1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојата приказна

Дискусија во 'Диети' започната од lavonjeze, 28 ноември 2014.

  1. lavonjeze

    lavonjeze Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Зрдаво феминки, најпрво нама да лажам за моите години, имам само 13 метро 58 и 58-59кг..
    Всушност ја започнав темата за да ја раскажам мојата приказна во борбата со килограмите..

    Се започна на мојот 12ти роденден кога мајка ми ненамерно рече на сликањето да ги потсоберам нозете бидејќи ми биле дебели, а потоа вечерта ми дојдоа другарките од училиште и имаше една по крупна која ослабе и носеше кпатки панталони, мајка ми беше воодушевена и кога си отидоа сите ми рече да земам пример од неа...
    Ахххх, ахх проклет ден.. Си го замразив роденденот, потоа цело лето гладував, цело лето!!! Околу октомври минатата година ја купивме првата вага, но навистина не знаевме во што се впуштаме... Почнав да се мерам секој ден и тоа почна да ми станува опсесија.. Да кажам дека згора на се сум спортистка и постојано патувам имам 79 медалји, но ете ни тоа не ми помогна... Околу новата година лани ослабнам окол 3-4 килограми и се видов послаба и се отпуштив... Бев избезумена кога накачував килограми!! Порваќав форсирано, пишував во тетратки и истрошив 43 тетратки испишани со моите чувства, не сакав да излегувам надвор за да не ме гледаат во јавност, беше зимо и бевме на зимски распуст, немавме тренинзи, а јас ја исечив мојата каса со пари само за да имам пари за да си купувам за јадење..Замислете сум јадела по цела нутела на ден, не дека имам некој сериозен приблем со тежината, туку изгледа имам проблем со психата.. После малата пауза се појавив на тренинг и сите ги ококорија очите накај мене, а моите најдобри другарки ми рекоа дека сум многу здебелена достигнав 61 кило, а пред да ослабам бев 59.
    Плачев, плачев многу, се карав со мајка ми и татко ми, се карав со сите, станав нешто што не сум, секој ден се мерев како луда, притоа гледајќи ги моите дрударки како јадат чоколади на одморите, беше многу тешко дури и момчето кое што ме сакаше предтоа ми рече дека сум најдебела од девојчињата од нашето одделение, затоа почнав да носам мидер, не сакав да се мерам на систематски ниту на училишната вага, додека сите други со насмевка на лицата се мереа...
    Некаде помеѓу јануари и февруари се решив да ослабам сериозно.. Го направив тоа од 61 симнав на 52, беше многу тешко, но почнаа подготовките за државното првенство, воедно и најважниот натпревар, каде имам да победам некој кој што сакам да го победам веќе 3 години, беше мај и се оддржа натпреварот во нашиот град. Јас изгубив бев 3, зедов пласман за на балканско првенство, но не бев 1 како што требаше да биде, иако бев најдобра бидејќи имав дебаланс, охх сеуште неможада го преболам тоа, колку се спремав за тоа и на крајот направив дебаланс кој што многу ме чинеше, после тоа од депресија почнав да јадам многу и многу се нервирав, затоа пак се здебелив и ја фрлив вагата и почнав да се мерам на таа кај дедо ми која што беше неколку кила помалку а мене тоа ми годеше, но по кратко време си купив нова, која по некоја огромна случајност покажуваше исто како таа на дедо ми и јас се утшив некако, но знаев дека не е точна.. Цело лето го поминав со таа вага и имав грижа на совеста бидејќи знаев дека не е точна, затоа кога започна училишната година си купив нова и не се каам, дознав дека сум била 57 и ми олесна..И решив да ослабнам, но ете бев на натпревар во Србија каде што се здебелив на 58, а после и 59. Мајка ми сакаше да ми помогне и рече да и верувам и јас се согласив под услов ако не бидам 52-53 за нова година да ми купе телефон, но кога се измерив видов дека сум +200 грама за 2 недели и дека нема подоврување тоа ми беше најголемата шлакамица во животот!!! Денес си купив нова вага и од понеделник сум СПРЕМНА ДА СИ ГО СМЕНАМ ЖИВОТОТ, кој ме поддржува во ова??

    Инаку еве слика од мене знам и сите ми викаат дека не ми треба слабеење веќе бидејќи ме знаат ослабната и незнаат дека се здебелив, бидејќи овојпат воопшто не се забележа IMAG3856.jpg
     
    На betidule му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Leo83

    Leo83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    22
    Девојче, тебе дефинитивно ти е потребна поддршка мила, но не за слабеење, туку да почнеш да се сакаш себе си. Како прво премногу си млада за да превземаш такви ригорозни диети, па ти сеуште растеш и се развиваш!! Плус спортистка си и не смееш да се изгладнуваш. Од мене совет- јади редовно, умерено, спортувај и нема да имаш проблеми со тежината. Според сликава- немаш вишок килограми.
     
    На betidule, angelche16, Kala22 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Намалена самодоверба.
    Чекај малку, каква е таа мајка што го уценува детето ако ослабнеш ќе ти купам телефон!? :fubar:
     
    На Gosh, betidule, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Не си воопшто дебела ич да не се грижиш. Батали што зборува околината и немој да те натажува тоа што не си прва во спортот кој и да е. Основно правило во спортот е „Важно е да учевствуваш не е важно дали ќе победиш“ Спортувај и ич да не му ја мислиш.
     
    На betidule му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Не се зaмaрaј зa глупoсти и не си нaбивaј кoмплекси. Се е тoa вo твoјaтa глaвa, мислиш нa некoј мнoгу му е гaјле дaли си дебелa или не. Пa и спoртисткa си, нoрмaлнo е пoвеќе дa ти се јaде, ти јa трoшиш сетa тaa хрaнa нa здрaв нaчин, штo знaчи имaш здрaвo телo, a тoa е нaјвaжнo.
     
  6. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Ти си убава! Ти си девојче! Ти си спортист, побогу, здрава ко дрен! Уживај си среќо, во младоста и убавината! :hug:
     
    На betidule, okcenzi, angelche16 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Devojce, ne se grizi.
    Ne se optovaruvaj so tezinata.

    Sportistite dodeka sedat na stolce trosat poveke kalorii od nesportistite koi odat ili trcaat umereno. Pricina za toa e razlikata vo brzinata na metabolizmot megju spprtistite i nesportistite. Zatoa normalno e da imas golem apetit.

    Najvazno od se, ne si sozdavaj pritisok, izbegnuvaj ja vagata i mislata za tezinata i hranata.
     
  8. HuntressGirl

    HuntressGirl Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Не личиш дебело и мислам дека и другите ќе се согласат. Те молам не се изгладнувај, ти си спортист и ти треба енергија (јас на пример во подеделник, среда и петок јадам 2 чоколатца зашто тии калории ке ги изгубам на пливање), и прочитав дека ако нагло изгубиш повеќе кила можеш да ја загубиш менструацијата (едно девојче го постави како прашање за ОК! а они и кажаа дека можеби ја загубила менструацијата (незнам колку е ова точно но имај го во глава)) и трето ако загубиш многу кила ти веројатно ке изгледаш како костур (тоа воопшто не е привлечно). Затоа сакај го своето тело!:)
     
  9. marija.980

    marija.980 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    662
    Пол:
    Женски
    Не си дебела уште си млада за да гладуваш ,jади си колку ти душа сака
    само ме зачуди како тоа маjкати може да те уценува ако си ослабела ке ти купела телефон :o
    И не се замараj што зборуват твоите другарки , уживаj си во младоста ! :)
     
  10. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Воопшто не си дебела и не се оптоварувај со тежината. Секако, спортистка си и ти треба повеќе храна бидејќи трошиш многу повеќе енергија од другите кои не спортуваат.
    Имај самодоверба и само напред! :D
     
    На betidule, angelche16 и luci22 им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.087
    Пол:
    Женски
    Леле, девојче, па ти си спортистка, како можеш да се оптоваруваш со тежина? Нормално е да имаш апетит, а тие кила што ги спомнуваш се ништо. И јас сум толку висока, и имам околу 55 кг. па сите ми викаат дека сум била многу слаба, а ти мислиш си дебела. Спомнуваш 200 гр. Знаеш ли ти дека само во вц да одиш тие 200 гр, во секунда може да ги снема.
    И како може мајка ти да ти набива комплекси, а си толку млада. Те молам продолжи си со спортот, јади си колку што ти се јаде, а ако осеќаш толку грижа на совест, не мораш да изедеш цела нутела, земи си нешто помалку калорично. Ама со изгладнување ништо нема да постигнеш.
     
  12. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Извини вака ама мајка ти не е со сите изгледа. Како може да му набива непотребни комплекси на девојче во најчувствителните години? Па уште со уцени, мобилен, глупости? И јас во основно бев дебелка, влегов во пубертет нели години кога изгледот ти значи и почнуваш да сакаш да се дотеруваш, сама си решив и како си решив така си ослабев, без ничиј притисок и без воопшто со некој да разговарам за тоа. После тоа мајка ми почна да ме кара дека сум костур слаба, па си накачив. Живот, се менуваме, од полошо на подобро, од подобро на полошо и се така. Со овие мисли не одиш никаде, ова не е здраво. Мајка ти наместо да се гордее, ќерка и на само 13 години има толку медали, таа за 2 кила ќе и тупи мозок. На овие години воопшто не треба да се оптеретуваш со килограми, ти сеуште растеш и се развиваш, сеуште немаш ни прејдено во девојка. Олабави малце додека не е доцна, психичкиот проблем после многу потешко ќе го решиш отколку 2-3 килца „вишок“, а да не збориме и за полоши состојби како што е анорексијата. Сакај се себе, сакај го здравјето, сакај го своето тело и најважно, сакај го животот! Цел живот ќе бидеш возрасна со секакви притисоци околу тебе, но еднаш си дете и не си стварај сама непотребен притисок. Се надевам дека ќе допреме до тебе бидејќи јас како некој што гледа од страна и не те познава, мене твојот пост воопшто не ми е здрав.
     
  13. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Еве ти и од мене совет.Мојата приказна ќе ја скратам најмногу што можам.
    Бев балерина,класичен бален па потоа се префрлив на модерен балет.
    И скокав,се вртев без мака.Никогаш не пазев што јадам затоа што ништо не се фаќаше на мене.
    Но,околу твои години можеби имав 14 или почеток на 15 не ме држи за збор почнав да се поправам.
    И кондицијата ми се намали поради килажата. Добивав критики поради тоа посебно од инструкторката.
    Имав и јас настапи каде што требаше да изгледам добро и во добра форма. Притисок ептен.
    И јас како тебе со цел ум,почнав да внимавам. Да пазам што јадам,да бидам пак толку слаба колку што бев.
    Немам представа што пиев и јадев но знам ја добив посакуваната тежина. Поминаа натпреварите,настапите и јас во средно морав малку посериозно на училиште.
    Е од тогаш мила моја почна моето патешествие.
    Почнав да слабеам ко луда. Бев најслаба во класот. Се со големина с мене ми беше широко.Не знам што се моите не купија да ми се врати апетитот.Најлошо беше што можев цел ден со една мала кифла да го поминам без глад да остеам.Е тогаш никако не можев да се поправам. Но не придавав значење,средно бев,слаба бев,не сметав дека е некој проблем.Зборувам слаба,не претерано слаба.
    И тогаш имав пробеми со анемија,вртоглавици,поспаност и слично.
    Па во трета средно се заљубив и некако апеттот ми се врати.Се вратив во нормала.Но стресот на организмот што му го направив ми го враќа сега данокот.
    Се беше океј една година. Е од тогаш веќе 4 години си се поправам. Не многу. Не сум претерано дебела.
    Т.е. мислам дека не сум на 155 висина имам 50кг. Но на мн грешни места распореди во колкови и стомак.
    Сега јадам одлично.Имам апетит.И целулит! Замисли воопшто не ме загрижува затоа што се сакам ваква. Се сакам кога немам здравстени проблеми,кога се е во ред со крвна слика. Кога не сум поспана,кога сум продуктивна. И кога на факс се трудам да имам одлични резултати.Затоа сакав да ти кажам внимавај.
    Можеби сега на краток период не ти изгледа страшно. Но верувај дека данок потоа ќе го плаќаш. А данокот оди да наплати прво преку здравјето.
    Вервај ни една работа не е толку битна за здравје да фрлиш.
    А ако и после мојата приказна не те убедив,побарај ме ,гарантирам ќе те убедам да јадиш колку што ти се јади,да бидиш среќна и здрава ,а така ќе бидеш продуктивна и успешна :)
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Позата и говорот на телото покажуваат дека си задоволна од самата себе. Tака да, excuse me ladies:d::drunk:
     
    На Dream-Girl, glosipgirl, Glasna и 3 други им се допаѓа ова.
  15. DivineFM

    DivineFM Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2014
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Ахх кој од што си пати....еве ја и мојата приказна со цел да си ги отвориш очите!
    Вака да ти кажам,да би ја имала твојата тежина би летала од радост!
    Ете тоа е денес што се случува, за жал најбитен е надворешниот изглед а како ние се чувствуваме воопшто не е важно. Јас потполно те разбирам како ти е бидејќи јас го имам истиот проблем,ги имам истите чувства како тебе. Намалена самодоверба ненормално многу.И јас патам од комплекси,но во овој случај поради намалената тежина. Мака мачам барем 4-5 кила да покачам. Исто и јас се затворав во соба,не излегував.Најтешко ми беше кога требаше да се спремам за излегување или било каде и кога ќе се погледнев во огледало плачев и не излегував.Се на мене беше широко.Се мразев себеси,како изгледам. Секоја моја коска можеше да се види. Бев опседната со тежината(не дека и сега не сум,но некако не ми се толку многу изразени тие чувства на самоомраза,самокритика). Така затворајќи се во соба полека, полека времето си го донесе своето. Секоја вечер заспивав на мокра перница од плачење,станав ептен депресивна. Немав воља за нништо,немав воља за да излезам,да се дотерам ептен се запустив.Најтешко беше кога ќе излезам некаде со другарки или пак на училиште и секако ќе се најде некоја паметна да каже "Леле ти јадеш? или Ти даваат дома да јадеш?" е тогаш се мразев што сум се родила. Колку пати само сум помислила на самиоубиство (facepalm) по цела вечер не спиев,ми се случувало и по цела недела око да не затворам и нормално бев како жив мртовец(тој период од мојот живот ми е како во сон,бев присутна физички ама не и психички,ептен се пореметив сите ме знаеја како ******* што плаче). Таква одев на училиште,бледа,депресивна и сите тоа можеа да го забележат. Намалената самодоверба и несигурноста имаше големо влијание и врз успехот во училиштето,пријателството,љубовта....Мајка ми го забележа тоа и почна да бара помош. Прво ме однесе кај матичната,крвни слики и се поред ми испитаа и се беше во ред. Докторката почна да ме теши дека уште сум млада(имав 13) дека имам време кога да се поправам,дека добро изгледам но џабе...едноставно не се чувствував добро во сопствената кожа. И нормално мајка ми знаеше дека се потекнуваше од мојата психа и перцепција за себеси и на барање на мајка ми, докторката даде упат за психијатар. И секако разговор со психијатарката ми помогна. Ми препиша и некои апчиња да пијам,но бидејќи сум многу млада за да примам антидепресиви татко ми не дозволи да ги примам тие апчиња па ги земав само витамините кои ги препиша(б-комплекс или б6 мислам дека беа).Од тогаш па наваки со многу мака и труд тоа се смени. Се поправив околу 6 кг замисли бев 42.Се уште сум слаба, имам 48-50кг постојано варирам,163 сум висока. Но најбитно е дека научив дека треба да се сакам таква каква што сум. Се уште понекогаш се преоптеретувам со килажата, но најбитно е дека функционирам нормално. Излегувам се смеам и не давам никаква слабост,кога некој ќе ми рече "поправи се" или "треба да ставиш некое килце" само се насмевнувам и им одговарам "вака ми е убаво". И секако кога го сменив начинот на перцепција за себеси сватив дека и не изгледам толку лошо :)
    Сакам да ти кажам:
    Немој да бидиш толку самокритична. Прифани се таква каква што си,бидејќи ти си една и едниствена. Никогаш нема да ги вратиш назад тие средношколски денови кои ги поминуваш во депресија додека другите излегуваат и се забавуваат бидејќи некогаш ќе се каеш(како јас сега). Не сакам да звучам лицемерно,но треба да бидиш горда на твоето тело. Гледајќи по сликата ти си совршена. Се надевам ја прочита мојата приказна и сега запрашај се дали е подобро да бидиш како што си ти сега или да бидиш коски и кожа и да не се чуствуваш воопшто привлечно? Смени го начинот накој што се гледаш себеси,разговарај со мајкати и кажи и дека тоа што таа го кажува прави да не се чувствуваш добро. Здравјето ти е најважно,што ќе ти е најзгодното и најјако тело ако немаш здравје?
    Уживај и радувај се на себе си!!!
    Се би дала да ја имам твојата килажа и твоите успеси кои ти си ги постигнала во животот.
    Епа драга секој пат кога ќе ти дојдат лошите мисли за себе само дојди и прочитај ме тука и помисли колку луѓе би сакале да се на твоето место и ти се восхитуваат!
    Се надевам дека помогнав,се што ти кажав беше добронамерно.
    Поздрав и секое добро :* :hug::hug::hug:
     
    Последна измена: 3 декември 2014
    На SV1911, vinozito1 и Teodora* им се допаѓа ова.
  16. Supernice

    Supernice Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    71
    @lavonjeze зошто не позборуваш со психијатар околу твојава приказна? Нема ништо срамно во тоа, всушност многу мои блиски посетуваат психијатар и успешно се справуваат со своите проблеми.

    Верувам дека останативе коментари на темава се напишани со најдобри намери, меѓутоа само стручно лице е компетентно да правилно ја "опипа" ситуацијата.
     
  17. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Ти си се уште во пубиритет.Тоа се години во кои килограмите , како и се друго во организмот нема баланс.Телото се менува,хормоните се стабилизираат,карактерот се оформува,со неколку збора детството завршува и започнува период кога човекот се запознава со сопствениот организам.
    На сликата гледам многу згодна девојка,на која не и недостига ништо од физичкиот изглед.Мислам дека психички си оптеретена со својот изгед и не би било лошо да се опуштиш малку.Не велам да го занемариш својот изглед,но можеш да си дозволиш една чоколада на одморот како и сите девојчиња.
    Ако станеш претерано опседната со својот изглед можеш да го изгубиш здравјето и после нема назад.
    А од здравје нема ништо повредно, на овој свет.
    Зошто тоа мерење секој ден?Знаеш ли ти дека еден килограм па и два се губат за еден ден?
    За прв пат ќе советувам некого да не слуша мајка, но само за килограмите.:!:
    Мислам дека и матичен лекар може да ти го потврди истото.
    Кога прочитав борба со килограмите па ја видов сликата (y)се запрашав со кои килограми?:wasntme:
     
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.685
    Допаѓања:
    97.992
    Пол:
    Женски
    Ти дебела?Па види си го обликот на нозете и бутовите,баш се фино извајани.И косата...преубава.Сигурна сум дека и лицето ти е прекрасно.Зошто дете си набиваш вакви непотребни комплекси.Остави природата да си го направи своето,не подлегнувај на било чии медиокритети.Уживај во младоста и што бог ти дал добро здравје а ти со сила сакаш да го нарушиш.Наместо да се сликаш во огледалото погледни се самата себе и кажи си баш сум убава и се сакам ваква каква што сум.Тоа ќе ти биде најтешко ама ...позитивноста ќе почне да зрачи од тебе.Имаш за што да си горда ,спортистка си со еден грст медали а ти си го уништуваш вака животот и младоста.Опушти се и уживај.
     
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.595
    Мајка ти ти рекла дека си дебела на твои 12 години? Кога хормоните лудуваат, кога треба да добиеш прв мензис или да се регулира добиеното, кога треба да почнеш да растеш како девојка, и она рекла дека си дебела?
    Извини вака, ама да ја прашаш ти мајка ти, што и е побитно, да имаш слаби нозе или да бидеш здрава? Во пубертет сите девојки качуваат килограми, што е сосема нормално. Плус, на 12-13 години, уште растеш, значи треба да добиваш не само во висина, туку и во тежина. Што мислиш ти, до 25 години да пораснеш уште 10 см, а да не се поправиш? Па само коските ке ти дадат тежина. И жити се, немој, 200 грама се поправила. Исери се, и ке бидеш 300 грама полесна. Глупости.

    Со мајка ти за раче, и третман на психолог, двете. Она за недорасната да се третира, а ти како дете на лоша мајка. Срамота.
     
    На Lella, Someonespecial, SV1911 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Пак јас со моите сомнежи. Мислам девојката сакаше да си се изрекламира со постот и фотографијата.
    Пати од комплекс на помала вредност во тинејџерските години и сега сака огромни аплаузи.
    Ја снема. И онака темата е „Мојата приказна“
    Приказна за мали деца.
     
    На Dream-Girl, glosipgirl, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.