Спојлер Долго време се двоумев дали да го сменам стариот аватар и го сменив одвај ама можеби ќе си го вратам My boys
Го избрав овој аватар бидејки на некој начин се порнајдов на сликата КОЛКУ И ДА И Е ЦРН ЖИВОТОТ КОЛКУ И ДА И Е ТЕШКО НА ДЕВОЈКАТА ТАА ГЛЕДА КОН СВЕТЛА ИДНИНА
Пред малку најдов 8 прекрасни фотографии во кои веднаш се вљубив! Е сега, проблемот беше - која од нив да биде ВИСТИНСКАТА која ќе го краси мојот профил! Тешки маки си имам и јас. Ама еве, ја ставив оваа на еци пеци пец затоа сите 8 фотографии проклето исто ми се допаѓаа!
Мојов аватар е Sade. Секако, малкумина ја знаат и ја слушаат. Но, јас ја доживувам женава како вистинска убавица, дама, оптимистична, мистериозна, опуштена... Во нејзините песни се пронаоѓам. Толку хармоничен, женствен и смирен глас досега не сум слушнала. Инаку, не се фалам, но, доста слични гласови имаме(уште една причина зошто ја сакам).
Мојот аватар е инспириран од желбата да се отиде некаде на море и да се пие коктел на плажа и да се мисли само на уживанција, да се плива, сонча, секса, јаде, пие и ништо друго.
Овој аватар ме потсеќа на мене,бидејќи имав една ваква слика уште кога бев тинејџерка....кога беше интересно постојано да се сликаш
Јас па го ставив овој најверојатно зашто сакам да имам плава и права коса,иако и едното и другото малце потешко,јес да ми е колку -толку плава,ама не до толку, и исто ради плажата на одмор ме потсеќа
Па овој аватар си го ставив бидејќи ме потсеќа на мене.Имам кафена коса и често ја носам прибрана во пунџа.Незнам се пронаоѓам себе си
Сигурно сум ја избришала, бидејќи не можев да ја најдам Но, ја ставив затоа што е дама, грациозна, а можеби и затоа што е црно-бела па ја прави уште помистериозна и затоа што има нешто во неа што привлекува. Едноставно ми се допадна.
Мојот аватар -бидејки баш овака во реп од страна ми е косата,исти такви наочарите ми се и пораката на сликата ми се допаѓа еве што пишува Спојлер