Гледам сите ставаат некои дами, убави девојки како аватар, па и јас ќе ставам една убавица... Со брада... И бркови... И големи уши, а издолжена фаца. Го обожавам овој тип на дами. Патем сликава е од фотографката Ана Титова, од Русија. Има и уште многу други прекрасни слики од вакви "дами".
Се надевам дека мојот моментален аватар не ви делува застрашувачки затоа што тоа не ми е воопшто целта. На барање на мнозинството девојки ќе го сменам аватарот не е проблем. Инаку го ставив овој аватар затоа што сметам дека доловува дел од мојот карактер, а тоа е мистичност. Момак мистик, ама и момак романтик.