Мојата успешна ИВФ постапка!

Дискусија во 'Бременост' започната од Dreams11, 20 март 2018.

  1. Dreams11

    Dreams11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    Еве една тема во која сакам да ги споделиме своите успешни ивф постапки,за мотивација и подобра прегледност на сите кои се во тек. Па може сите кои веке успеале да ни ја споделат својата успешна приказна тука.Сакам да ги спомнеме битните работи да им биде појасно на сите кои не читаат.
    Еве ке почнам јас!
    Стерилитер- машки фактор,слаб спермограм( на граница на азоспермија)
    Направена биопсија замрзнат материјал- одобрен ваучер,2014год.
    Др. Митко Ивановски !
    Стимулации со долг протокол,микрогинон-суперфакт+ фостимон!
    Добиенин 18ј.к.- оплодени 6. Трансфер на 2 ембриони на трет ден.
    Терапија:
    Кринон гел,фемибион,декортин 2×1/2,аспирин,естрофем 2×2,прогестерон 1/2на 4 дена!
    Имав 30 години!
    Ете тоа беше се,одмарав првите три дена и потоа одев и на работа! Не бев опседната со терапии цифри бројки што како треба да биде едноставно му верував на докторот
    !
     
    На Lavica2602, bela.m, Anexy и 45 други им се допаѓа ова.
  2. Martka

    Martka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    3.904
    Пол:
    Женски
    Поддршка за темата во која ќе се учествува со помош за ифв постапките.Многу имам желба да споделам успешна приказна на оваа тема,но сега за сега ќе треба да почекам.❤❤
     
    На Prolett, bela.m, princess5 и 15 други им се допаѓа ова.
  3. MarioliMia

    MarioliMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    247
    Пол:
    Женски
    Eve sme i nie majka i kerka da ja pozdravime novata ubava tema.
    Tret obid ivf, posle dva spontani vo golemi nedeli, stavivme abdomenalen serklaz koj si ja zavrsi rabotata.
    Nie sme bebe od kaj Dr Petanovski koj max se grizese za nas.
    Primav fostimon, suprefakt za stimulacija.
    Potoa terapijata mi bese krinon, prolutex, kleksani po 2 na den, dobraston po 2 na den, metildopa za pritisokot...
    Imase mnogu ups and downs, no eve sme se gushkame. Fala ti boze sto ni gi napolni racete i ocite i srcata so ovaa ljubov. Ova go posakuvam na site...
     
    На Prolett, Anexy, tina2018 и 32 други им се допаѓа ова.
  4. saramila09

    saramila09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2017
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    3.634
    Пол:
    Женски
    Мило мие што слушам вакви позитивни приказни бисакала и многу многу да читам секој ден следам во врска со вештачко оплодување.. Мене мие 2ро ифв 7 ден од трансфер и дај боже да заврши со позитивен резултат :inlove:
     
    На Prolett, bela.m, Anexy и 21 други им се допаѓа ова.
  5. Dreams11

    Dreams11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    Е па да во темата вештачко олодување се зборува опширно за многу работи па за тоа сакав во оваа тема да се соделат сите кои успеале како позитивна мотивација на едно место,мислам дека многу позитивно ке влијае на сите кои се во тек. Очигледно се зафатени што е оправдано,но се надевам дека ке ја сретнат темата па ке ни пишат! @stevemila @mimidjon @only44you @RedRevolution и многу други храбри мамички! :hug::l:
     
    На Prolett, bela.m, princess5 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. stevemila

    stevemila Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    5.061
    Допаѓања:
    37.747
    Пол:
    Женски
    Pozdrav od mene i moeto sonce Daria.5To uspesno ivf.Kaj Dr Trajkovski(prvo po red tamu).Kratok protokol a prethodno napraven skrecing.Pocnav so ivf mnogu mlada.Se omaziv na 20.Zabremeniv posle pola god,no se zavrsi so sponta.Posle toa nemzoev da zabremenam.Nemavme do posleden moment nikakov problem koj ukazuvase na sterilitet.Pocnav najprvo vo Plodnost.Ispituvanja,inseminacii.Proodnost na kanali,laparaskopija.Se i sesto.Kaj nego 3 neuspesni ivf.Posle toa kaj Petanovski,pak neuspesno Napraveni genetski,imunoloski i transfuzioloski ispituvanja.Izleze mutiran gen,i visok insulin.Posledno,5to ivf kaj Dr Trajkovski New Born uspesno.10godisna borba zavrsi kaj nas so ubavo.Vo kratki crti toa e mojata prikazna.Se porodiv pred vreme,vo 34ta nedela.Bebe 2nedeli na intenzivna a jas doma.Preteski momenti,Gospod ni davase sila i izdrzavme.Sega se galime doma.
    Vi posakuvam sreka na site.Bidete uporni
     
    На Prolett, bela.m, Anexy и 50 други им се допаѓа ова.
  7. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    3.199
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, сегашни и идни :)

    Јас имав прво и успешно ИВФ во Ремедика, после 6 години активни обиди за бебе, а во меѓувреме конизација, па чекање за продолжување на обидите цела една година, потоа ХСГ, еден непрооден канал, следуваше хистеро-лапароскопија каде беше востановена и мала преграда на матката и отстранета, исто така и ендометриоза која не ми беше отстранета поради тоа што како што се изјасни докторот, можело да го изгубам јајникот, па беше оставено така, за да остане како шанса за забременување.

    Четири месеци после хистеро-лапароскопијата останав природно бремена, за жал заврши неуспешно таа бременост, но ние бевме среќни што барем знаевме (мислевме) дека сме го решиле проблемот, па дека кај и да е ќе се случи повторно бременост, но за жал помина уште една ипол година во празни обиди.

    Се решивме да почнеме да собираме документи за ИВФ, но докторот ни препорача пред да почнеме со инсеминации, да направам повторно ХСГ за секој случај, бидејќи од минатото поминало долго време, каде што овојпат се констатираше запушување на двата канали, среќа во несреќа беше тоа дека ваквата состојба ми даде шанса барем да бидам ослободена од правење инсеминации, што значеше дека брзо ќе ги собереме документите, па за два месеци ги собравме сите потребни документи и го добивме ваучерот за ИВФ.

    Почнав со краток протокол, иако докторите не охрабруваа и тешеа дека потребна е само една јајцеклетка за успех, јас бев комплетно разочарана кога докторот ми соопшти дека гледа само две поголеми фоликули и една помала, и тоа замислете, на јајникот со ендометриозата, а на здравиот ниту една фоликула. Разочарана и во паника, но полна со надеж и верба во докторите отидов на пункција, извадија три јајцеклетки, тоа деноноќие со маж ми бевме ни на небо ни на земја, толку многу се плашевме дека тоа е мала бројка и дека овде приказната со нашето прво ИВФ завршува, кога утредента ми се јавија од лабораторијата за да ми кажат дека две јајцеклетки се оплодиле, бевме пресреќни и буквално плачевме од радост, дури сега додека го пишувам ова солзи ми течат и ми трепери целото тело, како повторно да ги доживувам истите емоции, а и се надевам дека ќе ги доживеам барем уште еднаш во животот :)

    Чекањето во врметраење од две недели до тестот за бременост за мене беше ми се чини најтешкиот период, и физички и емотивно, не можевме да издржиме и ден порано направив тест во домашни услови, маж ми избега во друга соба кутриот, си барше работа само да не биде присутен ако треба да ми го види разочараното лице, кога ја видов втората линија безгласно почнав да викам по маж ми, од толкава радост и возбуда гласот не ми излегуваше, како кога човек се обидува да вика во сон а гласот никако да излезе. Кога маж ми го виде тестот, јас прв пат го видов да плаче како мало дете, на глас, се гушкавме и плачевме, се тресевме од возбуда, не знаевме дали смееме да се радуваме сеуште, дали е вистина тоа што го гледаме.

    После две недели следеше првото ехо, тогаш за прв пат го слушнавме срценцето на нашето бебе, нашата најголема радост, нашата храна, воздух, вода, сонце, нашиот живот, кој денес ни се смее секое утро и ни го прави секој ден бескрајно радосен и незаборавен.

    На крајот сите доживеани маки паѓаат во заборав, како никогаш да не се случувале, како да било само еден мал ноќен кошмар, а ние сме се разбудиле во најтоплата прегратка на животот.

    Поздрав од моето мало-големо вистинско семејство, јас, мојот сопруг, нашиот син и нашите две мали кученца :l:
     
    Последна измена: 23 март 2018
    На Srcka28, Prolett, Мамијами и 60 други им се допаѓа ова.
  8. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.466
    Допаѓања:
    4.268
    Пол:
    Женски
    Ме разнежнивте до приказните.Само да ве замолам да пишувате и што после трансферот.Колку лежевте што јадевте.....Знам се е индивидуално и немора да значи ако една лежела/нележела,па успеала,дека и друга ке успее ако орави така,но си правам некоја "статистика" :)
     
    На Prolett, Dreams11, Martka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. stevemila

    stevemila Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    5.061
    Допаѓања:
    37.747
    Пол:
    Женски
    Jas pisav samo vo kratki crti.Malata mi bese vo race.Posle transfer lezev 3dena postojano.Samo do wc ili kujna.Posle pocnav do terasa,pa kaj majka mi.Izlegovme vo restorant na Sveti Valentin.Jadev se so mi se jadese.Poveke proteini,ovosje i zelencuk.Ovoj pat bev opustena i ne mislev Duri ne go napraviv testot na denot koga trebase.Gospod sakal,ete uspeavme.
     
    На Prolett, Baby^, Meckicja и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    23.587
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да се олеснам јас имав прво инвитро и успешно ради изваден пола јајник и јајоводи заради многу јака инфекција ,примав многу инекци и пред третман и после ама се исплани никогаш не ни помислив дека ова ќе ми се случи ама битно жива останав и си го имам синчето.
    Ми извадија 10 јајце клетки 2 ми вратија а 3 замрзнавме
     
    На Prolett, bela.m, tina2018 и 13 други им се допаѓа ова.
  11. pepapa

    pepapa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    892
    Нашата борба траеше 4 ипол години, почнавме со испитувања најпрво кај мене, се беше ок, потоа и мм се испитуваше и испадна дека има слаб спермограм,олигозооспермија.Почна со пиење витамини и суплементи ама немаше некое подобрување и решивме да правиме инсеминација која беше не успешена. Направиме уште две кои исто беа неуспешни и почнавме со собирање на документи за ваучер. Ни одобрија и направиме прво ин витро во Њу борн кај др.Трајковски кое беше успешно, извадија 16 јк од кои се оплодија 9 а 7 беа со одличен квалитет и 2 ми вратија а 5 замрзнавме.После трансфер мирував само три дена и тоа и тие денови не лежев постојано а после 7-от ден и тргнав на работа
     
    На bela.m, tina2018, Meckicja и 15 други им се допаѓа ова.
  12. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Нашата борба започна пред повеќе од 5 години. Во брак сум скоро седум години. Првата година лабаво без оптеретување се обидувавме. Веќе после една година започна борбата. Почнавме со стандард испитувањата. Сите резултати беа во ред, освен ако добро се секавам имавме кламидија која ја решивме со антибиотик брзо. Бидејќи немаше индикации прво матичниот се обиде да не води. Циклуси со фоликулометрии, стимулации со кломифен, стимулации со фостимони. Но никако не биднуваше. Никако да видиме позитивен тест и дојде време за да се обратиме на специјалист. Почнавме со инсеминации. Прва неуспешна, исто така и втората и третата. После третата веќе подадовме документи за ивф па ако не врате ќе правевме четврта. Ама ни одобрија и четврта воопшто не бидна. Прво ивф неуспешно. 12 добри фоликули, пунктирани 9 ј.к, оплодени едвај 3, на ден на трансфер само два беа останати и двата ми беа вратени на втор ден. Оплодувањето беше комбинирано регулар и икси метода. Резултат неуспешен. На денот кога требаше, направив тест и два часа подоцна си добив циклус. Од терапија имав естрофем, крионин. Ги одлежав двете недели и внимавав на исхраната да е повеќе протеинска.
    После повеќе од година второ ивф. Во меѓувреме бев на терапија со бромергон за снижување на пролактинот(ми беше на горна граница), и малку го променив режимот на исхрана. Месеците пред ова ивф бев физички поактивна, повеќе се посветив на себе, на дружби и позитивни работи. На ова ивф не се сеќавам колку ј.к. имав, пунктирани 12, оплодени 8, 2 вратени на трет ден, 6 замрзнати ембриони. Сите беа оплодувани со икси. Резултат - успешно. Терапија, естрофем, утрогестан, аспирин, прогестерон депо. Лежев само првите 3 дена(полулежечки и се занимавав со серии), после тоа почнав да прошерувам колку што дозволуваше времето, дека среде зима.

    Посакувам сите што поскоро да ја раскажете вашата успешна приказна.
     
    На bela.m, tina2018, јolene и 28 други им се допаѓа ова.
  13. saramila09

    saramila09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2017
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    3.634
    Пол:
    Женски
    Со среќа мила!! Каде правеше ифв?
     
  14. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Благодарам, јас сум веќе породена и имам прекрасно синче. Инаку второт ивф го правев во њуборн, кај Владимир Трајковски.
     
    На Anexy, bella.gk, Espadrila и 6 други им се допаѓа ова.
  15. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    6.040
    Допаѓања:
    62.331
    Пол:
    Женски
    Да пишам и јас, не дека не сум пишала, ама ете да ме има во темава :D

    Од првиот ден кога решивме да имаме бебе знаевме дека сме за инф, па ни ден не се мачевме со обиди и трошевме пари на тестови.

    Причина: тежок машки фактор, помината операција на отстранување малиген карцином, кој беше и метастазиран, па поради тоа минати беа 4ри циклуси на хемотерапија. Сперма пред хемо банкирана.

    Прво инф август/2013та година, во Систина кај Слободан Лазаревски, третирана од 22ри ден на циклус со Супрефакт и од трет ден по циклус со Фостимон, оплодување со банкиран материјал, извадени 16јк, оплодени 6, вратени на 3ти ден.
    Терапија по трансвер: Кринон, Фемибион, Аспирин, Декортин.
    На храна речиси и не внимавав, но знам многу јадев пилешки супи домашно подготвени, ако добро се сеќавам тоа ми беше доручек/ручек/вечера. Прженици јас не ни јадам, виршли, паштети, салами, леб исто, па не верувам ниту тогаш да сум јадела.
    Лежев првите 3дена, раздвижување само до кујна, вц и назад, знам се истуширав за прв пат 3от ден. Спиев секако, но најмногу на грб и со поткренати нозе. Но по 7от ден бев доста активна татко ми заврши во болница, а никој не знаеше за инф, па одење, враќање секој ден натака, навака, качување три спрата во 8ми Септември за да стигнам до Карил..
    Тест на 16ти ден позитивен..
    Но неуспешно завршена бременост :(

    Добив дијагноза Примарен Антифосфолипиден синдром, што во превод би значело висок степен на згрутчување на крвта (85%). Но сите доктори кои ги прашав, од најразлични области, цврсто стоеа на ставот дека не е проблем во остварување на бременост, но е проблем во задржување.
    Па секое наредно инф примав плус Аспирин 100 и Клексани.

    Второ инф мај/ 2015год., иста Клиника, ист доктор, иста шема, но оплодување со свеж материјал и бев раздвижена дабетер, неуспешно.

    Трето инф септември/2015год., повторно се исто, само не се мрднав од кревет, неуспешно.

    Пред четвртото инф направив ново ХСГ, па хистеро со лапаро (отстранија само циста).
    Септември/2016та година, повторно се исто, не стигнав ни до трансвер, се отиде бестрага :(

    Откако се стабилизирав појдов во Борн на консултација кај Бирол и Тања, констатираа дека инф не треба да биде со свеж материјал поради поминатата хемотерапија.
    Терапија добив уште тогаш: Аспирин, Омегазон, Фемибион, Остеокеар, Вит Ц, Витамин Д, Мака.
    Цели 3 месеци ја пиев оваа терапија, 4от ја исфрлив Маката и Вит Д.

    Петто инф март/2017та година.
    Правев најпрвин скречинг.
    Потоа пиев Циклопрогинова.
    Оваа постапка беше почната со краток протокол.
    Штом добив прекинав со Аспирин 100.
    Терапија добив од втор ден на циклус, третирана бев со Бемфола, Гонал Ф и Менопур.
    Секој втор ден бев следена на ехо и испитуваа хормони.
    Пунктирани беа 11јк од кои 7 се оплодија.
    24часа по пункцијата почнав да се боцкам со Клексан и Протулекс.
    Трансвер на 5ти ден.
    Терапија плус од онаа погоре беше Бускопан, Декортин, Кринон и Протулекс заменет со Прогестерон депо.
    На 3ти ден по трансвер примив Декапептил (некој инаков од оној ,,обичниот,, така разбрав и ми кажаа, немам појма каков е) за подобра имплантација.

    Околу исхраната воопшто не внимавав, овој пат бев дури и неодговорна, дента првин јадев бурек, па за ручек шарска плескавица.. Апетит никаков, кога ќе ми се пријадеше тоа најчесто беа глупости, претежно оброкот ми беше со сила изедено некое овошје и чаша јогурт, организмот ми бараше многу течности, ама премногу течности, па чаеви, компоти, сокови кој знае колку пиев, да не претерам ама по +5л течност сум била сигурно..
    Кафе не пиев воопшто.

    Симптоми за бременост добив 2от ден по трансвер, гадење, вртоглавици, подуен стомак, нелагодност, отежнато/забрзано дишење, па претпоставувате добив блага хиперстимулација, симптоми на бременост тогаш е невозможно да има. Менструални болки, штрекање во јајници имав чат пат цело време, гради болни, отечени немав воопшто. А да и лицево ми се исфрли ептен. И секако она секој пат, а одам во вц ми е хорор и се мислам дека ,,тетка,, ќе ја видам на хартија, во шоља, па и чувство дека се нешто тече, беше пропратено за цело време..

    Дома како дојдов, од кревет не ми се стануваше, кран не ме помераше, мислам дека ни до тераса не стигнав. Се туширав секој ден, но глава измив за прв пат 3от вечерта, лежев секако, на сите страни, само не на стомак, нозе да поткренам на перница не ставив никогаш, така да се изналежив цели 6дена, 7от мораше да станам и да одам да проверам димери. 9от ден бев на роденден во друг град, каде дома имаше спремања со пеглање на коса, шминкање, се по ред. 10от ден правев тест каде покажа бременост..

    Успешно завршена бременост, моментално до мене имам 4 месечно синче :l:
     
    На ***Troja, Someday, Anexy и 51 други им се допаѓа ова.
  16. saramila09

    saramila09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2017
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    3.634
    Пол:
    Женски
    Здраво Нашата борба траеше 6 години, почнавме со испитувања најпрво кај мене, испадна дека имам преграда на матка плус полицистични јајници нередовна менструација мораше да се направи операција и така 4 пати по ред се оперирав потоа и мм се испитуваше и испадна дека е све во ред по толку години обидување за бебе решивме да правиме инсеминација која беше не успешена. После тоа не правевме бидејки не реагирав на лекови заради полицистичните јајници докторот ни предложи ифв.. почнавме со собирање на документи за ваучер. Ни одобрија и направиме прво ин витро во систина кај др.поповиќ неуспешно, потоа направив мала пауза следеше 4та операција ме оперираше др.Ивановски преграда на матката имав пак .. правевме пауза 1 месец потоа почнавме најпрвин со микрогинон па супрефакт накрај пурегон и така 12 дена бев стимулирана
    Извадени беа 14јк оплодени 7.. Две беа вратени а 5 замрзнавме.. за лежење скоро до тестот лежев ама не така строго си готвев ,садови си миев па пак во кревет ќе лежев така 12 дена па имав малку кафено направив тест на 12 ден и позитивен бледа линија се виде потоа сабајле потврдив преку крв бета позитивна терапијата беше: естрофем. Декортин.премама.витамин д.метформин.кринон гел.прогестерон депо .овунорм.и еве тераме 7 ма недела благодарение на Др.МИТКО ИВАНОВСКИ (систина )
     
    На bela.m, bella.gk, tina2018 и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Andra

    Andra Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2019
    Пораки:
    1.137
    Допаѓања:
    1.650
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.Одамна нема никој пишано.Борбата со неплодност траеше 5 години.Сите испитувања на почетокот беа ок освен низок прогестерон.Една година изгубивме кај матичниот гинеколог.Потоа отидов кај Дракулевски во Систина.Правев хсг излезе дека сум со еден јајник.Десниот бе постои.Како што некој се раѓа со еден бубрег јас сум се родила со еден јајник.Правев 3 инсеминации безуспешни.За ин витро отидов кај мојот спасител Др.Митко Ивановски.Почнавме со долг протокол април 2017.Примив многу хормонски инекции последните 3 дена три пати по 5 фостимони.Јајце клетки одвај 3 со никаков клалитет.Др.Митко рече од ова ништо не бива.Направи трансфер 3 ден .За чудо останав бремена но заврши со мисед аборт во 11.недела.Телото не го исфрли па правев киретажа.Ме прати на трансфузиологија и излезе дека Д димерите ми се високи,проблем со коагулација и ризик за тромбоза.Ми даде терапија метул фолат,аспирин 100,витамин Д 2000мг.омега 1000мг и Б комплекс и Б12.Сето ова го пиев,јадев протеинска исхрана и секој ден вежвав по 30 мин без напор да стимулирам создеавање на јајце клетки.Второто ин витро се случи во март 2018.Примав само фостимон и супрефакт.Имав 10 јајце клетки кој 8 ембриони и на 21.март на 5 ден ми внесоа 2 а 6 ги замрзнавме.За 14 дена јас бев бремена со близначиња машко и женско кој се родија во ноември.Бременоста ја прележав и се породив во 35 недела.Терапија во бременост:Клексани 40мг 2 на ден,Естрофем 2мг 3 х 1,премана дуо 1 х 1,прогестерон секој 3 ден до 8 месец,кринон гел 1 х1 до 6 месец.
     
    На It's baby time, MMA, bela.m и 18 други им се допаѓа ова.
  18. MMA

    MMA Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2019
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Prv obid za IVF!
    Doktor Gligor Dimitrov - Remedika.
    Zamrznavme 3 embrioncinja, 2+1 vo blastocista pred 3 godini.
    Transfer na zamrznati embrioni 2 (eden ran blastocist i eden blastocist). Uspesen - edinecna bremenost. Eve ne bremeni 19+2, si ritkame, si plivame vnatre ❤️
    Gospod site da Ve daruva so ovaa radost❤️
     
    На L*G, Coco31, Kaetana и 15 други им се допаѓа ова.