Самиот наслов си кажува, епа повелете феминки, пишете ја вашата љубовна приказна, од тоа како сте се запознале, како сте почнале да идете, кавги/проблеми/изненадување/доживување, колку време, како сте се решиле на брак/или ве изненадил со престен....се до ден денес.
Ајде да живне темава малку еве јас ќе се расприкажам значи се запознавме сосема случајно во еден ресторан, јас бев со другарка на ручек, некој другар се поздравуваше онака на поминување кога оп ете го и сегашниов ми мој вереник-другар на другаров и ништо си отидоа (бидејќи случајно се најдоа на истото место). После 2-3 дена ми се јави дечкото сега вереникот дее да не се повторувам и ми вика да се видиме, јас каква што сум одлепена мува не ме лази му викам: а да се јавиш друг ден бидејќи имам работа моментално - возам ролерки и ете го после 2 дена, јас па скроз заборавив и се договоривме да се видиме...иии така почна излегувањето, гледањето, нормално имаше кавги, плачки, но и нормално - убави заеднички моменти...и си теравме така 9 години и нешто кога нему му текна да ме бара додуше зборевме на таа тема доста пати ама ете така ме изненади кога ме побара и битен момент: он ме фаќа на препат и ми вика сакам нешто да ти дадам, а јас у тој момент викам ејјј и јас на тебе бее, упаљачот ти го најдов и си буричкам во ташната и кога го видов он седи и чека со прстенот, ме прашува дали ќе се омажам со него, на што јас одговарам со прашање: ти ова сериозно ли бее или онака ми даваш некој поклон??? му кажав да, ајде ќе те земам шо се секираш и то би било вака у скратена верзија бидејќи нели за 9 години имало доста случки нешто памтам нешто не
Уште малку 6 години, ситно броиме, не издржавме да ги доброиме па си се веривме Е сеа, мојата е интересна приказна која резултира со два пара штикли, за братучетка ми и братучетка му Јас општопознат тип кој не сака журки едвај ме измолија да идам на една таква, во Пржино, домашна журка. Ме скоцкаа, штикличка на сантим ипол и од нив напраив галама, фармерка закината мораше да иде, џемер од другарка на помалата братучетка Катастрофа Двеве кокони се скоцкаа за мување и се сместија баш на убаво место. По некое време дојдоа и моево либе со друштвото, кога го видов сум се ококорила ко којзнае што да сум видела, така ми кажуваа отпосле. Се разбегаа сите по мување, муабетисување, останавме јас и он и се замуабетивме, ми кажа дека славел тој ден роденден и до ден денес се зезаме дека сум му поклон за роденден Од тогаш па се до сега сме се скарале, не дека не, но раскинување и такви работи немало, најинтересно е што сакал да ми раскине на второто гледање, ама сум му била преубава па се предомислил. Е тогаш му кажале дека кога сега не раскинал дека ме жени, така братучед му и гајба пиво ќари. Еве не сега, си живееме заедно и ко за почеток е супер, но до веридба како дојде подобро да не ви кажувам Првото поголемо карање требаше да заврши на два начини, со раскинување или прстен, паметниот мој го избра вистинскиот
Бидејќи сме од исто место си се свиѓавме еден подолг временски период ама никој немаше храброст прв да пристапи. И така една вечер додека безнадежно се гледавме една моја другарка ме праша дали сакам да бидам со него. Нормално одговорив ДА. Излеговме заедно, се запознавме убаво, си кажавме се еден на друг, сите тајни, но немаше ништо повеќе(двајцата имавме врски пред распаѓање и сакавме првин да расчистиме со бившите - да не се засновува нашата врска на изневерување ). И така утредента откако расчистивме со минатото започна нашата врска. И секој ден беше посебен сам за себе. Љубовта се повеќе и повеќе растеше . Поминаа 6 години и точно на годишнината моето срце ме изненади навистина(обично не знае да крие ништо, но тогаш издржал и цела недела не ми кажа дека резервирал соба на бродот во Велес) и ме побара за жена. Откако престанав да се чудам што ми се случило вечерта и откако се уверив дека е вистина кога го видов прстенот(бидејќи претходно имаше генерални проби ама без прстен ) почнав да плачам и прифатив. И така до вчера поминаа осум месеци од нашата свадба, а ние со секој нареден ден сме се позаљубени и позаљубени еден во друг.
Многу убава тема, гледам јас дека Snow-Queen се спрема на големо Епа вака: Се запознавме кај мене на работа, соработувавме со фирмата во која тој работи, и еден ден дојде...Одма си го бендисав, ми беше многу прибран и мил...Исто и он мене ме бендиса, го приметив уште на прв поглед .Е после тоа јас измислував секакви глупости и проблеми за да доаѓа почесто.Па секој втор ден си доаѓаше. Еден ден останавме и после работа за да довршиме тоа што требаше, и си појдовме заедно пешки накај дома. Многу беше романтично,надвор ладничко, ноември месец, стемнето веќе, а ние си шеткавме и си правевме муабет. Пред да се разделиме си сменивме броеви, и уште одма штом си свртевме грб,почнавме да си праќаме пораки. Следниот ден излеговме на кафе...и останавме до 5 саат сабајле...Неможевме да се разделиме. Тогаш почна нашата врска, која беше прекрасна, идеална... Секој ден бевме излезени, буквално до сабајле, и после еден саат спиење си идевме на работа.Па таму освестување со кафиња...ама сепак не ми беше тоа битно.Идевме од прилика 2,5 месеци и ни беше јасно дека сме родени еден за друг.Се договоривме да се земеме што побрзо,за да немора веќе никогаш да се разделуваме. На св.Валентин бевме да купиме прстен за мене, и вечерта направивме скромна веридба кај мене дома. После еден месец почнавме заедно да живееме, а после 6 месеци си направивме и свадба. Сега си го чекаме и нашето бебенце и сме посреќни од било кога. Кога би ме прашал некој, и сега све исто би направила.За ниеден маж на светот не би го сменила. Го обожавам.....
Се започна со една свирка tribute to Death во декември 2011 во мкц. Бев таму со друштво, но кога почна се расфрливме наоколу и така си поминувавме. Имаше многу гужва, но како што одев наоколу го приметив мм како оди накај мене, но бидејќи го приметував само од гледање мислев дека ништо несака дека онака си оди, па се тргнав бидејќи другарка ми ме викаше и се игубивме.Се вратив дома и така времето си одеше, дојде лето и бидејќи на стариот фб имав многу луѓе и работи што не ми требаа, отворив нов и одма за профил си ставив една слика од мене и почнав да ставам лајкови и да си барам групи. И има една група се вика Macedonian Metal Underground па влегов таму и баш во тој моментн некој стави една од моите омилени песни па му вратив со лајк.За помалку од минута видов дека некој ме аднал па го прифатив и испадна тој дека е..Почнавме да збориме и ми рече да се видиме, тогаш работеше во една трафика во центар и да идеме некаде.Дојде вечерта па тргнав натаму и он ми се јави да знае кога да излезе. И тогаш дојдов пред трафика и мм излезе и првите зборови му беа стигна жена ми, леле колку си најубаво конечно да се најдеме, па тука ми стана малку чудно од кај испадна сега дека ме знае и се ова..И така тргнавме накај рамстор бидејќи имаше таму едно за јадење и почна да ми кажува како ме барал и дека по лајкот ме нашол видел дека сум јас.Почна да ми кажува дека веќе бара девојка за озбилно и за брак и дека до тогаш никогаш не засакал предходно.Јадевме и веќе беше касно па отидовме во медицинар, и каде што се врти за накај болница падна првиот бакнеж и тука започна се Бевме сами во собата и неможевме да се разделиме.Мм тогаш беше сам и ги спои креветите, ми рече остани тука да спиеш,и ми го подаде единственото перниче а он си легна во скутот кај мене и така го галев и почнаа муабети за иднината и осетивме дека ќе биде повеќе од врска. Почнавме цело време да бидеме заедно и да поминуваме и добро и лошо, освен додека беше на работа, а есента се вратив во Софија на факултет па се гледавме кога доаѓав тука. Само што запишав втор семестар ми кажа дека неможе веќе да ме гледа како девојка и ме побара за жена.Дојдов во Македонија се веривме, па почнавме заедно да живееме, и успеа животот да ми го направи најубав, исто и со неговите многу живеам уште додека бевме во врска многу ме сакаа, па договори за свадба, и еве сега планираме да си одиме накај Канада или негде во Европа..не би го сменила за ништо!
Ние се запознавме преку една моја поранешна другарка. Таа се знаеше со негов другар. Отишол маж ми кај него на гости, а таму и била и екс-другаркава. Си муабетеле и маж ми ја прашал - имаш ли слободна другарка за да ме запознаеш? Таа му кажала за мене и тој прифатил да се запознаеме. Еден ден екс-другаркава ми се јавува и ми вели - вчера се запознав со другар на ________. Ако сакаш да се запознаеш со него. Јас и реков - нема проблем. Ќе се запознаеме. После 6 дена излеговме во кафич - јас, маж ми, екс-другаркава, другарот нивни и со уште еден другар на екс-другаркава. Уште првиот пат кога го видов маж ми, ми се допадна. Таа вечер скоро ич не муабетевме со маж ми. И двајцата бевме многу срамежливи. Се враќавме сами и тој ми побара број. После 4 дена ми прати порака, а јас му вратив на пораката. Наредниот ден ми се јави и се договоривме да се видиме наредниот ден. Седевме на клупа во Градски Парк и после долг муабет, тој ме бакна. После тоа ме праша дали сакам да бидеме дечко и девојка. Јас прифатив. После година и 5 месеци од врската, дознав дека сум бремена. Во Мај правевме веридба, а во јули свадба. Од свадбата поминаа 2 години и 3 месеци, а заедно сме вкупно 4 години.
Еве ја накратко и нашата приказна Се запознавме на фб преку боцкање.Јас бев иницијаторот Почнавме муабет едно друго и размена на броеви.Инаку сме од различни краеви на Мк(300км оддалеченост).Еден месец активен муабет на телефон и конечно запознавање лице во лице.Двапати се сретнавме по неколку дена поминати заедно.Ме однесе да ме запознае со неговите(откако претходно јас го запознав со моите).Се запознавме со неговите и јас му предложив да се земеме Сето тоа се случи во рок од 2 месеци.Тој прифати дојдоа моите кај него направивме мала прослава,разменивме прстени и тоа е тоа.Подоцна направивме свадба.Два месеци по свадбата останав бремена и еве не денес имамае прекрасна ќеркичка која е плод на нашата љубов. Тоа е тоа на кратко
Ајде сега и на Snow-Queen и дојде редот да ја сподели нејзината приказна, бидејќи веќе е мажена и си чека бебенце. Со задоволство би ви ја раскажала и мојата, но сеуште не сум мажена, кога ќе бидне и тоа официјално, очекувајте ме на темава. П.С. Ми се допаднаа приказните на сите, секоја приказна за запросување е убава, бидејќи според мене тоа е и најубавиот момент во животот, секако заедно со се што следува после тоа. Едвај чекам! Но морам да признаам највеќе ми се допадна запросувањето на Beautiful-Princess, бидејќи пред некој ден за прв пат бев на тој брод (Панини) и ми остави неверојатен романтичен впечаток, заедно со ресторанот кој е преубав и раскошен и првото нешто што го реков во тој момент беше: Е овде сакам да правам свадба. Ај не мора свадбата ама барем запросувањето да ми биде таму, но за жал ние женските не можеме да одбереме таков момент, а искрено дечко ми не рачунам дека го бива нешто за изненадувања, едино ако за тој момент вложи се од себе па може пријатно ќе се изненадам. Ах, да бев јас машкото, што ли ќе му спремев.... Ме бива.
Нашата приказна се одвиваше постепено. Се запознавме сосема случајно и тоа запознавање (иако немаше ништо негативно во тоа искуство) ни оддалеку не ветуваше нешто како брак (ако се прашувам јас, ни врска). Тоа другарство се појави кога мене ми беше најпотребно, кога бев многу повредена и на прагот целосно да се затворам пред другите луѓе. Преку него открив голем дел од себеси, што се` можам да сторам, колкава е мојата сила. Изгледаше толку добронамерно и ненаметливо, нешта кои ми беа потребни во тој момент: добрина и ненаметливост или превисоки очекувања. Пред да ја почнам врската со него, животот ме стави на крстопат, ми понуди искушение, стара ситуација на која што бев слаба. Но, не сакав да изберам ситуација во која сум слаба, туку во која можам да бидам посилна. А и не сакав да ја изневерам таа добрина, трпеливост, ненаметливост, постојаност за ништо на светот. Во врската влегов со симпатија и голема благодарност и воодушевување (на самиот почеток, голема и зрела љубов не може ни да се очекува). Со текот на времето се претвори во љубов која премина многу препреки и веќе не беше се` заради мене, мојата сила, залекувањето на мојата душа, туку беше и посветеност и потреба да се усреќи човекот кој по дождот го донесе сонцето во мојот живот.
Нашата приказна започна со запознавање на свадба, па и заврши со свадба. Имено, далечната 2007год. другарката Лејди воопшто не беше заинтересирана за започнување на било каква врска, но се случи спротивното... ММ тогаш го побара само мојот број, јас на шала го запишав. По едно месечно упорно јавување, разговори и кафиња, решив да се впуштам во авантура. Таа авантура на почетокот беше со послаб интензитет на случувањата, но по само неколку месеци, сфативме дека тоа што не очекуваме се случи.Врската прерасна во нешто посериозно, не можевме еден без друг, бевме секаде заедно и тоа траеше цеееели 5 години.ММ многу инсистираше да се земеме, но женско како женско, не се предавав, сакав да завршам факултет, да најдам работа по можност и тој тоа го ,,врза вкрпче,,. НА денот кога дипломирав, Тој ми подари свршенички прстен и ме побара за жена... Еве помина година и пол како сме заедно, и слободно можам да кажам дека функционираме далеку подобро од кога бевме во врска... И јас секој ден му заблагодарувам на Бога што ми подари ваков човек со кој ќе го поминам остатокот од мојот живот.
Нашата приказна е малце долга и смешна. Ама во кратики црти вака е: Кога прв пат го видов имав...замислте 7год. (тој е постар речиси 5 год од мене) Кога пораснавме, јас тиниџерка, дечковци последно нешто на памет, другарките ми беа цел живот. А и ми викаа, голем дечко, големи работи сака. Станавме дечко и девојка, онака, не сакајки . Ме викна на кафе,(јас пак,друштвото поважно) викам јас си имам планови со друштво. Па дојде тој со нас, на крај испративме се живо, а јас и он на кафе. Друштвото ме зезаше наредниот ден ааа ти се муваше со него, јас мртва ладна им вика, не можеш да се муваш со дечко Се видовме пак и пак и пак, и така, спонтано си течеа работите. Онака, на неречено си знаевме, дечко и девојка сме. После, не прашувајте како,и тоа комедии, почнавме да живееме заедно. Тој живееше со цимери и додека се освестиме имаше еден куп мои работи таму, па и тоа онака на неречено, се вселив кај него па си најдовме место само ние двајца. За брак не размислував воопшто. Мала бев,20г имав. Ама како си миеа годините, се зезавме, он ќе ме побараше, јас ок, па после некое време пак, се зезавме така. После почнав да му викам ако си сериозен прстен да видам, не дека ми беше до прстенот туку да знам дека е озбилен. И јас стигнав 25г. И отсекош мислев ќе се омажам на 25. Муабетот за брак поозбилен ни стана, ама уште беше тоа, прстен за да видам дека е сериозен. И почнав да си размисувам, може не сака брак, него не му фали ништо, си живееме заедно како да сме во брак,него не му прави разлика листот што ќе го потпишеме во матично. Ама мене ми превеше. Размислував некое време и си реков, јас сакам да се мажам, сакам деца, ако тој не сака, што да правам, го сакам, ама не сакам животот да го поминам чекајки го да се спреми. И си правевме озбилен муабет. Сакаш да се жениш? Тој вика не. Јас ок, се помираувм со тоа. Почнувам во глава да си правам планови што понатаму во животот, каде, како.... АМА Мн брзо после тој муабет тој си дојде дома со прстен. Толку нерзозен, возбуден не можеше да дочека да ми го даде. Не сакавме да правиме врева околу тоа, си закажавме во матично. Оддвај се венчавме, тој ептен зафатен со работа тој период, оддвај стигнавме некако и тоа да го завршиме. Решивме одма да имаме деца, па се фрливме на работа. Одма ни се фати, не во првиот месец, туку на првиот обид . Сега си чекаме да се гушкаме со бабушка. И тоа е тоа. И замислете ова е кратка верзија од целата приказна, а да ја кажував на долго
Видиш, тука не сум пишала за нашата приказна... Се започна уште кога јас носев пелени, односно баба ми и мајка му комшики, пријателки, па маж ми ме бранел тука од силеџиите маалски. Цел живот сме најдобри пријатели, од кога памтам. Значи, телефонот пред школо, после школо, прераскажување на се, бирање дечковци и девојки, кој фатеше дечко/девојка мораше да ја донесе на оцена кај другиот. Излегувања, одмори, викенди, значи братче и сестриче. Моите дома го викаа на Елена другарка и, значи сиромав улошки ми има купувано! И така се додека не потпораснавме, и не свативме дека никој не ни чини затоа што уствари ние цел живот сме заљубени еден во друг?! Почнавме врска ко на заебанција, со резервиран страв за да не си го расипеме другарството, само што кај нас уствари и ништо не се смени... Си останавме истите, апсолутно истите, само по интимни. Друга разлика нема. После многу години, без воопшто да очекувам ме побара за жена, со најубавиот прстен на светот. Немаше поим каков прстен замислувам, од проста причина што ништо не замислував! Ама го трефна идеално, на идеален начин, на совршеното место. Свадба правевме на 10-годишнината, и беше едно совршено дружење, воопшто не беше свадба уштиркана. Се имаше, беше ко една поголема багра да се собрала и гезме да тера, лабаво до крај. Сега си чекаме бебенце, кај и да е и тоа ќе дојде да не поздрави. Ја имав среќата да се омажам за мојот најдобар другар, најверен пријател.
Имав 15 години кога започна се. Беше со мене тогаш кога капките дожд од невремето удираа силно по мојот кров, и бавно ја уриваа куќарката каде ги криев сништата, блудот и насмевката. Најсилно ме прегрнуваше кога ги расплетував зраците на сонцето собирајќи ги како блесоци во теглата. За кога тагата ќе се насели, да можеме заедно да замавнеме со студениот камшик, и да ја отвориме среќата да проструи низ мојата зашиена соба со илјада патенти. Тука е и сега, кога се давам во сопствениот кукавичлук да кажам збогум. Ќе биде овде и кога ќе расцветам како булка сред пустите времиња. Затоа ја запросувам. А можеби и веќе ја имам запросено, не знам... Спојлер Прозата!!!!!!!!!!!!!
Аууу нашата шпанска серија ја немало тука Со мм се запознавме во една невладина организација кога јас имав 16, а тој 22. Он со долга коса , јас клинка. се распадна организацијата, не се видовме мнооогу години. Пред 3 години, имав еден дечко, што сфатив дека дечкото мој има уште некоја цура. Барајќи ја цурата по фб, гледам и таа има дечко - погодете кој?! Во тоа време мојот иден сопруг! Го препознав од организацијата и го аднав за пријател. Јас го откачив мојов, он у меѓувреме се откачил од девојкава. Помина некое време мене ми требаше препорака и некој сертификат од организацијата, па му пишав. Ни на крај памет дека ќе бидне нешто повеќе! ПОсле таа порака, почнавме на фб да си лајкаме, коментираме и после добри 7-8 месеци ме викна на кафе. Од тоа кафе поминаа 3 ипол месеци додека да ме побара На 6 месеци правевме веридба, а после година ипол свадба. Сега се смееме дека на бившиве наши благодарница ќе им испратиме, да не беа они немаше да се најдеме пак Светов е толку мал.
Беше ноември месец 2009 година, колешка од факултет рече дека ќе дојде некој комшија да ја земе. Искочивме од факултетот и тој беше таму ја чекаше, веднаш ми се допадна штом го видов, ама од што се усрамив не му се ни приближив ја испратив неа и си појдов накај дома. Уште одма вечерта она ми се јави да ми каже дека сум му се допаднала, набргу ме аддна и на фб и пишувавме и се слушавме константно 9 месеци а никако да се видиме, тоа што бевме од различни градови беше мала пречка Но, конечно на 28 август 2010 година се видовме, знаев тој беше тој се видовме уште два пати и стапивме во врска Преубави години поминати со него Лани, на 28 април ме побара за жена Месец дена подоцна ја закажавме и свадбата, за оваа година на 3 Мај стапивме во брак , се сакаме исто како и првиот ден тој е моето хани а јас негово
15 години сме заедно... Го меркав цела вечер во еден кафич,а тој не реагира.Наредната вечер го гледам со девојка.Ама како да ми се насмевна.И си велам аааа види го ти него. По неколку вечери не запозна еден школски другар.Раскинал со девојката.Ме праша за број и наредниот ден ми се јави.Хехе на фиксен.Немавме ни мобилни, ни компјутери И од тој ден сме заедно.По 5 години врска ме побара за жена.Сме поминале многу работи заедно.Многу победи и порази.Зависни сме еден од друг.А,имаме и прекрасно дете. Наша песна е -Љуби ме и главата горе-
Пред 3 години ја отворив темава...редно е сега и да пишам соодветно мислење. Него го знам како дечко од маало.Ние сме 8 години разлика...он беше средно а јас си играв со мачиња кога го знаев како сосед од маало. Кој ќе помислеше дека еден ден ќе биде тука нешто ...тоа било 2000г. Од 2005г. почнавме чат пат муабети да вртиме на собиранките во маало, така и некако ни беше маалото, девојките беа +/- мое годиште, а машките од 4 до 10 години постари од нас. 2006, се разболев и не отидов за први Април вечерта со нив, и кога оздравев на 3ти Април им барав слики и ми кажаа дека биле кај него. Отидов со ЦД, ми рече остави ќе ти нарежам дојди утре. Дојдов утре 4ти Април, ми вели леле заборавив-извини, ај седи едно сокче да пиеме...Па јас утре 5ти Април, пак заборавил незнам што незнам како, па се заседнавме муабет смеење...и на 6ти Април не ни дојдов, туку си велам нека 2 дена што е сигурно сигурно...и на 7ми Април идам јас, го гледам со другар другар од маалото се спремаат имале закажан состанок со некои женски ќе им местеле, арно ама се случи еден таков момент во неговото спремање, што се фативме и не отиде на тој состанок од тој 7ми април започна љубовната приказна...2006,2007,2008,2009,2010,2011,2012(една тешка година,каде моето срце беше во Авганистан), 2013...се врати и Мај правевме веридба, јули свадба, а декември се роди Никола 2014...сите тројца во една сплотена љубов Спојлер Нормално, како и секоја врска проблеми, сплетки, тестови се се...тешки и радосни моменти....но вистинската љубов победува