Женственост,преубава девојка! Сликава ме потсетува на пролет,но ми изгледа дека нема многу долго да стои
Денес со најдобрата другарка и кучето на нејзината комшивка се шетавме во парк. Оваа слика е прекрасна.
Слика од Џулија Робертс како проститутката Вивиен во филмот Pretty Woman снимен пред 25 години. Голем фан сум на филмовите од `80 & `90, период во кој беа легендарните актерки како неа. Можеш да ја сакаш или мразиш, но тоа нема да го смени фактот дека новите анемични и патетични актерки како Kristen Stewart никогаш нема да бидат видени во исто светло како филмска икона од калибарот на Julia Roberts. Навлезе во бизнисот во правото време, и на правата возраст. Ја обожавам нејзината незаборавна насмевка. Другата причина за сликава на мојот аватар е затоа што многу луѓе ме споредуваат со Џулија Робертс. Ми имаат кажано дека имаме исто лице и насмевка (е немам баш толкава муцка...) и како појава сум била иста како неа. Јас не верувам дека баш до толку си личиме, да - имаме нешто заедничко, ама знам дека претежно мажите ме лажат и преувеличиваат дека сум слика и прилика на неа само за да ме придобијат полесно, а јас па се правам наудрена дека им верувам, глумам изненадена и поласкана! Еве баш сабајле кога одев по леб и млеко, слушам викаат по мене `Џулија, Џулија`, се препознале луѓето или сум ги фатила нерасонети...