Тајни? А постои ли човек што не крие барем една тајна? Мислам не! Имам тајни, можеби некогаш ќе ги споделам со маж ми но ќе видиме
Тајна? Имам, и повеќе од една. Да чувам не знам. Односно знам доколку одлучам дека сакам да ја чувам. Потребно ми е да посакам и одма како робот нема ни да помислам на тоа уште еднаш. Ама додека посакам...
Мислам дека нема човек на светот кој во себе не носи некоја тајна. *Бидете внимателни со кого ги делите вашите тајни,само на неколку им е грижа, останатите се љубопитни *Не делете ги вашите најголеми тајни со некој,бидејќи ако вие самите не можете да ги сочувате вашите тајни, не очекувајте некој друг да ги чува!
Имам неколку тајни. Сакам да останат такви какви што се, длабоко закопани во мене. Од време на време да ме подјадат црвчињата, да ми го растреперат телото, да ме потсетат. Не сакам никој да го дознае она што јас го кријам. Има некоја за која подобро ќе било да не било така.
Имам, имам... И сум била на граница да ги кажам, ама среќа што сум премолчела, затоа што личностите се покажале во вистинско време какви се Иначе, многу ми е тешко да ги чувам МОИТЕ тајни, секогаш сакам да раскажам некому што и како ми се случило, едноставно сакам да ги споделам со некого среќните и тажните моменти. Па до кога ќе ги чувам, ќе видиме...
колку тајни си чувам во себе, колку пати сум била н граница да кажам, ама сум си преќутела за мое добро.
Што знам,вака сега кога ја видов темава баш размислив.. Имам некои онака,мали ситни,скоро безначајни,али ништо страшно.. Сепак јас го носам во себе клучот за мистеријата за JFK и неговата смрт.. Сериозно,немам некои поголеми тајни. Да,можеби некогаш да си зачувам некое мислење за себеси,али тајна некоја посебно - не. Немам многу што да кријам јас.
Имам тајна ама не ја кажувам. Да, имам тајна,ама никој не знае. Сите имаме тајни и јас имам една многу интересна,ама не ја кажувам. Имам тајна,ама не пишувам на форум. Имам киндер јајце,ама не ви го давам.
Сите имаме тајни И јас имам неколку кои не ги споделувам со никого Иако овде никој не ни го знае вистинското име - сепак Јас не кажувам
Имам тајни што неможам да ги добројам 5151022231 милион тајни што не ги кажувам на никој И да ми дадат 100000 евра не би ги кажала