На Сител започна нова серија. Има 34 турски епизоди. Се работи за 8 годишно девојче, Ојќу кое останува сама откако е напуштена од страна на нејзината тетка. И остава писмо во кое пишува дека има татко кој ќе се грижи за неа и и остава негова адреса. Во меѓувреме Демир, нејзиниот татко е притворен, затечен од ситуацијата не ја прифаќа, но за да не го притворат кажува дека има мала ќерка за која треба да се грижи, па така го пуштаат на условна. Така и двајцата зависат еден од друг.
Интересна е серијата. Глумата е одлична на малечката Ојку. Ама зошто мораше малечката да има тешко генетско заболување . Многу жално.
Се разочарав со болеста, арно шо кажа, а мислев да ја загледам преку теветека од почеток. Не ми се гледаат тажни нешта сега кога ионака сме сите утепани од сите страни...
Демир не го отвори резултатот го фрли, и рече на Ојќу дека без разлика на се таа е негова ќерка. Сега Џемал правеше испадна негова ќерка дека е.
Демир кога правеше ДНК, го фрли тестот, затоа што ја засака Ојќу, без разлика дали е негова биолошка ќерка. Потоа Џемал направи ДНК и излезе дека Ојќу е негова ќерка.