1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моја сакана личност се претвори во геј!

Дискусија во 'Канта' започната од OzzyAngel, 5 август 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Мој роднина, најдобар другар, исповедник, штитеник, поткрепа... Личност што секогаш и секаде успева да ме насмее слатко! Како помал беше луд по девојките, секогаш имаше некоја покрај него... Се до неговата 19 година. Тогаш сфатил дека му се допаѓаат и машките, а сеуште имаше девојка, по некое време раскина со неа и почнал да излегува со машки, му било убаво, поинаку и се осеќал среќно! далеку е од мене, го гледам еднаш или два пати годишно, но премногу се сакаме, не можев да му судам, сакам да е среќен, мислев ќе му мине... Но тој продолжува, сега е малку поинаков, мисли само за себе! Кон мене не е многу сменет, сепак ме сака премногу, не ме одбил за ништо! Се плашам за него, каква иднина ќе има?? на почетокот кога сеуште беше збунет, се обидов да го тргнам, да му укажам дека така нема никој да го прифати од семејството, рече дека било минливо, но кога се врати дома се повеќе се задлабочи во НИВ! Што да правам?? сега веќе не можам ни да му речам дека тоа е неправилно, вели дека тоа е нормално! :( :tmi: :worried: :x
     
  2. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    129
    Мислам дека што и да му кажеш нема да го промениш неговото сексуално определување. Ако тој се осеќа геј, тогаш и тоа навистина е. Не може цел свој живот да го помине во криење. Утре и ако се ожени само за да не го осудуваат другите, ќе се доведе себе си во ситуација да го повреди семејството, а секако и себе си. Не може да избега од тоа што е.

    Велиш дека многу сте блиски и многу го сакаш а и тој тебе, тогаш убаво би било од некој толку близок да наиде на поддршка, наместо на осуда (на тоа ќе наиде многу во општество како нашево) затоа што кога семејството ќе дознае сигурно ќе му треба некој кој искрено го цени и сака што ќе биде покрај него.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Јас не го осудувам, само се грижам за него! од мене ја има цела подршка, со него зборувам како да е сето тоа нормално, го прашувам како му е, со кој е, дали партнерот му е згоден... Како може толку згодни машки да се хомосексуалци?? :lol: :fubar:
     
  4. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    129
    Епа како викаат сите згодни и добри машки се или зафатени или геј. :lol: Овој твојот е од вторите. :)
    Немам ништо против геј машките, ама за сингл девојките (јас моментално сум во таа категорија :) ) се стеснува изборот. :lol: Се зезам. :)

    А инаку, таков коментар ти напишав поради ова:
    Се извинувам што погрешно сум разбрала. :) Во секој случај другар ти е среќен што покрај него има некој таков близок што го разбира.
    поззз
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.