Ми здосади стариот аватар, сакав да го сменам, и затоа го ставив овој. Инаку го најдов на форумов во темата за аватари, и многу ми се допадна.
Девојка во кимоно и катана. Ми ја испрати едно човече, го потсетувала на мене, необјасниво зошто. Едноставно ми се допаѓа. Во таа фаза сум, кога собирам душевен мир и животна философија, пред да започнам фер борба или веќе ја започнав. Нејсе, да не философирам, ама да и мене ме потсетува на мене, ниту јас не знам зошто. А и вака кога ќе се замислам и Мулан ја сакам многу, може и заради неа ми се допаѓа.
и ја обожам уникатноста и посебноста и ја обожавам реалноста и убавината и ја обожавам како актерка и се пронаоѓам во нејзината АМЕЛИ ПУЛЕН ... Аватар кој најдолго стои на мојот профил !!!
Никогаш немам ставено некоја рандом слика, секој аватар до сега ми бил со некакво значење, кое често и не можам да го објаснам, туку едноставно кога ќе ја видам сликата има нешто во неа во кое ќе се пронајдам и знам дека тоа е тоа. Еве и овој што ми е сега, ми се чини најдолго од сите други, не можам да објаснам зошто го одбрав, но има нешто во девојкава односно самава слика во кое се пронаоѓам и само што ја видов ја употребив како аватар...
Затоа што доаѓа лето па мора и аватарот да ми одговара Барав некоја летна слика и оваа ми изгледаше совршена
Не сум љубител на женцки, менцки, нели, претходно имав една мини Аделче, првата моја женцка со гумата за џвакање и балончето, едно време имав една превртена мачка, таа дебелката и цртаната... глувчиња и ликови од цртани филмови, тоа може кај мене на аватар да се види, во глобала. Го ставив бувчето оти така се топам :geek: кога ме галкаат, овај, гушкаат.
Не си земам за право преку аватарот да давам констатации од типот: „жешка“ - секси мама, туку напротив, дента кога го одбрав овој аватар бев жешка во вистинска смисла на зборот - со температура скоро до 39 степени. Долго време ми стои како аватар затоа што не ми фатило око нешто друго, па да го сменам. А температурата одамна ја нема
Девојка со точки на здолништето, точак, замислен поглед кој дава различни толкувања и тетоважа на десната рака. Слична како што сама си се доживувам, па си реков зошто да не.
оти- се надевам биче срече и у мом животу се пронаоѓам во песните негови Абе, да не се лажеме, човекот е шмеќер и пол, колку жени има свртено во СФРЈ, толку Ферус нема свртено у Немачка Шалата на страна, сум имала и моми, ама што знам, некако не е тоа-тоа, ко да не е мојот профил се осеќам
На сликата сум јас и гордо си ја носам новозалепената етикета. Наводно глумам интелектуалец и поинаков од другите и су бил "ФЕЈК".
Oбично сакам да си ставам слики што соодвествуваат со годишното време, а оваа ми е совршена за пролет. Ја најдов случајно на една страница и премногу ми се допадна. Обожавам flower crowns, а и девојката ми е преубава.