да! имам голема тајна .... ќе бидам толку себична и нема да ја споделам со вас сепак тајна е цури нема лутиш
Сите си имаме по некоја тајна. Имам неколку тајни,но со ниту една не се гордеам особено со последнава тајна-проблем Се надевам дека наскоро ќе се реши и малку ќе ми олесни на душичкава
Имам да 1 голема и страшна тајна...аххх се работи за не би била тајна ако ја кажам...се работи за љубовен триаголник...dangerous
Ако е моја тајна тогаш подразбирам дека треба и да остане..Сигурно еден да знае веќе исто ко сите да знаат...нека остане нешто за самите себе
Имам некои 2/3 тајни кои никој, ама баш никој не ги знае и се надевам дека нема ни да ги дознае. За едната си реков до смрт ќе си ја чувам, ама пак може и на моето детенце, кога ќе го имам, да му ја кажам, но сепак ништо не се знае. Едната уште од дамна и ја открив на мамичка. Редно беше и плус на жената не и беше јасно што се случува се чудеше подолго време.
паа јас да ви кажам немам тајна скриена ... не се срамам од моите постапки .. постојат две личности кои знаат се се се буквално се ... знам да чувам тајна од друг и сепак пазам што на кој кажувам од мојот живот.. инаку нормално дека има некои работи за кои се кааам ... еве и сега се каам за нешто ама тоа е животот
да , имам тајна ! можеби е грев...можеби не...кој како гледа на работите, но премногу е опасно и мора да се држи во тајност !
Ех! Тајни и само тајни! Ние шкорпиите на никого не веруваме,така да се си чуваме за себе... Подобро нека ме мислат дека поима си немам,отколку да знаат се за мене....
Мојата тајна е SECRET хехе се шегувам јас имам многу тајни, највќе ги знае сестра ми и најблиската другарка... Имам и една страшна тајна, таа е само моја и на никого нема да ја кажам сега велам дека никогаш ама не се знае тоа п.с. тајна што ја знаат двајца не е тајна!
Имам тајни имам нешта што ги чувам само во себе и не би ги кажала на никој.. Некои нешта што се мои се само мои и имам право да ги знам само јас.. Како стареам учам да бидам се повнимателна, да ги држам нештата во себе а со оваа доблест неможев да се пофалам порано бидејќи се што ми се случуваше леташе на сите страни мислејќи дека сите се добри. Но повеќе не е така. Сега нештата ги држам во себе многу повеќе, многу сум попретпазлива и моите тајни остануваат само во мојата душа..
Велат тајна не е тајна ао ја знаат двајца, но со другарка имаме случка што си ја чуваме само за нас, па енаша тајна. Имам тајна само со мајка ми,со дечко ми, сестра ми. Значи имам тајни што ги делам, што не засегаат двајцата. Но, имам и само моја тајна, тајна што никој не ја знае, зошто се однесува само на мене, не е засегнат никој друг. Па, затоа нема потреба никој друг да знае.
Па немам некоја вау тајна. И тоа што за мене е ,,тајна‘‘ мора да го знаат две личности, па и не е тајна. Глупости. Немам, а и таква сум, ретко се доверувам некому, па и да имам, ќе си ја чувам за себе, само за себе. Најчесто, знам да бидам чувар на туѓи тајни, па често знам да чувствувам грижа на совеста, сепак, тајна е, не смеам да кажувам. А и ми претставува еден вид на товар, затоа...не сакам да знам туѓи тајни, ниту пак да имам.
Па не сум некој тип на човек да чува долго во себе нешто. Сакам да споделувам со другите... Посебна голема тајна, што ја чувам во себе ,немам! А можеби и имам, ама тоа го сметам како дел од мојата приватност т.е. интима, па не е некоја тајна што не сакам да ја споделам. А тајни, знам да чувам. Во тоа сум истренирана.
Имам тајни кои си ги знам и чувам и многу сум добра во тоа .Исто знам и нечии тајни да чувам ееее ....
O, па прашањето е дали е една тајна?! Ги има многу, врежани само во мојава глава и никој не ги знае. Па нели ако тајната ја кажеш да некој, тогаш и не е тајна. Затоа јас си ги чувам на сигурно, тешко мене ако еден дознае.