Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моја диета

Дискусија во 'Диети' започната од stojanovskata, 17 август 2012.

  1. tiph24

    tiph24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2014
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    177
    незнаев каде да прашам па ајде овде.
    1.Јаткасти плодови:сончоглед,кикиритки,бадеми,лешници..дали се многу калорични или може да се јадат?
    2.Одам на школо,мама вика ти треба енергија и затоа јади нормално..дали за во школо е добро кроасан,бејк ролс или сендвич(интегрално лебче,некаква салама и кашкавал)?
    3.Оние интегрални грисини,дали стварно не се многу калорични?Зошто слушам баш тие дебелееле.
    4.Имам читано дека можело да се јадат пуканки,не биле многу калорични и заситувале.Стварно?хаха :D
    5.Дали навечер е добро да се јаде млеко со чоколадни корнфлекс или млеко со бисквити?

    И малку off topic,дали се доволни 15 мин секој ден на орбитрек?

    Неможев да барам посебни теми за сите овие,мислам не замерувате зошто прашав овде хаха
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.898
    Пол:
    Женски
    Се ова ако го правиш не се чуди зошто не слабееш.
    1. Максималната дозволена количина е 60 грама, ама не од се по 60 грама, туку вкупно толку.
    2. Кроасан, бекролс и сендвич со салама, никако, се тоа дебелее итекако многу, празни масти и јаглехидрати. Сендвич со интегрално лепче и сирење, салата или кашкавалче и салата, свежа нормално.
    3. Дебелеат и тоа многу, полни се со масти. Не ти требаат вакви глупоштини.
    4. Е пуканките, е тоа ти е добра работа, ама без многу масло и сол, со минимум масло и минимум сол.
    5. Чоколадо и млеко, навечер, НЕ. Подобро земи си обичен корнфлекс кој нема шеќер, не дека е нешто поздрав ама бар нема да се залажуваш. Најдобра опција ти е мусли.
     
    На Marossa и tiph24 им се допаѓа ова.
  3. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Диета со повеќе оброци -Моја диета-

    Епа вака си направив јас диета па чекам да дојде Понеделник да ја започнам :)
    Што мислите за диетата дали би имало ефект ??

    Од ПРВИОТ до ШЕСТИОТ ден се јаде за појадок овесни снегулки 1ипол лажица со јогурт и 2 јаболка


    (започнувам да пишувам со ужина затоа што погоре наведов што треба да се јаде за појадок првите 6 дена)

    Ден 1

    Ужина
    1 шолја чај + 2 парчиња двопек

    Ручек
    2 средни парчиња пилешки стек со салата

    Ужина
    1 јаболко + 1 чаша млеко или јогурт

    Вечера
    Салата + 1 чаша јогурт

    Ден 2

    Ужина
    Кафе или чај 1 шолја +1 овошје

    Ручек
    Варен ориз + салата

    Ужина
    2 парчиња двопек + чаша млеко

    Вечера
    Салата + 1 варено јајце

    Ден 3

    Ужина
    Чаша овошен сок + 2 парчиња двопек

    Ручек
    2 парчиња печена риба или 1 риба конзерва + салата

    Ужина
    Овошје + млеко 1чаша

    Вечера
    Салата + 1 средно сечено парче сирење

    Ден 4

    Ужина
    1 чаша млеко + 2 овошки

    Ричек
    Супа + 2 варени јајца + 2 кисели краставички или 1 обична краставица средна големина

    Ужина
    Млеко 1 чаша + 4 коцки кујнско чоколадо

    Вечера
    Салата + 1 парче двопек

    Ден 5

    Ужина
    1 чаша овошен сок + 2 парчиња двопек

    Ручек
    Варена соја

    Ужина
    1 чаша јогурт + 2 зеленчуци

    Вечера
    Салата + 2 Виршли

    Ден 6

    Ужина
    1 чаша млеко + 2 овошки

    Ручек
    2 мали пилешки копани + салата

    Ужина
    1 чаша сок + 4 коцки кујнско чоколадо

    Вечера
    Салата + 2 чаши јогурт

    Ден 7
    Овој ден го ставив по сопсвен избор што сакате но сепак да се внимава !

    Ден 8

    Појадок
    1 чаша јогурт + 1 овошје + 1 витанова

    Ужина
    Супа

    Ручек
    Тестенини со кечап

    Ужина
    1 шолја чај + 1 овошје

    Вечера
    Туна

    Ден 9

    Појадок
    2 Овошки + 1 чаша млеко

    Ужина
    2 парчиња двопек + 1 шолја чај

    Ручек
    Што сакате помеѓу Грав,Грашок,Боранија,Компир или Леќа..... + Салата

    Ужина
    Суво овошје

    Вечера
    2 парчиња двопек + 2 зеленчуци

    Ден 10

    Појадок
    2 шолји чај или кафе + 1 јаболка

    Ужина
    2 зеленчуци + 1 чаша јогурт

    Ручек
    Печено месо 2 средни парчиња (освен свниско) + салата

    Ужина
    2 чаши млеко + 2 овошки

    Вечера
    сок од овошје + мусли

    Ден 11

    Појадок
    2 шолји чај или кафе + парче леб

    Ужина
    Супа

    Ручек
    3 варени јајца + салата

    Ужина
    2 овошки

    Вечера
    Млеко + мусли

    Ден 12

    Појадок
    Исто како првите 6 дена (овесни снегулки јогурт и 2 јаболки)

    Ужина
    Чаша овошен сок и 2 парчиња двопек

    Ручек
    Варен ориз со салата

    Ужина
    Чај + зеленчуци 2

    Вечера
    Салата +јогурт


    Ден 13

    Појадок
    1 чаша јогурт + 1 овошје + 1 витанова

    Ужина
    2 парчиња двопек со мармалад , мед или џем

    Ручек
    Тестенини со сирење

    Ужина
    Чај + 2 овошки

    Вечера
    Салата + 1 чаша млеко

    И ако се има потреба за уште се прави пауза од 1 недела и повторно се започнува од 1 ден.
    Во текот на диетата треба да се пие многу вода.
     
  4. unamiedelabc

    unamiedelabc Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Ваше мислење за мојата диета?

    Па бидејќи решив да ослабам 10кг(веќе изгубив 10кг. од Јануари(поради здраствени причини), па самата си составив диета според тоа кога јадам.
    Појадок(станувам околу 6)- јаболко, не можам многу да јадам од кога ќе станам
    Прва ужина(голем одмор на училиште)- ѓевреќ со јогурт(наместо чипс, смоки и сл.)
    Ручек(кога ќе се вратам околу 14:00)- стек/риба/ракчиња(секој ден различно)
    Втора ужина(18:00)- пак јаболко
    Вечера(зависи кога сум дома)- салата од зелка/шопска салата.
    Си правам стомачни, чучнувања, planking и сл. Не смеам да спортувам или вежбам заради поранешна повреда. Од Јуни планирам пак да си почнам на пилатес(е тоа смеам :D )
    Ваше мислење, феминки? :$
     
  5. g.i.r.l.y

    g.i.r.l.y Нов член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Јади малку повеќе.Ако сакаш можеш и интегрални житарки да пробаш(овес, 'рж и слично) и за појадокот јади повеќе протеини најдобро јајца(ќе те држи сита подолго време). Јас ослабев 12кг и немав јо-јо ефект. Не држев диета туку само вежбав и јадев да бидам сита, :!: но јадев поздрава храна без пржено и без свинско месо, а јадев чоколадо. ама црно ;)
     
  6. ciganka

    ciganka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    12
  7. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Има посебна тема за данската диета.
     
  8. pink.punk

    pink.punk Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Диета со повеќе оброци -Моја диета-

    па вака. како прво добро познат факте дека треба да се јаде по повее паит, но по помалку количина.. :) заоа диетава е супер.. јас не се фрлам на диети туку на вежби бидејки само јади и седи пред телевизор небива.. :D :D
    позз
     
  9. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.994
    Допаѓања:
    33.691
    Пол:
    Женски
    Девојки, незнаев каде да напишам, па решив тука. Ако е грешно, модераторите си ја знаат работата.
    Што мислете за оваа диета? Се намалува 1 сантиметар дневно?

    http://grid.mk/read/news/508509753/8468 ... polovinata
     
  10. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Здраво! Овде повеќе ќе ви објаснам за мојот режим на исхрана. Сличен е со Хроно Исхраната, ама не е ХИ, зашто во мојот режим е дозволено и благото млеко и јогуртот и овошјето и благите работи. За појадок можете слободно да се мешаат јаглехидрати, масти и протеини. Никако за појадок благо. За ручек манџи, печени меса, риба, варен зеленчук или печени компири или ориз тава со салата. За ужина помеѓу ручекот и вечерата дозволени се благото и овошјето. За вечера протеини со зеленчук, а можете и да не ги мешате, а ако не сте гладни прескокнете ја вечерата. Никако не мешајте млеко и месо, јајца и месо или риба со млеко или јајца. За побрз ефект бидете физички активни и никако немојте да јадете по 20 часот. Се надевам ви се допаѓа, а го имав напишано и во темата " Морална поддршка за сите што сакаат да ослабат".

    И да објаснам зошто овошје и благо не се за наутро.Тие ќе ти дадат енергија,ама таа енергија брзо се губи.И пишувајте си слободно што појадувавте,ручавте,ужинавте или вечеравте и колку дена сте на режимот.Поздравче:):*
     
  11. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш уште повеке да ослабиш благото замени го со овошје а соленото чипсовите и др со бадеми индиски оревчиња ...