Знаеме дека сме лето, и секоја од нас сонува за позаводливо тело и витка става но ни фали желба и мотивација.. секоја до вас нека прикачи некоја слика од секси девојка било манекенка глумица пеачка без разлика еве јас ќе почнам прва
Мене овие само ме демотивираат и ме убиваат во поим, кога ќе си го видам спојлеров и целулитов, а потоа ќе ја видам Никол со совршеново тело, богами и не ми делува нешто убаво фактот што знам дека никогаш нема да можам да си дозволам липосукција, скапи третмани и личен тренер за одржување на телото. Пробав и вежби и масажи и што уште не, ама целулитот и спојлерот едноставно не си одат. Побогу, цицките отидоа само спојлерот ми стои. Звучам како 12 годишна на Гламстик, знам. Од друга страна, слика од некој понормален, па уште ако има пред/потоа варијанта, и видам што успеале да постигнат, да, би ме мотивирало.
мене и вакви слики ме мотивираат не дека еден ден ке изгледам ваква но доволно да не посигам по фрижидерот и доволно да превземам некоја физичка активност во таа смисла а со многу труд зошто да не изгледаме така има и нормални луѓе што не се од естрадата па цутат каапт по теретани ...
Мене не ме мотивира ниту една жена која има убаво тело незнам зошто но сум приметила, а за други работи како на пример вие феминки кои имате многу козметика ме мотивирате и јас да си купувам се повеќе и повеќе