то
Ne mi e jasno,sto ke e mi motivaciono pismo,koga pr. vo oglas pisuva barame cistacka,a rabotniot reon ili visinata na platata ne e zapisana i ne mi odgovara,neli i oni treba da objasnat da dadat motivacija,a ne samo eve mail pa prati cv.
Девојки кога ви пишува "Кандидатите да испратат CV или кратко претставување" се мисли на пропратно (мотивациско) писмо заедно со CV-то? Зашто преку мејл треба да се прати а во однос на позицијата за која се аплицира па.. немам што да има кажам повеќе од она што е напишано во CV то, а нема да видат абер ни од "прилози" Помош
Драги читатели, го пишувам овој пост In a moment of despair со надеж дека некој со одговор(!) ќе го прочита!! Што да им напишам во мотивационото ако првпат воопшто слушам за нив. Башка 'нив" се всушност канцеларија, незнам ни како да ги именувам на почетокот (Драга канцеларија Петковски).... нема вака сигурно ама... пак... Јас длабоко се извиниувам што пишувам два поста едно по друго ама не ми дава да се редактирам
Во десниот агол горе ги пишуваш твоите податоци, име презиме, адреса,телефон, имејл. Под тоа, но од лева страна го пишуваш називот на примачот на писмото-работодавачот, назив на фирмата,дури и да е канцеларија петковски. Под тоа на средина на листот пишуваш мотивационо писмо, letter of motivation,или како и да се бара (молба за прием). Почнуваш со Почитувани, се пријавувам за работно место-пишуваш кое, објавено од Ваша страна на ден ----, во дневниот весник-----. Јас имам завршено тоа и тоа, работено-таму?, имам стекнато -набројуваш, дали вештини, знаења, искуства. Потоа пишуваш зошто си заинтересирана за објавеното место и како би можела да се вклопиш во истото. Ќе напишеш дека во прилог на ова писмо за мотивација доставуваш своја кратка биографија (CV)како поткрепа на твоето искуство и сл. На крај пишуваш дека си им благодарна што одвоиле време за разгледувања на твојата апликација за работа и дека се надеваш дека ќе те контактираат за интервју, со што би продолжила вашата понатамошна соработка. Најдолу го пишуваш твоето име и презиме и долу линија за своерачен потпис.
Препорачливо е мотивационото да е од прилика пола до цела страна, меѓутоа да е синтеза на вашите способности и начинот на кој тие би се вклопиле во профилот на работната позиција за која аплицирате. Би рекла дека мотивационото е јадење бурек за самите себе, во стилот на: „Амбициозна сум и организирана, а токму на тоа се должи (некое искуство кое вреди да се спомне). Меѓу другото, брзо се прилагодувам на нови средини и уживам да работам со луѓе, впрочем и тоа е суштината на маркетинг-позицијата. Многу Ве почитувам како фирма/правно лице/име/ватева и би ми претставувало огромна чест и задоволство доколку ми ја дадете можноста да ги докажам моите најдобри страни, и ве уверувам дека кога работам професионално, давам се од себе за да успеам. Ви благодарам однапред за укажаната чест за разгледувањето на мојата апликација.“ На крај не заборавајте да ставите со почит и очекувам брз одговор. Хоуп ај куд хелп
Во мотивационото писмо најпрво ќе наведеш нешто за себе ама на кратко поради тоа што претпоставувам и CV ртеба да приложиш. Потоа напиши се што знаеш за институцијата за која што аплицираш, твоите позитивни карактеристики, што е она што те разликува од другите и за крај нешто во стил како очекуваш позитивен одговор...