Секако дека имам-кој нема? И тоа имам неколку, но тие се само мои и никој никогаш нема да знае, на никој не би ги кажала
Како секој човек така и јас имам тајни.Но да се разбереме ако таа “тајна“ ја знаат 3-4 личности, тоа веке не е тајна.Тајна можат да чуваат три личности, од кои двајцата се мртви .
обично моите другарки го знаат сите мои тајни..немам некои тајни кои не би ги кажувала,немам уште дојдено до тоа ниво..иначе тајна од која се срамам(ако може да ја наречам тајна) тоа дека моите не живеат заедно..не се судски разведени,ама ко да се..незнам,многу се срамам..некои блиски другарки приметија,а јас упорно негирав зошто стварно се срамам. :/ еве,може кје ме познае некој ама гајле ми е..(уствари длабоко во себе си викам дајбоже никој да не дознае) али што биде нека биде.
Тајни,тајни,тајни... имам колку сакате.Од секаков вид- Мали и слатки,подлабоки,мизерни,прекрасни,тајни фантазии,површни и тн.Никогаш нема да ги кажам.
Тајна која само јас ја знам нема.. Не знам да чувам тајни но сепак се трудам.. За мене знае се само една другарка, од неа неам тајни..
немој да се срамиш ...неможеш ти против тоа ,така одлучиле тие и нека тераат..бај д веј сигурно имаш многу пријатели шо родителите им се разведени без разлика дали судски или не судски
Дали имате некоја тајна која ја криете од другите и никогаш не сакате тие да дознаат за неа? искрено нема тајна што човек си ја задржал само за себе, таа после не е тајна ако ја кажеш на другите. Дали имате тајна од кој се срамите? нормално. Дали имате тајна за која се каете? да! Спојлер Тајна- кажуваш на секој да не кажува на никој.
Повеќето тајни ги чувам за себе. Ако кажам на некого, може не му е гајле, а може и да му е мило или не. За семејство тајни на никого не кажувам. Споделувам само она што мислам дека е добро да се знае, за училиште, другарки, нешто што сум слушнала.. Прво ми е страв да не ги преоптеретувам, замарам.. Потоа кога ќе размислам си велам, може не ги интересира. А има некои кои кога ќе речеш да им кажеш нешто , ушите им се начучулуваат и се да слушнат.. После, тој на друг, друг на трет, и така станува јавна тајна. " Сите знаат за неа но никој не се осудува да каже "
Да,имам тајна.Само во мене и на неа се постеувам само во себе.Никогаш збор не сум прозборела.Тоа е тајна.
хаххахаха логички да размислеш секој има ваква тајна нема човек што нема и ако некој кажа дека нема лаже.
Имам една и нема сила која би ме натерала да ја кажам на некого.Не е нешто големо,но за мене е многу значајна
Некоја голема тајна сега-засега немам, скоро се си споделувам со другарка ми и досега за овие 14 години дружење ниту еднаш не прозборела ни збор. А онака мали тајнички секој си има
Сеуште сум заљубена во мојата прва љубов.....прва и единствена...и после 12 години сеуште го љубам........ со уште поголем жар и копнеж......навидум сите се убедени дека тоа е завршено пред мноооогу години.....за нив се е заборавено...како воопшто и да не постоело..... милион луѓе со една иста мисла... ---имаш се што може да се има--- НЕЗНАЕЈЌИ ДЕКА ГО НЕМАМ САМО ОНА ШТО НАЈСИЛНО ГО ПОСАКУВАМ................
Имам многу тајни, и мисли а и дела кои немам намера да ги откривам А ако нешто не сакам воопшто да се дознае, мислам се поретко на тоа, за да не паднам во искушение да го кажам... Сепак, ако јас што е за мене не можам да кријам, зашто некој друг кој не го засега лично би молчел?