lavonjeze браво за твоето високо спортско достигнување - 79 медали не се мала работа!!! Тоа покажува колку си упорна во тоа што го спортуваш!!! Тоа е показател дека 2-3 килограми вишок кои што не се приметуваат на фотографијата брзо ќе ги снема - и тоа само со спортување!!! Инаку мајка ти треба да се преиспита како се однесува со тебе - дебелки нозе, пример од дебелката другарка што ослабнала, награда мобилен телефон ако ослабнеш??? Чудно!!!
Дебела!? Девојко, итно електронската книшка и на психијатар, и тоа заедно со мајка ти! Бидејќи очигледно ниту таа нема попаметна работа, отколку на овие години кога си во пубертет да ти дава совети за тежина...Мислам, ало, луѓе што е со вас бре? Каква спортистка, па тоа е дете пред се`! Какви класични диети со изгладнување какви бакрчи, неа у краен случај и е потребен само здрав режим на исхрана и тоа исклучиво ради здравје, а не тежина! До каде е спремно да оди општеството, читам и стојам со подзината уста значи! Така да, драго девојче би била среќна доколку сфатиш со време дека ти имаш сериозно психолошко пореметување кое треба да се третира од страна на стручно лице. Најпрво ме радува што до некаде признаваш и самата дека имаш проблем! Второ, немаш другарки, туку злонамерни крави кои те ругаат! Извини на изразиве, ама тоа е вистината. Бидејќи на сликава не си ПОДослабена, туку си СЛАБА! Друга работа, а многу битна! 65 килограми и више се сосем нормална појава за твои години, мои пријателки имале и до 90 па не се осеќале вака одвратно како тебе. Трето, (на што гледам дека се обрна најмалку внимание а е најбитно) - самиот чин на повраќање е АЛАРМ за опасност! Не знам дали си свесна кои проблеми може да си ги предизвикаш, но еве јас ќе ти кажам дека на работ те демне самата БУЛИМИЈА! Не знам дали знаеш што е тоа, ако не знаеш изгуглај ќе дознаеш, но стори го тоа уште веднаш. И пред се, ако ништо друго запомни дека самодовербата нема килограмите да ти ја дадат во таа мера, колку што харизмата која ја поседуваш може да те направи посакувана личност во очите на другите. Затоа оди советувај се дур е време, бидејќи ова твоево многу рано прераснало во опсесија. Оди, чисто за да можеш да ја увидиш разликата меѓу сериозен проблем со тежина и опсесија со самата тежина, повторно од психолошка гледна точка. Страшно...
Иста сум и јас спортискта сум и јас сум дебела но можеби и повеќе од тебе и мене ми викаат дека сум била дебела но не обрнувам внимание разбирам во пубертет сум и затоа чичко ми ми кажа да не обрнувам внимание на тоа колку јадам до деветто одделение е после тоа да припазувам што јадам да се хранам здраво,НЕ СЕ СЕКИРАЈ
Зошто го напаѓате девојчето? Зарем не читате дека цлата вина е кај нејзината мајка? Незнам колку е точна приказнава, но сепак не заслужува да бие напаѓана со зборовите оди на психијатар и др. Прво ме чуди како си успеала да ослабеш, а после без гајле да почнеш да јадеш знаејќи дека имаш можност пак да ја повратиш дебелината. Ти си имала повеќе масни клетки од потребното и затоа си била пополничка со салабеењето тие масни клетки си ги намалила но чим ти си почнала да јадеш тие се повратиле. Ти си спортист, продолжи да спортуваш, јади умерено без многу благо и пиј вода, само така ќе имаш тело какво што ти си го замислуваш. Те разбирам, на овие години во пубертет сите сонуваме за тело како Андријана Лима ама тоа нема да го постигнеме со гладување и диети!
Со зборовите ,,оди на психијатар'' јас не ја навредувам, туку ја насочувам бидејќи тоа е вистинската работа која треба да ја направи пред да се разболи и физички и психички! Не знам колку добро го прочита постот но девојчево е повеќе од очигледно дека има проблем кој не може да го реши сама, туку и е потребно советување. Се работи за предизвикување булимија побогу! Каде виде дека ја напаѓам?!
Можеби ниту фотографијата не е нејзина уствари, туку е на некоја нејзина познаничка со која не се во најдобри односи, па ете така сака да и го оцрни образот. Новиве генерации се лукави и подготвени да направат се` за трошка внимание... Како и да е не знам, не би да нагодувам, ама сепак ќе се согласам со тебе, бидејќи и мене овој пост ми се чини како да е пишуван поради вишок слободно време и терање мајтап. Џабе се потресуваме.
Ти ако не ја напаѓаш, таа тоа ќе го свати така. Јас сум подолго време овде мене да ми го кажеше ова ќе го сватев добронамерно. Таа е нова, множе да те свати погрешно, помала е од мене една година и многу добро знам како јас реагирав на вакви постовои на нејзини години. Не дека сега сум многу голема но кога ќе ги видам мислењата испратени кон мене добронамерно а јас сум реагирала бурно, потполно го сваќам девојчето. Сакам да кажам, внимавајте со какви зборови и се обраќате
Стојам зад тоа дека не и напишав ниту еден навредлив збор. Ако интерпукциските знаци кои ги употребив, вклучително со болдот упатуваат на некакви навредливи зборови тогаш океј, I'm guilty. Како и да е, џабе ние тука исправаме криви дрини кога неа ја нема да одговори макар и на еден пост да видиме до кај сме што сме, или сепак приказнава ќе има продужение па авторот со изминатото време, не става во неизвесност.
@lavonjeze леле девојче па ти не си ништо какви деца има дебели предебели дури неможат да се движат јас сум 160 имам 62 кг а пред тоа имав 54 се здебелив во летото ама постепено и не ми се појавиа стрии и такви работи но да се навратам на тежината воопшто не си дебела баш си таман и за годините и за висината сега јас имам онака поголеми облини но верувај воопшто не се срамам напротив ми се допагаат и не се замарај со глупости уживај си во животот и годините кога ке ти дојде време за слабеење (на пр после бременост ) тогаш ке се секираш а не сега позз
@Valerin секој со своето мислење Како и да е јас уште во првиот пост пишав дека не сум сигурна колку приказнава е точна, можеби е и тролл и онака има многу такви на форумов
Некој некого овде мафта. Кој купува вага на секои 2 месеци. Колку години поминаа од нејзиниот 12-ти до 13-ти роденден. Знаете колку се 43 тетратки? Мајка и не ја уценила за телофон, таа ја уценила мајка и. И ај па што се замарам со некој кој што има време и си пишува приказни.
Дете ај те молам не се замарај со глупости, ама те молам. Јас сум 170 висока и 78 тешка и баш ми е супер. Ако ти кажам дека пролетва имав 98 и тогаш не ми беше гајле. Ама сфатив дека треба да го променам начинот на исхрана, тоа е важното. Не „гнети“ само кремови, чоколади хамбургери, газирани сокови и сл. тоа е најважно оти тоа го унишутва здравјето. Инаку во пропорции сум 104-78-100 во сооднос гради-половина-бутови и реално тоа ми е најважно да имам пропорции не идеални туку горе долу складни. Секогаш сум била дебела ама никогаш тоа не ми пречело. Среќна сум таква имам кондиција, имам сила издржлива сум, здраво се хранам и тоа ми е најбитно. За се и за сите баш ми е гајле. Патем и мене мајка ми еден период ми набиваше комплекси (тоа пролетва). А кога почнав да се хранам здраво (исфрлив од употреба бели пецива, слатки, леб, кондиторски производи и пржена храна и газирани пијалоци), почна одма да вика: Лелееее, како ќе живееш така, ќе се разболиш, леле немоооој. Алооооо ај одлучи се. Мајка ми е таква се да и тераш по кеиф, пак ќе најде маана и сама да треба да си противречи. Едноставно тоа и е карактер. Не се замарај.
Таа не видела што е дебело,јас бев 75 на 168 висина па се осеќав слаба према американскиов систем. Тоа се само комплекси набиени поарно да напишала сакам да се затегнам во нозете или во телото без разлика...
Daleron, voopsto ne si vo pravo, jas so denovi cekam komentari za ovaa tema, no nemase i izgubiv nadez, no denes koga go otvoriv forumov mnogu se izraduvav, znaci vi blagodaram na site, voopsto ne znaete kolku mi go smenivte gledisteto kon zivotot... Sega ne se cuvstvuvam veke sama i barem znam deka nekoi mislat deka navistina ne treba da namalam tezina, jas ovaa slika ne ja svaviv samo da se izreklamiram bidejki voopsto ne mi e potrebno toa si imam facebook, instagram, a ova ovde e forum kade sto sakam da ja iskazam mojata najgolema maka i za toa dobiv izvonredni soveti vi blagodaram najmnoguu!!!!! A toa so majka mi,(zaboraviv da kazam se izvinuvam), ednostavno zenata se iznamaci i za mene se iznaplaka bidejki ne bev voopsto srekna, se obide da mi pomogne za mnogu ncini samo da ne gladuvam ti blagodaram uste ednassss
Valerin denes vidov deka imam mnogu izvestuvanja bidejki dosega nemav iako temava e veke edna nedela, razberete me ve molam, znaci kako sto rekov jas imam facebook i instagram i tamu mozam da privlekuvam vlimasie slikata e moja znaci jas ne mrazam nikogo i ovde se zacleniv samo za da dobijam someti i ovaa slike e odkoga oslabnav ti treba da me vidis predtoa sepak ti blagodaram
I ako voopsto ne veruvate deka toa na slikata sum jas, eve vi dokaz ova e oblekata sto ja mosev koga se slikav
Te veruvame. Nemoj da izlozuvas tolku privatni detali, nema potreba. Za tie sto veruvaat dovolna bese inicijalnata poraka, za tie sto ne veruvaat ne se grizi. Skepticizam sekogas imalo i ke ima.