Велат Everybody has a skeleton in the closet, а јас...јас -I have a whole graveyard! Премногу тајни, некои заборавени и потиснати, запишани во некој енограм во сививе ми закржлавени вијуги, некои сеуште присутни, ме пратат ко сенка, ме јадат, ме растревежуваат, ми прават сопки...Но колку и да се страшни не им се предавам бе, СЕ БОРАМ и итам напред, позади мене не гледам!
тој што нема тајни не е жив дефинитивно! Инаку моите тајни се отровни и не би требало ни да помислувам на нив од толку шо се гадни и психички пореметени.
Не постои човек што нема тајна, само не знам која е целта на темава , ако е тајна, не значи дека треба да си ги пишеме тајните овде, тогаш веќе нема да бидат тајни.
Имам тајни Ама според мене јас не би ги кажала, сепак Тоа е тајна Ако ја кажам нема да биде пак тајна..
ммммм тајнаа.. имав 2 големи тајни ама веќе не се тајни само мојата најдобра другарка ги знае,а кога ќе и кажам нешто на неа сметам како да не сум го кажала воопшто тоа...
Си ги кажувате тајните по форуми Или јас повторно не сфаќам зошто е наменета темава... Не, озбилно овде треба некои тајните да си ги кажуваат? Ај клуч и чао пријатно, или некој фин да се најде и да ми објасни. Погоре прочитав една си кажала и косата ми се накоштри. Зарем озбилно почнавте овде да се откривате и да се соголите до коска?
И јас имам тајни, и тоа големи. Не планирам да ги кажам, било кому. Подобро да си ги знам само јас... Добро де, понекогаш ќе ги истрескам во вид на шала, пред некоја другарка и тие не ги сваќаат сериозно, па ги забораваат а мене ми е полесно.....
Да, имам тајна која некаде длабоко во себе ме јаде што неможам да ја кажам никому. Не затоа што јас несакам да ја кажам туку се плашам од нивната реакција. Инаку некој спомна дека немало да биде таја доколку сте ја кажеле на форумо, што е тотална ебулоза. Тајната само доколку е споена со вашиот личе идентитет и ја кажете на некој друг тогапш престанува да биде тајна. Да појаснам, доколку ја кажете овде вашата тајна не значи дека сте ја откриле тајната бидејки ние останатите не го знаеме вашиот личен идентитет. Еве а пример: Јас бев со друга девојка и тоа никој не го знае, тоа е моја мала тајна. Што значи сум ја кажала мојата тајна но тоа не зачи ништо бидејки бар неколку илјади македонки биле со други деојки. Но кога би го знаеле мојот идентитет(име презиме која сум од каде) е тогаш тајната е персонализирана и веке престанува да биде тајна.
Толку. А и јас имам тајни. Добро е што не се опасни, туку повеќе се мечтаења за мојата иднина и по малку се налудничави, ај сега да не кажувам што. И на никој не ги кажувам, ама ќе ги исполнам.
Имам неколку и понекогаш е интересно кога имаш нешто за себе , она си го чуваш во себе и си се смешкаш потајноо
Имам многу тајни, такви сочни ама никој нема да ги дознае Ни во дневник ги немам запишано (а редовно запишувам што ми се случува) од причина што не смеат да се дознаат Најголем дел од тие тајни ми се со дечковци(бивши) и не, не се глупости туку се баш тајни
Има ги многу тајни , све мене ми ги кажуваат , ја имам таа фаца ми рекле понекогаш и јас ги прашувам ,љубоптен сум , ама најчесто е некоја глупа тајна и ќе ми ја кажат, ќе си ја запишам у тетратка и ќе си ја заборавам , али тајните се бог да чува значи , мушкиве еј знаеш спиев со таа ама не кажувај на никој , еј изневерив не кажувај на никој , еј крадев не кажувај на никој , еј тепав не кажувај на никој , девојките еј го изневерив дечко ми не кажувај на никој еј ова не кажувај на никој ...... Ќе си ги запишам во тетратка и ќе ги заборавам до утре(после ако ме прашаат да не биде дека сум ги заборавил )... од што се толку интересни ..... и најчесто кога ќе се дознае сите се во шок ....бог да чува.
Ние се имаме договорено дека тајните си се тајни и имаме договор ако тајната ја викаме топ сикрет, не ја кажуваме, во спротивно, го поставуваме прашањето, „Сакаш да ти кажам една тајна?“. Секогаш одговорот е да. Ете, пробајте.
Секој човек има тајна која ја чува длабоко во себе, не постои човек што нема тајна. Јас обично несакам да чувам нешто во себе и неможам доколку не кажам некому затоа што тоа постојано ќе ме мачи и нема да ми дава мир. Имам тајни но едната од нив нема никогаш да ја кажам до крајот на мојот живот