Обожавам да менувам аватари и ја обожавам уникатноста. Не дека нешто многу го сакам цртањето и убаво цртам, туку едноставно овој цртеж ми беше преубав. Ретко кога се случува да сретнам некој аватар и да го ставам. Прво барам, па ќе најдам ќе го декорирам и ќе го ставам. Еве го оригиналот на оваа слика, ја кропнав зашто така повеќе ми се допаѓа. Спојлер Едноставно преубава е. Сакам препознатливи аватари. И се трудам тој аватар што ќе го ставам да го задржам подолго време, за кога некој ќе ме спомне, да се сети на мојот аватар, или обратно, ако некој го види мојот аватар да се сети на мене.
Не можам да ја најдам големата слика, па ќе ја ставам малечкава Ретко менувам аватар, овој конкретно памтам дека го ставив кога имав околу 900 мислења. Не се сеќавам како налетав на сликава, ама ми се допадна, па си ја ставив за аватар. Немам некое посебно објаснување
Сеска еднашка имаше еден пост напишано дека аватарите ги бира според своето расположение, нешто во тој стил и дека и одзема многу време и внимание, исто сосема исто. Не знам зашто ама ете обрнувам внмание на аватарите и време, додека не најдам некој совршен во кој се пронаоѓам не го менувам стариот. Често бирам некоја убава девојка, куклеста или мила. или нешто во моментот, месецот ми е на ум, расположение, желба итн... Така и овој, ме потсетува на пролет, а на мене пролетта често делува меланхолично, секогаш сум замислена, на пат на носење на некоја битна одлука. Цветовите во главата ме асоцираат не само на пролет, туку на нешто нежно, мило и убаво. Дека на крај на денот се ќе биде во ред. И дај боже да биде.
што го видов ми се допадна,кога ја симнав сликава во компјутер ја отворив и на zoom видов дека со девојкава премногу си личиме, скоро исто лице имаме
1.Најпрво затоа што ја обожавам Миника Белучи, која обично е женствена и мистериозна, а на сликава се гледа нејзината весела страна. 2.Општо земено повеќе ми се допаѓаат жени со црни коси(можам на прст да ги избријам плавуши која ми се убави). 3.Сакам црно-бели фотографии 4.Ми личи по малку на мене(ама малку)
Прво, најпрво, затоа што сакам, ма обожавам мачиња Имам исто такво маче како на сликата. И затоа што доаѓа лето. Ми беше супер оваа слика. Затоа ја ставив.
Јас си ја имам ставено веселава бабичка за аватар заради нејзиниот дух!!!! Не се важни годините, изгледот или нешто друго за да се чувствува некој младо и да шири таква енергија. Бабево само покажува дека убавината доаѓа од внатре и дека животот ќе ни биде таков како што ќе си го направиме ние
Секако доаѓа лето, а мачето што ми стоеше досега ми здосади, па се решив за оваа слика, ми беше перфектна.
Мојот аватар всушност дава порака, како е наречена жената согласно должината на здолништето. И П.С. јас не носам минич оти не ми стои, не за друго